Храна и пијалаци

Вино на штикли во Форца (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонски винарии со над 100 вина се претставија пред винската публика во винскиот бар и ресторан „Форца“.

Како дел од негувањето и ширењето на винската култура во Македонија, како и нејзино унапредување, винскиот бар и ресторан „Форца“ во соработка со иницијативен одбор составен од дами љубители на вино, минатиот петок во Скопје ја организираше винската манифестација „Вино на штикли“.

13 македонски винарија пред винската публика се претставија со околу 80тина вински етикети. Гостите имаа можност не само да дегустираат пенливи, бели, розе и црвени вина, туку и непосредно да се запознаат со учесниците во процесот на правење вино, како и опис на органолептичките карактеристики на виното. Винариите со своите енолози беа отворени за сите прашања на љубопитните гости и подготвени да ги воведат и во најпрефинетите вештини за правење на квалитетно вино.

Освен дегустационен карактер, настанот имаше и хуманитрен карактер. Беше органзирана хуманитарна аукција на македонски премиум вина и собраните средства беа донирани за набавка на сензомоторна опрема наменета за деца со пречки во психомоторниот развој и за деца со аутизам.

Организаторите најавуваат дека овој вински настан ќе продолжи да се случува низ повеќе вински барови во Скопје, со цел винската публика да добие можност за непосредно градење и негување на винската култура, што го оценуваат како значаен сегмент за развојот на севкупниот бизнис со вино во Македонија.