Заев против Црпко

Едноставно, не знам како да реагирам (мислам со какви емоции) на најновата глупост од непресушниот репертоар на ѓон Црпко, а поврзана со неговата најава за одлучна борба против корупцијата во владините редови.

Прашањето е веќе познато: „Дал да плачам ил да се смеам“? О, мислам дека сите ќе плачеме и горко ќе ридаме, но ќе биде многу доцна.

Ех народе Македонски, ех болко и судбино Македонијо, што дочекавме, еден (повторно не сум сигурен дека ќе го детерминирам со вистинскиот термин) шизофреник, лажго, „заебант“, манипулант, забеган, ѓон образ, криминалец, си поигрува со целата држава. Во очи не гледа и игра мајтап со нас, ни се претставува како да туку што дошол на светов и во политиката, а ние треба да му поверуваме.

За што тоа гласаше (или ти ги украдоа гласовите) Македонијо, за криминалец со ѓон образ кој се претставува за чесен, за митаџија кој ќе гони митаџии, за ѓон лице под маска на „демократ“, за поддржувач и промотор на ненормалното, за уривач на традицијата и нормалното?

Премногу е долг списокот на прашања кои пред се секој од нас треба сам на себе да си ги одговори. Но, одговорите не се возможни доколку не застанеме и не се погледнеме себеси во огледало и не си ги дадеме истите тие искрени одговори барем на самите себе, а дури потоа да ги споделиме со другите и воедно ги споредиме.

Во само два дена, тресна по којзнае кој пат и остана жив. И никој не реагира на глупостите кои ги кажа и направи на ѓон Црпко. Токму преку оваа и се отсликува непобитната вистина зошто веќе подолг период оваа лице под маска го нарекувам ѓон Црпко заедно со целиот му негов ѓон СДС.

Оваа лице преку посебни истражни мерки и постапки е документирано како бара (не неуди, туку бара), бесрамно бара мито за продажба на државно земјиште по принципот евро за земјиште-евро за Вицто. Токму ова ѓон лице, јавно зборува дека ќе расчистува со корупцијата во узурпаторската влада која ја предводи. Во исто време заедно со неговиот му пулен и главен церемонијал мајстор за крадење избори и злоупотреба на полицијата Спасовски, започнуваат со приведување на градоначалници. Започнаа со приведување на Сокол Митровски и тоа токму под истото-во суштина или во мотив исто обвинение „за злоупотреба при легализација на државно земјиште“. Но, за Сокол Митровски никаде нема посебни истражни мерки на кои се гледа дека барал мито или договорал зделки за злоупотреба на службена должност. Спротивно на тоа за ѓон Црпко има документирано дека сторил повеќе кривични дела, од барање поткуп па се до злоупотреба на службена положба.

Епилогот е јасен, независното новинарство, особено оние од телевизијата на Вицто, на чело со оној „сомнителниот сексуално ориентиран“ тип со „лептир“ машна и цветче на ревер, истурија тони и тони „факти“ како Митровски ја злоупотребил службената должност.

Секако мора да се има оправдание пред народот, се по онаа римската „леб, игри и крв“ за народот да не види што му се прави и како му се растура државата и не само државата туку и семејството и традицијата, а преку промоција на ненормалното како нормално.

И наместо ѓон Црпко да се појави на суд и да одговара барем за случајот „Поткуп“, кога веќе Катето негово го ослободи од „Пуч“ и ни го ускрати задоволството да како јавност дознаеме кој, кого и за кого и со кои цели прислушуваше, барем „независниот“ јавен обвинител и суСтвото (како што милуваше да го нарекува лицето Б.Ц.) да го спроведеа до крај еклатантниот и чист случај на поткуп, кривично дело сторено од ѓон Црпко, а видено од целата нација.

