среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 107
home Храна и пијалаци

Светот полуде по овој супер напиток, направете си го дома викендов

Светот полуде по овој супер напиток, направете си го дома викендов

Доколку го напишете зборот “supercoffee” на овој пребарувач, ќе пронајдете рецепти кои предложуваат да додадете некоја супернамирница во вашиот омилен топол напиток.

За што поточно станува збор? Имено, доколку им веруваме на трендсетерите, повеќе не е доволно да пиете “обично” кафе туку истото треба да го зачините со некоја намирница од вашата кујна.

Во превод, збогатете го вкусот на кафето со кокосов шеќер, куркума или некој протеински прашок.

Од сите понудени додатоци, веројатно најдобрата опција е да посегнете по куркумата која е полна со антиоксиданси, го намалува нивото на шеќер во крвта, има антивоспалително дејство и помага во борбата против депресијата.

Доколку не пиете кафе, припремете топол напиток од куркума – загрејте една шолја бадемово млеко во кое ќе додадете малку куркума, цимет и ѓумбир. По потреба засладете со мед.