Љубов и секс

Неверните мажи всушност ги сакаат своите сопруги

Љубовта и врските, се чинат како едно-димензионални. Иако во моногамните врски посветеноста се подразбира, понекогаш е неизбежно да се случи неверство.

 

Неверството е честа појава во моногамните врски. Според една студија од Универзитетот во Чикаго, 22% од оженетите мажи и 15% од мажените жени се измамени барем еднаш. Сето тоа зависи од дефиницијата за неверство, но мнозинството смета дека сексуален однос или орален секс се неверство, додека други однесувања како бакнување или сексуални активности на интернет (чет, видео) спаѓаат во сиви зони.

Неверството може да се случи во секое време во врската и често е последица на проблеми во врската. Сепак, тоа не е секогаш знак дека нешто не е во ред во врската. Холи Лабарбера, лиценциран брачен и семеен терапевт во Фремонт, Калифорнија вели дека понекогаш едниот партнер едноставно се вљубува во друг/а. Понекогаш, едниот партнер е несреќен и новата врска прави да се чувствува жив и посебен. Понекогаш неверството нема никаква врска со другиот партнер.

Како и да е, сите имаме свое лично мислење и ниво на толеранција кога станува збор за неверството. Во продолжение следуваат неколку факти кои науката на долго и широко ги разгледала. Можеби ќе ви ги променат перцепциите.

1. Неверството има генетска основа

Неверството може да е присутно низ семејството, односно во вашите гени. Жените со одредени мутации на генот на рецепторот за вазопресин – хормон кој се синтетизира во хипоталамусот и се складира во постериорниот дел на хипофизата се со поголема веројатност да изневерат, според една неодамнешна студија објавена во „Evolution and Human Behavior“. Вазопресинот влијае на нивоата на доверба и емпатија, кои играат важна улога во поврзувањето, социјалното однесување и сексуална мотивација. Ова сугерира дека постојат биолошки основи за ова ризично сексуално однесување.

2. Неверните мажи ги сакаат своите сопруги

Спротивно на популарното верување, мажите кои изневеруваат, всушност, тврдат дека се среќни во своите бракови. Една студија на Универзитетот Рутгерс покажа дека 56% од мажите и 34% од жените кои имале вонбрачни афери да тврдат дека се среќни или многу среќни во нивните бракови и заљубени во своите сопрожници. Април Maсини, експерт за односи, верува дека главната причина поради која луѓето во среќни бракови изневеруваат е поради тоа што еден од нив не се чувствува на начинот на кој тие сакаат да се во брак. Без разлика дали тоа се чувства на успешност, херојство или сексуалност – доколку не ги добивате од сопругот, ги барате на друго место.

3. Неверството не е водечка причина за развод

Изневерувањето може да биде основа за крај, но тоа не е главната причина за развод. Главната причина е исчезнувањето на љубовта, според истражувањето спроведено од Грант Торнтон, Велика Британија, во 201 година. Неверствотото е на второ место на листата, по што следат неразумното однесување, средовечна криза и емоционално/физичко малтретирање. Ова укажува дека двојките се подготвени да преминат преку неверството и повторно да ја разгорат љубовта.

Еден чин на неверство не може да доведе до развод, особено ако двојката го користи како повик за будење и решавање на суштинските проблеми.  Континуираното неверство води до развод, освен ако двојката има други причини да остане заедно, како што е заеднички бизнис или деца.

4. Жените мислат дека мажите со длабоки гласови се со поголема веројатност да изневерат

Жените изјавиле дека мажите кои звучат како Бери Вајт  им се повеќе привлечни, но само за краткорочни врски, затоа што тие се со поголема веројатност да лажат.

Во една студија од 2013 година, објавена во списанието „Behavioral Ecology“, истражувачите откриле дека жените слушале машки гласови, за да се утврди кои момци биле повеќе наклонети кон лажење, кои се за долгорочна, а кои за краткорочна врска. Наодите покажале дека мажите со длабок глас се доживеани како погодни за кратка авантура, каде што верноста е ирелевантна.

5. Жените се со поголема веројатност да изневерат партнер со големи тестиси

Поголемото не е секогаш подобро, особено кога станува збор за неверството. Колку се поголеми гениталиите на човекот, толку е поголема веројатноста жената да го изневери, барем според научниците од универзитетот во Осло.

6. Неверните мажи се поголема веројатност да имаат срцев удар

Аферата може буквално да ви го скрши срцето. Студија од 2012 година,објавена во „ Journal of Sexual Medicine“, откри дека мажите кои ги лажат своите сопруги се со поголем ризик од ненадејна смрт кога имаат секс со нивните љубовници на непознато место, во споредба со кога имаат секс со своите сопруги дома. Иако точните причини за зголемување на смртноста од срцев удар се нејасни, истражувачите сугерираат дека тоа може да биде грижа на совест, стрес од чување на тајната афера, па дури и стресот на освојувањето и задоволувањето на љубовницата која најверојатно ќе биде помлада од сопругата на човекот.

7. Неверството ги зголемува шансите за фрактура на пенисот

Неверството е ризична работа и би можела да ве чини скапо – пенисот.  Студија објавена во „Journal of Sexual Medicine“ откри дека од 16 случаи на пенисна фрактура во периодот меѓу 2007 и 2011 година, половина од пациентите се повредиле за време на вонбрачна афера. Фрактурата се случува кога „tunica albuginea“ – влакнеста мембрана која го опкружува ткивото во центарот на пенисот, се растегнува доколку пенисот во ерекција е свиткан. Овие луѓе не само што имале афера кога се повредиле,  туку имале секс на необични места.