Кога имаме ваква состојба не е чудо што сега ќе треба да бидеме сите будали и да веруваме како ѓон Црпко и неговото ѓон СДС ќе расчистуваат со корупцијата во нивните редови. Може тоа, ама само доколку Црпко се уапси сам себе и почне да излегува на рочиштата за Поткуп не злоупотребувајќи ја сопствената си службена положба. А, за да не ја злоупотребува сопствената службена положба најмалку што може да направи е да си даде оставка и потоа да се појавува на суд и така со личен пример да започне со расчистувањето на корупцијата во сопствените редови, или што би се рекло да почне прво себе да се расчистува (или исчисти од политиката и јавниот живот) па потоа да ги гледа другите.
Знам дека ова е невозможно, всушност знам затоа што го гледам како јавно се обидува да ненормалното го направи нормално, а нормалното ненеормално. Овој лик под маска, ја натна и маската на хомосексуалец (а можеби и не е маска во овој случај). Но, за да не ме обвинат некој напредни дечки и девојки дека сум хомофоб, мора да кажам:

„Хомосексуализмот или педерастијата, постоел одсекогаш и ќе постои додека е светот и векот, но тоа е пореметување на сексуалната ориентација и противприроден блуд, впрочем како и односите со животните или упокоените, а во Црковно словенскиот речник и во Православната црква има многу јасни поими кои овие појави ги определуваат како мужеложништво, скотоложништво, или во грчкиот јазик како некрофилија. Во овој контекст лично не ме интересира кој што прави по дома и со неговиот живот, тоа е право на лично определување и лична слобода која и од Бога ни е дадена (секако не да ја злоупотребуваме) и секако сите сме грешни, така што тука несакам да морализирам и судам. Но, да се промовира оваа ненормалност како нормално човеково право и слобода е врв на бесрамност, безобразие и навредливост што нема никаква врска со човековите права и слободи.“

Токму преку оваа бесрамност ѓон Црпко ги поттикна, охрабри и промовираше хомосексуалните врски да излезат во јавност. Само чекам кога ќе се озакони и употребата на наркотици (заради лични потреби секако и како израз на демократска слобода), па да бидеме комплетни во уривањето на општествените и семејни норми.

Не е важен тука веќе ѓон Црпко, на овој начин и преку делата кои ги прави и промовира во јавноста, почнувајќи од митаџиството, па се до промоцијата на хомосексуализмот, овој лик отворено удира врз нашите идни генерации. Тој заедно со неговите „поддржувачи“ и ментори целат кон создавање дегенерични идни генерации, генерации кои ќе го оправдуваат криминалното делување како „успешен“стил на живеење, генерации без вредности, а се во името на некои квази вреднсоти. Генерации кои нема да имаат чувство ниту за нација, ниту за припадност, ниту ќе го препознаваат криминалот како криминал, ниту за етика, нема да го познаваат Бога, нема да ја знаат својата историја и традиција, а најмалку верата на своите татковци. Со такви генерации кои ќе бидат во хомосексуални бракови и незнам какви се не други облиц на „љубовно изразување“ преку квази слободата и демонократијата и легализирање на снаоѓањето преку криминал, ќе нема иднина за национална држава и општество, бидејќи до израз ќе дојдат најдолните тривијални страсти на индивдуализам без општествена и колективна одговорност, но во такво општество загрозена е и иднина на нацијата дури ниту како здрав биолошки супстрат кој и во најлоши времиња треба да опстане за да ја обнови нацијата и државата на здрави, традиционални темели.

Токму се прашувам: „Дали Заев демократот и наивецот ќе тргне против Црпко оној ѓон Црпко бесрамниот, во расчистувањето на корупцијата во самиот себе, а потоа и во расчистување со квази вредностите во однос на традиционалните Македонски и Православни вредности“?

За жал одговорот го знам и гласи НЕ и НИКОГАШ. Ова е шизофренија на највисоко ниво, лага и манипулација од ѓон СДС, ѓон Црпко и сите им шарени, ЛГБТ, ментори, пријатели, поддржувачи. Таа шизофренија ние треба да ја прогласиме за напредно, мудро и демократско водење на државата во која нели дојде животот и сите ние треба да бидеме исплакнати и современи идиоти, секако доколку сакаме да го почувствуваме животот, а нели „зборот си е збор“ (а колку вреди зборот на „педер“ тоа самиот поим во секојдневата и жаргонска употреба го кажува). Тоа се очекува од нас и доколку јавно не го кренеме својот глас против оваа инсталирање на криинал и дегенризам во општеството, подоцна да не бидеме зачудени кога бате Вицто за се нешто ќе ни бара евро ваму-евро таму (а Вициња ќе се накотат) и кога синот ни ќе ни донесе зет, а ќерка ни снаа. Тогаш ќе треба да се погледнеме во огледало и да си го дадеме одговорот зошто не реагиравме и зошто дозволивме дегенерици и ѓон образи да ни ја водат државата.

Каде одиш Македонијо?

На денот на Св.Артемиј Велики

Доцент д-р Оливер Андонов