сабота, 17. февруари 2018. Вести денес: 70
home Хороскоп

Три хороскопски знаци кои премногу сакаат и поради тоа и страдаат

Три хороскопски знаци кои премногу сакаат и поради тоа и страдаат

Кој љуби, лесно може и да биде повреден. Некои луѓе навистина брзо го подаруваат своето срце на другите, па поради тоа често и завршуваат со скршено срце.

И додека некои луѓе свесно држат дистанца, други луѓе немаат проблем веднаш да се впуштат во врска. Од една страна, тоа е супер, од друга страна, постои голема опасност дека ќе бидат повреден. Видете за кои хороскопски знаци станува збор.

Рак

Луѓето родени во знакот Рак се воздржани на почетокот, но штом почувствуваат дека некој им одговара, потполно и се препуштаат на другата личност. И тогаш би направиле се за својот партнер. Од друга страна, токму тоа понекогаш ги гуши партнерите и чувствуваат како да им е потребен простор, а Раковите тоа не го разбираат.

Риби

Рибите имаат лоша навика да ги чуваат грижите и незадоволството во себе. Поради тоа, често се случува да бидат „жртви“ во врските, затоа што претпочитаат да се повлечат и да се препуштат на туѓата волја. Во врската, прво гледаат за другиот, а потоа за себе, а тоа често резултира со скршено срце.

Лав

Кога Лавот ќе се одлучи за една личност, потоа потполно се препушта на врската и целосно се дава себеси, со сите сетила. И често го исклучува разумот, затоа што живее „тука и сега“, а токму тоа е она што го прави ранлив.