За ваква ли демократија гласавте?

Влегуваме во петтиот месец од владеењето на квинслишката „реформска“ и божем демократска Влада на Заев и неговите принудно залепени коалициони партнери.

Пет месеци сурова политичкареалност во која освен рекордно тонење на економијата и на стандардот на живеење, страотен пад на индустриското производство, бркање на странските инвеститори, ниту еден конкретен реализиран проект, освен запирање на сите проектни активности започнати од претходната власт, невидено понижување на Македонците како народ, понижување на студентите и на младите, преземање недоделкани чекори во надворешната политика, освен скандалозна и секојдневнанезаконитост и неуставност, лажење на земјоделците, дрско лажење на пензионерите, на администрацијата, забранување на демократијата,инстант вработувања на „шарените“ молерофарбачи на сметка нагрубо и дрско деградирање на постојните вработени лица,освен безобразно кршење на основните човекови права и слободи без никакви правни последици, освен безобразно монтирани политички хајки и процеси на СЈО против членови на ВМРО-ДПМНЕ, говор на омраза на тони, и уште илјадници други примери на практикување „демократија“ од новата власт, не видовме ништо квалитетно, суштински подоброи покорисно за државата. Напротив.

Велат дека изборите и референдумот се врвните механизми за остварување на демократијата во секоја земја. Велат, исто така, дека капацитетот на демократијата на една власт се оценува според тоа колку таа власта знае и умее да го подигне економскиот стандард на граѓанинот, колку знае да ги задоволи потребите на граѓаните, колку умее да креира политики во полза на граѓаните, колку граѓаните се задоволни од тие политики, колку власта создава можности и отвора шанси за подобрување на условите на живот за сите и секого, колку власта го слуша гласот на секој граѓанин во државата, и уште многу други релевантни параметри. Со каков демократски капацитет располага новата власт?Еве да започнеме одизборната кампања која е во тек.

Македонија во целата своја изборна историја до сега немала волку обиди за убиства на кандидати за носители на јавни функции колку што има на овие локални избори. Македонија немала волку валкана и дно од изборна кампања ниту во 90-те години, ниту во првата деценија на 21-от век. Искршени и демолирани изборни штабови ни се како добро утро. Ранети кандидати за градоначалници, вмешаност на полицијата и нејзино инструирање од страна на повисоки политички структури да упатува закани кон изборни кандидати со вперување пиштоли во глава, исто така.Секојдневно сеење стравмеѓу посиромашните гласачи, видлив изборен поткуп на ранливите категории гласачи без ниту една реакција од надлежните за санкционирање на сторителите, масовен одлив на буџетски средства кон божем невладини организации кои јавноста ги познава како полуга на власта и како одработувачи на владината агенда, злоупотреба на службени возила за изборни цели од страна на актуелните министри, злоупотреба на администрацијата, на општинската опрема, на државните автомобили и комбиња за изборни цели, злоупотреба на членовите на изборните комисии во партиски цели и пропаганда, секојдневно кршење на Изборниот законик од страна на власта…Не, сево ова не е дел од содржината на републичкиот полициски билтен. Ова е нашата демократска црна хроника.

Ако на овие демократски елементи се надодадат и шверцерски избраниот претседател на Собранието, шверцерски подготвениот и тутнат како обврска без согласност на граѓаните Договор со Бугарија, економскиот мрак налик на голема црна дупка во која исчезнаа над 400 милиони евра пари на граѓаните за само четири месеци, обвинувањедека во Македонските учебници има некаков наводен иредентизам и национализам, воведувањето двојазичност на цела територија на државата, искршена кичма во државната позиција за името на нашата татковина, преговори наместо разговори за промена на уставното име, стратешки план за вдомување на над 150.000 мигранти од Африка со градење на станбени објекти за нивно трајно населување во нашите општини и населени места, инстант добивање државјанства, обезбедување на работни места и сė што следи со живеачката без власта да не праша дали го дозволуваме тоа или не, ставање забрана да се организираат рефередуми за мигрантите, укинување на демократијата на секој чекор…

За ова ли гласавте почитувани сограѓани, членови и симпатизери на СДС, и вие што велите дека сте партиски неопределени, а сепак гласавте за СДС?

Ова ли е вашето поимање на демократијата што живот значи?

За овие ли „вредности“ и „демократски“ придобивки три години нė малтретиравте по улиците, по плоштадите, во институциите, на работните места?