За кого и зошто е непожелен Киро Глигоров?

ДОГОВОРОТ СО СОФИЈА НИЗ ДРУГА ПРИЗМА. Зошто за именување улица во Софија е избран вториот претседател на независна Македонија, Борис Трајковски, а не првиот Киро Глигоров?

 

И така, ако се биде во ред, согласно договорот за добрососедство меѓу Македонија И Бугарија, главните градови на двете соседни земји во блиска иднина ќе треба да добијат по една улица именувана како Жељу Желев и Борис Трајковски.

За да нема дилеми, веднаш на почетокот мора да се каже убаво, добро, прифатливо… Искрено, нема ниту една причина Скопје на ваков начин да не му одаде признание на човекот, ко јпрв ја призна независноста на државата Република Македонија, до толку повеќе што по негова директ на интервенција многу бргу, по само два-три дена, следуваше и признавањето од Руската Федерација.

Ова како неспорен, веќе историски факт, што сам по себе е доволен за идното име на една од скопските улици. Истото важи и за Трајковски, но веројатно со сосема други образложенија. Но, ова е само едната страна од медалот. Другата, пак, отворани за дилеми, што во најмала рака предизвикуваат недоумици и заслужено бараат соодветни одговори. И не толку за изборот на Желев, колку за поранешниот македонски претседател Трајковски, што ќе рече дека одговорите се повеќе за дома, отколку за надвор.

На пример, прво, кои биле критериумите, според кои биле одбрани имињата на двајцата претседатели, а посебно името на македонскиот? Натаму, зошто е избран вториот претседател на независна Македонија, а не првиот Киро Глигоров? Со што Трајковски ја задолжил толку Бугарија за да добие улица во Софија и тоа, заради злата судбина, со еден нецелосен мандат, а тоа не го сторил Глигоров во неговите два мандата?

Дали и зошто името на Глигоров било не прифатливо за бугарската, за македонската или за двете страни? Дали сликата за независна Иидемократска Македонија во Софија е формирана во почетокотна 90-тите или подоцна, со почетокот на 21 век? Дали со ова се наметнува перцепција дека Глигоров, за соседна Бугарија, не бил демократ барем на ниво на Трајковски? Или, со други зборови, дали Глигоров е перцепиран како Комунист и антибугарски настроен македонски националист не само во периодот на плурализмот, туку и од многу порано, од времето на АСНОМ И заедничкото битисување во поранешната ју-заедница? Дали со тоа (не)се признава дека Македонија во 90-тите не направила вистински демократски исчекор, туку останала  во силните комунистички стеги?

Дали за ова (не)е  виновен само Глигоров, туку И целата тогашна останата политичка номенклатура? Или, најдобро е Киро Глигоров да биде жртвуван во иметона сите?Значи, има прашања на кои јавноста очекува одговори, пред се од премиерот Зоран Заев. И тие не можат да се задоволат со една еуфорична изјава за потпишување до говор за добрососедски односи со Софија. Зашто, не станува збор за ни малку наивна работа, а уште помалку за некоја бесзначајна личност, која ете, туку така, треба да биде едноставно пуштена низ вода. Па, само пред нецел месец, во МАНУ беше организирана свеченост по повод 100-годишнината од раѓањето на првиот претседател на демократска, суверена и независна Република Македонија, Киро Глигоров!

Од добиените одговори, пак, можат да зависат многу работи, како за името на Глигоров и неговото место во македонската историја, така И за партијатата, чиј носител на членската книшка со број 001 беше до крајот на својот живот, а да не говориме за нејзиниот (дис)континуитет од КПМ, СКМ, па наваму. Но, она што би било најбезобразно И крајно вулгарно е да се најдеме во ситуација да имаме двајца Глигорови. Еден за домашна употреба И еден за надворешна, посебно за соседна Бугарија. Дома ќе го славиме само како претседател, кој не изнесе од поранешна Југославија без испукан куршум, а надвор ќе го признаваме како комунистички И  прв македонски, но националистички определен шеф на државата!?

Предраг  Димитровски