Храна и пијалаци

Златни медали за македонските вина на „Вино Љубљана“

Пет златни медали и едно признание „светски шампион“ освоија македонските вина на меѓунарондиот натпревар „Вино Љубљана“ што се одржа деновиве во словенечката престолнина.

Златен медал и признание „Светски шампион“ освои бутик-винаријата „Домен Лепово“, во состав на винаријата „Тиквеш“ од Кавадарци, за виното Domaine Lepovo Grand Cuvée 2015, а со злато се врати и делегацијата на матичната компанија, за виното Cabernet Franc Special Selection 2016 на „Тиквеш“.

Два златни медала освоија вината Verdot 2012 и виното Veritas 2013 на винарија „Стоби“ од Градско, од линијата „приватна резерва“.

Со златен медал беше потврден и квалитетот на виното Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2015 на винарија „Шато Камник“ од Скопје.

За наградите одлучуваше жири комисија од 48 вински критичари од 15 земји, кои го дадоа своето мислење за 430 вина од 19 држави од сите краишта на светот. „Вино Љублљана“ важи за еден од најстарите меѓународни вински натпревари во светот.