Љубов и секс

Конечно откриена тајната: Какви мажи ги привлекуваат жените?

Според податоците на поголемиот број интернет страници за запознавање, жените најмногу ги привлекуваат ниски, темнокоси и полнички мажи, но не веруваат сите во таквите проценки.

Според најновата анализа спроведена преку профилите на повеќе милиони членови, жените генерално повеќе сакаат ниски мажи. Тоа е спротивно на се што некогаш се зборувало за правилата за привлечност.

Од друга страна, новата студија го потврди вкусот на мажите – тие сакат синооки и синокоси дами.

Интересно е тоа што жените наводно воопшто не ги привлекува набилдан маж и сметаат повеќе сакаат опуштени мажи.

-Истражувањето покажува дека се менува преференцијата во тоа што луѓето го сметаат за атрактивно, но тоа не може да предвиди компатибилност, вели експертот за веб страници за наоѓање врски, Вики Пивит.

Додава дека совршен партнер не постои, па треба да се биде со отворен ум за тоа какви типови на луѓе би можеле да ве привлечат.

Кога станува збор за професија, на жените многу повеќе им се допаѓаат доктори, а на мажите фриленсери.

Припадниците на двата пола се љубители на кучиња, а најголемиот дел од нив се љубители на поп-рок музиката.