вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 34
home Хороскоп

Неделен хороскоп: Нов период за Биковите, Девиците да внимаваат во сообраќајот…

Неделен хороскоп: Нов период за Биковите, Девиците да внимаваат во сообраќајот…

Овен

Работа: За многу претставници на овој знак ова е значаен период бидејќи оваа недела ќе бидат ангажирани на професионален план. Поволни контакти со личности кои се на важна позиција. Периодот не е поволен за некои поголеми финансиски ризици.

Љубов: Ни кога е во прашање љубовта, ситуацијата не е баш стабилна. Напротив, помрачувањето на Сонцето симболизира љубомора, посесивност и непријатни дијалози со партнерот. Ќе се случи заладување на односите, внимавајте!

Здравје: Мало опаѓање на имунитетот.

Бик

Работа: Како „дете“ на Венера ќе го дочекате навлегувањето на оваа планета во хедонизмот, парите и уживање, па во најдобра ситуација ќе бидат Биковите кои се занимаваат со мода, уметност, медиуми или приватен бизнис. Ова претставува почеток на нов период, па затоа подгответе се.

Љубов: Навистина возбудлив период за време на оваа недела, бидејќи можете да дојдете до искушение да бидете во врска со некој кој не е слободен, особено ако станува збор за Шкорпија или Рак. Секој вид на флерт на работа или влегувањето во нова врска може да биде прилично напорно.

Здравје: Мала настинка.

Близнаци

Работа: Не би можело да се рече дека навлегувате во одличен период, освен ако не сте навистина посветени на работата. Спремни сте да се посветите целосно на нов проект, но затоа пак и вашите очекувања се на високо ниво. Доколку се занимавате со уметност или работите во медиуми кон крајот на оваа недела можете да оечкувате интересни понуди од личности родени во знакот на Риби.

Љубов: Периодот е возбудлив за оние претставници на овој знак кои мечтаат за страствена авантура или кои се во врска со некоја личност од која се навистина фасцинирани. За време на овој период ќе успеете да се прилагодите на потребите на еден Овен или Шкорпија. Близнаците кои се во брак најдобро ќе остварат комуникација со партнерот само доколку не разговарат за работата.

Здравје: Внимавајте од повреди.

Рак

Работа: За претставниците на овој знак почетокот на неделата е навистина поволен. За време на овој период жените ќе бидат поуспешни без разлика на нивната професија. Во финансиски поглед немојте да ризикувате.

Љубов: Романса на работното место донесува проблеми и затоа добро внимавајте што и на кого му зборувате, на кого му се доверувате, особено ако ваша симпатија е шеф кој не е слободен. Дамите Ракови ќе бидат и тоа како изложени на предизвици. Овен, Шкорпија, Јарец и Риби се повеќе од интересни личности за вас.

Здравје: Можни се повреди при спортување.

Лав

Работа: Првите седум дена се релативно поволни, но за време на полната Месечина во Бик ќе имате разговори со прилично тврдоглави соработници. И покрај тоа нивното друштво ќе ви одговара бидејќи ќе ви се укаже можност за нова работа.

Љубов: Помрачувањето на Сонцето може лошо да се одрази на оние кои се на почеток на врската, но и на Лавовите кои се во подолга врска или брак. Оваа појава во која доминира Месечината, а со самото тоа и жените, ќе се случи во вашата астролошка куќа така што овој период нема да биде погоден за никакви договори, преселување, понуди за брак итн.

Здравје: Проблеми со коленото или зглобовите.

Девица

Работа: Периодот на транзицијата на Сонцето преку Шкорпија е навистина поголем за сите припадници на овој знак. Имате поддршка од една Водолија или Овен што навистина ќе ве зачуди, бидејќи не се тоа знаци на кои можете да се потпрете. Потрудете се во првата недела од овој период да го дадете максимумот во работата со која се занимавате. Веројатно ќе бидете во можност да обновите соработка.

Љубов:Во овој период љубовниот живот може да биде малку стресен, доколку не сте спремни да прифатите флерт со личност која подолго време сака да ве освои. Транзицијата на Марс преку Стрелец  донесува доста тензија во семејството, па така оние кои се слободни ги очекува навистина интересна средба.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот.

