Љубов и секс

Гледањето телевизија и интернетот го уништуваат бракот и врската

Она што најмногу ги разорува врските и браковите не се ни караниците, ниту некомпатибилноста, туку нешто што навидум е безопасно, а делува полека и сигурно.

ljubovna vrska na dalecina

Се работи за гледањето телевизија. Вие и вашиот партнер доживувате различни работи во текот на денот, различни стресни или убави искуства.

Кога се враќате дома, треба да си раскажете како сте го поминале денот, и што ве нервирало или фрустрирало.

Но, наместо тоа, вие седите и гледате нешто на телевизија или на интернет. Тоа создава илузија дека правите нешто заедно, но не е така. Можеби седите заедно, но гледате телевизија сами. Дури не сте ни целосно присутни во тој момент. Наредниот ден, времето што го минувате заедно се намалува.

Ајде да вечераме побрзо за да ја гледаме серијата.

Звучи како заедничка активност, но е спротивно на тоа бидејќи наскоро се губи поврзаноста меѓу двајцата луѓе. Го жртвувате разговорот за време на вечерата во замена за тишината пред екранот. Со тек на време се поставува прашањето зошто чувствувате дека сте се оддалечиле, изолирале еден од друг.

На врските треба да се работи, а комуникацијата и разбирањето се клучни во секоја врска и во секој брак. Затоа, направете го тоа сега, пред да дојде до моментот кога ќе се чувствувате како цимери и странци.