недела, 22. јули 2018. Вести денес: 58
home Хороскоп

Како се однесуваат кога ќе се заљубат: Близнаците стануваат „крлежи“, Девиците покажуваат грижа…

Како се однесуваат кога ќе се заљубат: Близнаците стануваат „крлежи“, Девиците покажуваат грижа…

Близнаците стануваат „крлежи“, секогаш се тука негде. Девиците покажуваат грижа, иако чувствата се обидуваат да ги сокријат, а Рибите како да ги обзема магијата од романтичните филмови…

Овен

Доколку сака да ве носи со себе во секоја авантура, тоа е добар знак дека Овенот е заљубен во вас „до уши“. Луѓето родени во овој знак, љубовта ја искажуваат така што ќе ве мотивираат и охрабрат да направите нешто од што сте се плашеле до тогаш – сакаат да ја прошируваат комфортната зона на луѓето кои им значат.

Бик

Доколку почне да ви купува попдароци без некој конкретен повод, тоа е оппказател дека се заљубил. Инаку, Биковите сакаат да ги опсипуваат со подароци луѓето кои ги сакаат, на тој начин ги покажуваат емоциите и грижата кон саканата личност.

Близнаци

Кога ќе се заљубат луѓето припадници на овој знак, го опипуваат партнерот со нивното внимание и секогаш се во негов близина. Исто така, кога ќе се заљубат искрено, Близнаците стануваат помирни, додеека инаку се склони кон често менување на партнерот бидејќи врските бргу им здосадуваат.

Рак

Веродостоен доказ дека некој роден во знакот на Рак се заљубил во вас е кога ќе почне отворено да ги искажува своите емоции. Раковите во такви моменти не се обидуваат да сокријат колку се ранливи и колку знаат да бидат нежни.

Лав

Лавот се обидува да импресионира кога е заљубен, па затоа со гордост ќе ве покажува пред другите. Освен тоа, ќе се обиде да ве воодушеви претставувајќи го својот живот како убав и екстравагантен. Лавовите ќе направат се за да помислите дека се силни и најдобри во се. Ќе се обидат да ви покажат дека можете да им верувате и да сметате на нив.

Девица

За луѓето од овој знак, тешко е да се каже кога се заљубени. Тие се склони да го промислат секој детал пред да изговорат било што. Потребно им е многу време за да ги покажат емоциите и да признаат дека се зљубени. Сепак и кога не го признаваат, можете да забележите дека се заљубени по некои мали ситници – ќе се грижат околу некои работи поврзани со вас.

Вага

Доколку секогаш е тука за вас, тоа е добар знак дека некој роден во знакот на Вага е заљубен во вас. Ќе ви дава до знаење дека на неа/него можете секогаш да сметате. За оној што го сакаат подготвени се да направат се.

Шкорпија

Луѓето родени во овој знак се заљубен кога некому потполно веруваат и тоа го покажуваат. За нив, довербата во некого е најтешкото нешто кое можат да го постигнат.

Стрелец

Заљубените Стрелци сакаат да ја покажуваат својата сериозна страна иако сакаат љубовната врска да им биде полна со забава. На личноста која ја сакаат ќе и покажат дека животот не треба да го сфаќа премногу озбилно.

Јарец

Ќе знаете дека Јарецот е заљубен во вас кога ќе почне многу време да поминува во ваше друштво – одвојувајќи многу време на вас. Инаку, луѓето родени во овој знак се секогаш во движење и имаат работа, но кога ќе се заљубат, тоа им станува приоритет.

Водолија

Водолијата ќе ги открие своите вистински емоции кога е во состојба со часови да разговара со вас, бидејќи тоа не го прави со сите, туку само со луѓето за кои се грижи. Кога ќе се заљубат, луѓето родени во овој знак сакаат да знаат се за личноста која ја сакаат, па затоа поставуваат многу прашања.

Риби

Луѓето родени во овој знак стануваат многу романтични кога ќе се заљубат и се во состојба да создадат моменти како од романтичните филмови. Ќе ви пишуваат љубовни стихови, ќе ве повикаат да го гледате заоѓањето на сонцето заедно, ќе ви приредуваат мали слатки изненадувања…