понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 124
home Хороскоп

ВО РЕДИЦА: Како се однесува секој од хороскопските знаци…

ВО РЕДИЦА: Како се однесува секој од хороскопските знаци…

Прва во ред е ДЕВИЦА-та. Таа ги има сите документи стокмени во папка.
Позади неа е ЈАРЕЦ-от. Спремен е да се буни зошто се можело побргу.
ОВЕН-от го напуштил редот и отишол право кај началникот. Тој нема време за чекање.
Од другата страна на шалтерот е ЛАВ-от. Тој си ја сака работата и се чуствува како цар,
бидејки сите други знаци зависат од него.
ВОДОЛИЈА-та е следна и ги пропушта пред себе две трудници, три баби и ШКОРПИЈА-та, кој пак
изгледа дека некој ќе убие со поглед.
СТРЕЛЕЦ-от е опуштен. И кажува вицеви со ВАГА-та, зошто они двајца знаат дека нервозата не помага.
РИБА-та си седи и задремала. Ќе ја разбуди БИК-от кога ќе стаса на ред. Тој се` разбира – редот мора да се почитува.
РАК-от е спремен со кафе и бонбоњера. Ќе ја побара Митра – роднина, на која еднаш и помогнала.
БЛИЗНАК-от е последен во ред. Он баш ги нема сите документи ама ќе ги смува некако со својот шарм.