Љубов и секс

Дали ве сака? Ова се 5 сигурни знаци!

Кога зборуваме за изразување на емоции, на мажите тоа им е многу тешко. За разлика од жените кои за тоа не престануваат да зборуваат, мажите за истото не престануваат да размислуваат. Ви откриваме мали но важни знаци кои откриваат дека навистина ве сака.

Ви испраќа банални пораки

Колку по банални пораки ви испраќа, толку се посилни неговите емоции. Пораките како што се вицови или линк од некој текст за кој што знае дека би ве интересирало, е всушност знак дека постојано мисли на вас, а воедно сака да ви покаже дека знае што сакате и што ве интересира.

Бара моден совет од вас

Во моментот кога од вас ќе побара совет што да облече за некоја прилика, треба да знаете дека му значите. Ваквиот чекор на мажите е многу приватен и интимен. Уште ако побара од вас да одите со него во шопинг, треба да знаете дека му значите и ве сака во својот живот.

Ве бара без некоја посебна причина

Мажот користи телефон во три ситуации – поради работи, кога се работи за некој договор или да слушне нечиј глас. Доколку не сте му колешка или немате договорено некој состанок, треба да знаете дека станува збор за третото. Ова е знак дека му недостасувате и едвај чека да ве види и да ве слушне.

Пријателите го „закачаат“ поради вас

Кога случајно во разговор или преку телефон слушнете како пријателите го „закачаат“ поради вас, тогаш станува збор за љубов. Мажите меѓусебно не сакаат да ги делат интимните моменти, освен во две ситуации – доколку станува збор за  секс без обврска или за вистинска љубов. Ова првото останува во машкиот круг и не излегува од него, но ако сте се нашле во нивната машка приказна која на шеговит начин доаѓа до вас, треба да знаете дека се фали со вас.

Подготвува планови однапред

Доколку по попладнето кое сте го поминале заедно ви предлага дружење и за утрешниот, денот потоа и за викенд, може да бидете сигурни дека е вљубен. Ова е знак дека ужива во вашето друштво и едвај ја чека следната авантура во која сте вклучени само вие двајца.