Љубов и секс

Индискиот гуру Ошо, открива зошто браковите не траат

Индискиот гуру Ошо, или уште познат и по името Рајниш, останал запаметен по мудрите совети, изреки и учења. Тој одамна ја опишал и човечката потреба за љубов, но на сосема поинаков начин од оној кој нам ни е познат. Прочитајте го текстот во продолжение и размислете добро.

oso

Сакате кога некој да ве сака, па тогаш, се чувствувате добро. Другите ве сакаат само затоа што сакаат и вие да ги сакате нив. Тоа е исто како кога некој фрла мамка за риби: Тој не ја фрла за да јадат рибите, туку за да ги улови. Тој не сака да ги нахрани нив, туку тоа го прави затоа што сака да ги фати. Сите луѓе околу вас кои ги гледате дека се заљубени, тие само ја фрлаат мамката за да фатат љубов. Тие на еден момент ќе ја фрлат мамката, додека другата личност не почне да чувствува дека тука постои можност за да добие љубов. Тогаш и таа ќе почне да се покажува, додека и двајцата не сфатат дека всушност просат љубов.

Направиле грешка: Секој од нив мислел дека другата личност е неверојатна. Во еден момент и двајцата сфаќаат дека немаат добиено љубов еден од друг, па тогаш настанува непријателството. Поради тоа за брачниот живот се вели дека е пекол, затоа што сите вие сакате љубов, но не знаете како да ја дадете. Сѐ додека не се случи она за што ви зборував. Единствениот начин да го подобрите односот е да сфатите дека љубовта само може да се дава, но не и да се бара. Што и да примите, тоа е благослов, не е награда за љубовта. Дури и ако ништо не добиете, ќе бидете среќни што сте биле во можност да подарите љубов.