петок, 21. септември 2018. Вести денес: 134
home Хороскоп

Ова се трите најмоќни жени во хороскопот

Ова се трите најмоќни жени во хороскопот

Ова се трите најмоќни жени во хороскопот.

Лав

Станува збор за многу силна жена, која не се препушта лесно на брановите на судбината. Нејзината виталност, волја и авторитет овозможуваат таа да влезе во категоријата на оние жени кои доминираат и кои никогаш не дозволуваат да бидат победени. Лавицата сака движење и акција. Тешко и е да остане на едно место, па постојано сонува за убави нешта. Не поднесува мрзеливост, дури ни кога одмора. Гордоста игра голема улога во нејзиниот живот и таа сака успех по секоја цена.

Има огромно мислење за себеси, а во односите со другите секогаш наметнува одредени правила на однесување. Кога нешто не и се допаѓа, таа отворено го покажува тоа. Многу тешко се прилагодува на луѓе кои се воздржани во своето однесување и чувства. Затоа, не трпи луѓе кои седат на две столици, односно кои се неодлучни, колебливи и лицемерни. Верува дека луѓето можат да бидат отворени како и тоа, но штом се увери дека не се, длабоко се разочарува. Така наметнатите рани тешко и зарастуваат. Искрена е, но понекогаш сака да се шегува и се прикажува каква што не е.

Оваа жена е великодушна и сака кога им носи среќа на другите. Меѓутоа, понекогаш е егоцентрична и се однесува себично. Таа секогаш мисли само на себе.

Ако сака, оваа жена потполно им се предава на своите чувства. Чувствата ги искажува без претерано зборување. Сепак, умее да прави разлика меѓу моментални впечатоци и трајни чувства. Во љубовта не поднесува ништо што е нејасно и неодредено.

Шкорпија

Оваа жена сигурно не е пасивна, мирна и кротка. Во животот, таа ништо не прави без волја или половично. Не сака неодлучност. Кога ќе се ангажира за некоја работа или кога е вклучена во некоја дискусија, секогаш оди до крај. Или пак, ништо не презема.

Разочарувањата и несупесите ја разочаруваат многу. Кај неа доминира инстинктот. Најдобрите одлуки ги носи врз основа на својот инстинкт. Нејзините први впечатоци за луѓето вообичаено се точни и прецизни. Тоа понекогаш ја прави претерано сигурна во своите мислења и ставови. Симпатијата или антипатијата која ја чувствува за луѓето веднаш се забележува на нејзиното лице. Ретко може да го скрие своето расположение.

Шкорпијата не спаѓа во категоријата на студени жени, лишени од страста. Нејзините реакции се нагли и непосредни, а така е и во љубовта. Физичката љубов за неа има огромно значење, па според тоа физичкиот изглед на мажот понекогаш на почетокот и е пресуден и игра поголема улога од моралните или интелектуални квалитети. Таа не може да сака некого, ако прво не го посакува. Нејзината страст ја прави голема заводничка и жена која може да го привлече вниманието на секој маж.

Не им се отвора лесно на луѓето. Таа секогаш останува мистериозна личност за другите. Понекогаш остава впечаток како личноста за неа да е само игра, но не е така. Таа вешто знае да го искористи своето оружје во љубовта, но тоа го прави без скриени намери. Многу е чувствителна, но во љубовта сака се или нешто.

Стрелец

Нејзиниот карактер се покажува во две насоки. Таа е смела и независна жена, која секогаш наоѓа верни и сигурни пријатели. Од друга страна, таа е сосема поинаква – смела, независна и подготвена да ги надмине сите бариери и ризици за да оствари некој идеал или план, за да им покаже на другите колку вреди.

Жената родена во овој знак е многу амбициозна. Сака да се постави во животот така што сите нешта и луѓе и се на неа подредени. Има истенчено чувство за сите животни вредности, не занемарува ништо што би можело да и биде од корист.

Не сака збрки и анархија. За неа животот е постојана борба и докажување. Нејзиниот темперамент е силен и моќен. Таа виталност е лесно сфатлива за другите, но таа секогаш го искажува. Често сака да биде независна, но често и сака да биде во друштво и постојано да ги привлекува симпатиите на другите. Ја навредуваат непријателски постапки, а не може да поднесе омраза. Таа е отворена, лојална, цени точност и коректност. Ако другите не се како неа, знае да се револтира и да се побуни.

Во љубовта сака маж кој ќе и се восхитува и кој ќе сака да ја претстави пред неговите пријатели. Потребно и да биде сакана, но и обожавана. Не бара совршенство бидејќи знае дека тоа не постои, но сака маж кој ќе и биде посветен.

Не сака луѓе кои се срамежливи и кои плашливо ги покажуваат своите чувства. Смета дека тие не е и се потребни. Човекот на нејзиниот живот мора отворено да ја искаже својата љубов и да ја докаже.