понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 0
home Колумни

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНА НА НАРАТИВОТ

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНА НА НАРАТИВОТ

Историцизмот го создале и проповедале првенствено мислители кои припаѓале на нации за кои историјата никогаш не била континуирано насилство. Елијаде логично размислува дека тие и можеби ќе прифателе некоја друга перспектива, да припаѓале на нации обележани од „фаталноста на историјата“. Оттаму, многу значајно е прашањето дали теоријата според која се што се случува е „добро“, токму затоа што се случило, би била лежерно прифатена од мислителите на Балтичките земји, на колониите или на земјите на Балканот, каде што сме и ние – Македонија. Значи, ни оддалеку не е добро она што и се случува во моментов на Македонија.

Во Македонија во моментов имаме класично насилство на историјата – преку штетните договори (прифатениот со Бугарија, оној што ќе следува, како што Заев сам се надева со Грција, а не е чудно да има и други) што ги прифаќа Заев и неговата присобрана Влада. Егзистенцијата, исто така, станува се понесигурна заради делувањето на историјата (фокус 3-6-9 тотално беспредметен и без резултат) – економските параметри се очајни и само Заев може со неговите „добро одбрани експерти“ да прикаже раст од -0,5 %, а тоа нормалниот свет го именува како рецесија, но и позициите на историцизмот се повеќе се разнишуваат.

Страшно, ама Заев е во состојба според дадените ветувања (а неговите напори очигледни, иако страшно невкусни), преку злоупотребувањето и изместувањето на историјата, да го направи тоа што ни Космосот, ни човекот, ни случајноста не успеале да го направат и да го сторат до сега (уништување на еден цел човечки род), а за жал можеби во моментов присуствуваме на очајнички обид за забрана на „настаните на историјата“.

Дилемите што се појавуваат, се разбира во консултација на последните проучувања, се однесуваат на неколку аспекти: модерниот човек кој ја прифаќа историјата или претендира да ја прифати (Заев не само што се декларира како модерен, туку тој се именува себе си и делува како создадел, а потаму ќе видиме дека тоа не можно!), може да му префрли на архаичниот човек, затвореник на митскиот хоризонт на архетипите и на повторувањето, за неговата творечка немоќ (нерешавање на проблемот што го има Грција со нашето име, на пример итн.), за неговата неспособност да ги прифати ризиците што ги содржи секој чин на создавање. Заев е само во голема и длабока заблуда дека нешто „создава“ и само еден обичен манипулант и лажго, од кого што се страми верувам секој македонец и граѓанин на оваа Држава.

Модерниот човек или човекот, може да биде создавач само ако е историски, а Елијаде е прецизен – секое создавање му е забрането, освен она што својот извор го наоѓа во сопствената слобода. Но, и тој изразува сомнеж дека се понесигурно е, од аспект на човекот на традиционалните цивилизации, а како критика упатена на адреса на модерниот човек, дека модерниот човек ќе може да ја гради историјата (лошиот обид на Заев). Напротив, колку што тој се повеќе станува модерен (прагматичен, создавач, со добра волја – како самодекларираниот Заев – односно лишен да се брани од насилството на историјата – толку ќе има помалку шанси тој да ја создава историјата. Историјата, е сепак процес кој што сам се создава, од никулците што изнедриле од дејствијата во минатото, пред многу векови и милениуми, или пак другата можност е нејзиниот стремеж е да му се препушти не еден се потесен круг луѓе – избраници кои, не само што на масата нивни современици им забрануваат директно или индиректно да интервенираат во историјата што ја создаваат – секое време создава своја историја, туку повикувајќи се на освоената власт и мнозинство (многу релативна и незначајна категорија во однос на големите и клучни прашања – историјата) сметаат Заев и неговата дружина дека смеат, имаат доволно средства на располагање (притвори, судски прогонства, информативни разговори, крајно осиромашување, губење на работно место, постојана демонстрација на сила, закани) дека можат секого од нас индивидуално да не задолжат да го понесеме товарот и последиците од таа нивна модерна сегасоздадена историја. За жал, и искуствено и учебникарски сепак останува слободата да се избира меѓу две можности, кога и се спортивставуваш на историјата што ја создаваат мал број луѓе (како сега Заев, Димитров, Шеќеринска и уште некој од дружината) да застанеш со разум, аргументи, храброст и слобода и да биде гласен, да бидеш тука, да останеш жив. (Да не мораш да избираш меѓу самоубиството и депортацијата или да бараш засолниште во потчовечка егзистенција или во бегство.)

За жал, неодржливоста на Заевиот концепт, бидејќи од мајка е грешно поставен, почнува да се покажува по сите линии, па така освен малкумината, официјално испечатени на платен список (одговорни за лошиот пи ар на Заев), сите „големи мислители и авторитеи“ дури и од времето на бивша Југославија (значи потврдени „величини“) изразуваат јавен сомнеж за она што го прави нивниот надежен, модерен Заев, кој што требаше да им обезбеди живот на сите граѓани. Па, оттаму се негира правилото на марксизмот и фашизмот, дека доведуваат до востановување на два типа историска егзистенција – онаа на лидер (единствениот навистина „слободен“) и онаа на приврзаници, кои во историската егзистенција на лидерот откриваат не архетип на нивното постоење, туку законодавец на движењата што привремено им се дозволени. Веќе, единството во вопсевањето и идолатријата кон Заев, кога и не така одамна се уриваше „режимот“, громко се разнесуваше, се разгаштени и расштимани, а на крајот или тој сам – Заев или евентуално со Рада (но, тоа само како чин на дефинитивна правда, таа сеуште крие нозе, знаете како што) ќе треба да ја платат целата сметка заради тоа што бесрамно го излагаа сопствениот народ, ги изиграа граѓаните, ги превеслаа Албанците, а многу им ветуваа (некако лесно се римува канализација со федерализација!). И на централно и на локално ниво распадот е видлив, очигледен, го чувствува секој граѓанин, без исклучок, граѓанин на Македонија, на Битола. на Скопје, на Охрид, на Прилеп, на Кратово, Стругово, Бучин, Новаци … а најповредени се тие кои им ја дадоа поддршката. Многу се надеваа – многу се излагани!

На овие простори, никогаш не било проблем кој како се вика или кој јазик го зборува. Заедништвото и соживотот (со сите и посебно со Албанците), се одлика на искуството и моделите практикувани со векови, тоа е традиција, на која секогаш кога некој сака да не скара и вознемири, почнува да не учи (само поинаку именувајќи го нашиот модел), па дури и да не кара. Да не дозволиме да не сомеле безумието, оти сме биле праведни и кога сме пишувале манифести (Илинденскиот), кога сме кревале востанија, кога заедно сме се бореле против тие што дрско посегнувале кон тоа што не е нивно. Заедно сме крвареле во Илинденското востание, во НОАФБ и за жал заедно се сопнуваме сите овие безмалку три децении да бидеме Држава.

Тоа мора да престане !!!