среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 107
home Храна и пијалаци

Нови правила: „Пред да го убиете јастогот во зовриена вода- онесвестете го“

Нови правила: „Пред да го убиете јастогот во зовриена вода- онесвестете го“

Швајцарија денеска ја забрани вообичаената кулинарска пракса односно ставањето на жив јастог во зовриена вода, во рамка на измената на правилата за заштита на животната средина.

– Живите ракови, вклучително и јастогот, од сега мора прво да бидат онесвестени, пред да бидат убиени, се наведува во новиот правилник, што ќе стапи на сила во март.

Правилата, исто така имаат за цел да ги откријат незаконските фарми за кучиња, да воведат забрана за уредите кои се користат за казнување на кучињата, да се воведат нови услови за успивање на болните или повредените животни, како и да се воведат казни за организаторите на борбите со кучиња.  (МИА)