Љубов и секс

Одржете ја врелата атмосфера и после оргазмот

Оргазмот не е крај на уживањето. Врелата атмосфера може да ја одржите и после доживениот врв на задоволството.

seks

Додека после оргазамот си лежите милувајте го вашиот партнер. Вашите движења нека бидат спори и нежни бидејќи осетливоста на вашето тело е зголемена.

Освен грбот ерогени зони се и пределот на очите, рачниот зглоб како и вратот. Освен што ќе се мазите со вашиот партнер, можете на тие места да го грицкате и љубите.
Атмосферата е многу важна. Намалете го светлото или запалете миризливи свеќи.

Пуштете музика која и двајцата ја сакате.

Ако немате доволно време за да се излежувате одите заедно под туш.

Заедничкото туширање може да ве врати подоцна во кревет. Исто така и додатоците може да ви бидат поттик за влетување во нова љубовна игра.

Заедничкиот труд за да се изеде сладолед на стапче сигурно ќе ви предизвика уште еден оргазам.