Љубов и секс

Психолозите објаснуваат: Зошто, вашиот партнер го изговорил името на поранешниот/та за време на секс?

Многу е непријатна целата ситуација кога за време на секс некому ќе „излета“ името на попрашениот партнер.

llll

Сепак психолозите имаат соодветно објаснување за тоа. Џим Фаус, објаснува зошто ова некогаш може да се случи.

– Во состојба на еуфорија, луѓето се сеќаваат на работи кои ги потсетуваат на минатото, нешто што се случило одамна. Во основа, неизбежно е мозокот понекогаш за време на секс да одлута во претходните сексуални односи, вели тој.

Sex

 

Додава и дека тоа се случува заради близината со поранешниот љубовник, за кој го врзува посебно возбудување и потреба за интимност.

Токму затоа, за време на секс понекогаш го кажувате името на поранешниот партнер, а не на некој пријател или член од семејството.

Фаус вели дека тоа не треба да се зема здраво за готово и не е причина за крај, бидејќи се работи за минато кое сите го имаат.