Вага

Работа: Венера, владетелот на вашиот знак, планетата на хедонизмот, естетиката, парите и уметноста е навлезена во Вага. Токму затоа вие се решавате за потполно нов режим во вашиот живот. Би било добро овој период да не започнувате никаков приватен бизнис, особено не со Лав или Рак.

Љубов: Чувствувате голема привлечност кон Овен или Стрелец, а доколку се работи за познанство кое не трае долго или за личност која не сте сигурни дека е слободна, добро размислете дали вреди да вложувате многу надеж во продолжување на врската.

Здравје: Опаѓање на имунитетот.

Шкорпија

Работа: Транзицијата на Сонцето преку вашиот знак донесува засилени амбиции и потреба да се ангажирате на сите полиња. Секој вид на договор во партнерскиот однос со Бик, ќе биде неповолен за вас. Првите денови од неделата носат можност за средба со некој кој ќе ви понуди добри услови за соработка, а можно е и зголемување на приходите.

Љубов: Во овој период љубовниот живот може да биде прилично комплициран, а ќе бидете во ситуација да се покажете во најдобро светло пред некој кој ви е многу значаен во животот, но ќе морате да останете доследни на дадените ветувања. За оние кои се во врска, многу пријатни мигови им престојат во оваа недела..

Здравје: Контролирајте ги бубрезите.

Стрелец

Работа: Со Марс, планетата на страстите, ентузијазмот и авантуристичкиот дух, Стрелецот оваа недела ќе биде знак кој жари и пали. Ќе постигнувате големи успеси, а ќе имате и средба со личност која ви вети работа, а се работи за странец или личност која работи на некој институт. После среда ќе добиете повик да се сретнете со некого и најверојатно ќе договорите работа која ќе ви договара.

Љубов: Ситуацијата во љубовта може да биде одлична доколку сте во врска во која и двата сте задоволни со вашата професија. Заедничките работни ангажмани не донесуваат многу среќа. Ви претстојат патувања во странство и можност за флерт. Стрелците кои се во долга врска не би требало да планираат брак овој период бидејќи ќе имаат одредени компликации.

Здравје: Можна е мала настинка

Јарец

Работа: Еден од најбурните периоди кој нема да можете да го контролирате. Околу вас се врткаат многу шпиони, го следат вашиот чекор и се обидуваат да ве уверат во нивната лојалност. Но, вие внимавате а во тоа ви помага позицијата на Марс во Стрелец, па интуитивно знаете кој ви е наклонет, а кој не.

Љубов: Љубовниот живот е се само не извор на среќа, посебно не за Јарци кои многу бараат и очекуваат. Со навлегувањето на Венера, планетата на љубовта во знакот на Вага се јавуваат можности за флерт или почеток на авантура со личност која ја познавате од работа.

Здравје: Помала инфекција.

Водолија

Работа: Транзицијата на Сонцето пред Шкорпија претставува транзиција на планетата на енергичност и оптимизам преку вашето астролошко поле на кериерата. Во среда и четврток ќе имате непријатен разоговр со некој кој е на повисоко ниво на работа, но немојте да одговарате на провокациите.

Љубов: Ве очекува големо незадоволство на полето на љубовта. Ќе бидете жртва на трачеви, но во нив ќе има и некоја вистина. Доколку сте слободни, ќе имате можност да запознаете личност чие вистинско лице ќе го откриете многу подоцна.

Здравје: Лесна кашлица.

Риби

Работа: Претставниците на овој знак ќе бидат навистина успешни во остварувањето на целта која ја зацртале. Потребно е да воспоставите ред во средината во која работите, затоа што нема да дозволите да работите во такви ужасни услови.

Љубов: Не постои ништо што би можело да ве спречи во остварувањето на вашите соништа кога станува збор за љубовта. Доколку сакате да бидете сами и слободни, тоа е ваш избор, но доколку имате намера да влезете во брак, кажете му на партнерот за вашата  идеја.

Здравје: Проблеми со дишните патишта.