вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 136
home Хороскоп

Овој знак денес ќе доживее несекојдневна авантура

Овој знак денес ќе доживее несекојдневна авантура

Овен

Ќе ви се укаже можност за проширување на кругот на соработници и за остварување поголем профит. Ќе успеете да ја надминете емотивната криза. Слободните нема да му одолеат на упорниот додворувач. Минлива нервоза.

Бик

Новите деловни проекти ќе ви укажат можност за долгорочна соработка со партнери од странство. Ќе уживате во романтичните мигови со партнерот. Слободните се на прагот на нова врска. Главоболка.

Близнаци

Вашиот елан за работа ќе биде низок, па тоа ќе се одрази и врз конечниот резултат. Честите критики ќе создадат бездна меѓу партнерите, а слободните ќе флертуваат. Посетете го стоматологот.

Рак

Вашиот сомнеж за потенцијалните деловни соработници е неоснован. Емотивните врски ќе функционираат со поголем жар. Во животот на слободните повторно ќе се замеша личност од минатото. Болки во стомакот.

Лав

Несогласувањата меѓу вас и соработниците ќе претставуваат сопирачка во работата. Емотивните врски ќе бидат турбулентни. Слободните се расположени за нови познанства. Одлично здравје.

Девица

Новата деловна понуда ќе ве направи неодлучни. Не сакате да менувате нешто, но ризикот би ви се исплатил. Емотивните партнери ќе се одлучат за чекор повеќе. Несекојдневна авантура за слободните. Болки во грбот.

Вага

Расположени сте да ги прифатите новите деловни методи и стратегии, што ќе резултира со успех. Емотивните врски солидно ќе функционираат, а слободните се во потрага по љубовта. Несоница.

Скорпија

Вложениот труд конечно ќе ви се исплати. Мали недоразбирања би можеле да внесат немир во врската. Слободните се затворени во сопствениот свет. Проблеми со синусите.

Стрелец

Вашата работа ќе биде вреднувана, што дополнително ќе ве мотивира. Ќе ви се укаже можност за дополнителна заработка. Заедничкото патување ќе го зацврсти односот меѓу партнерите. Слободните ќе размислуваат за стара љубов. Покачен притисок.

Јарец

Ќе бидете тактични во односот со надредените и ќе успеете да се изборите за подобра деловна позиција. Емотивниот партнер нема да биде задоволен од состојбата во врската, но тоа нема да го манифестира. Слободните ќе запловат во динамична врска. Алергии.

Водолија

Ќе успеете да ги постигнете целите кон кои одамна тежнеете. Емотивните врски нема да функционираат совршено, но ќе успеат да се одржат. Слободните ќе сретнат личност што ќе ги заинтригира. Проблеми со варењето.

Риби

Ве очекува голем напредок во работата. Во емотивната врска е нестабилно, но кон крајот на месецот може да очекувате подобрување на односот со партнерот. Слободните конечно ќе запознаат сродна душа. Можни се ревматски тегоби.