Љубов и секс

Спиела со 10.000 мажи и го открила ова…

Тврди дека ги познава најдобро.

Австралијанката Гвинет Монтенегро поминала низ разни животни предизвици, кои ја дочекале во текот на студиите на невролингвистичкото програмирање (NLP).

Последните положени испити биле последното убаво нешто на што се сеќава, бидејќи набргу потоа при едно излегување во град некои и ставил дрога во алкохолот и ја силувал.

Тоа оставило голема траума на неа, а последиците се губење на самодовербата, депресија, чувство на помала вредност.

Токму тоа ја турнало во секс-индустријата, во која поминала скоро 20 години, а како изјавува, заработката од 1.000 долари за само еден час и била многу примамлива.

Прво почнала како танчарка па стриптизета, а потоа и секс работничка. Во период од 12 години спиела со повеќе од 10.000 мажи.

Токму затоа и ја напишала книгата „10.000 man and counting” во која се решила на жените да им открие се што научила за нив.

„Мажите претежно не се груби во текот на сексот, само мал број на клиенти сакаа да експериментираат и бара да се поместат границите“.

„Многу од нив сакаа да разговараат со мене, да се исповедаат и да ги откријат своите емоции“.

„Бараа пријател или сакаа да играат некоја игра наместо секс“.

„Многу од нив беа оженети, а сакаа секс за повторно да се чувствуваат “како мажи“.