Во која држава Заев сака да биде премиер?

Заев вчера му ја однесе папката со 67 потписи на претседателот Иванов со изрично барање да го добиел мандатот најбрзо што можело. На заминување Заев не пропушти да даде изјава со која изразиочекување дека трансферот на власта ќе бил брз и мирен. Така ценел тој и тие околу него.

 

Веројатно поведен од атмосферата на тајност и мистериозност со која си водеја преговорисо ДУИ и со останатите албански партии за барањата содржани во албанската платформаповеќе од 20 дена, Заев мисли дека и сега брзо и мирно Македонците ќе си легнат на брашното и ќе се помират со судбината на промените за „живот“ пред нивната финална смрт.

На очиглед на сите Заев немаше никаков проблем да ги прифати сите барања набројани во албанската платформа. Замислете наместо да се срами, тој се чувствувал горд што мирниот и брз трансфер на власта ќе биде крунисан со исполнување на сите желби на официјална Тирана и на странскиот сценарист за разнебитување на Република Македонија како држава.

Заев е горд што државата на која сака да и биде премиер за неколку години, а може и порано нема да постои во формата во која е денес, и нема да биде со име и со сите атрибути како што е денес. Оттука, сосема легитимно следи прашањето од голем број македонски граѓани до Заев, дали овој човек и овој партиски залутан лидер знае во која држава сака да биде премиер и чии интереси штити во моментов и натаму? Дали оние интереси и цели утврдени во Уставот на државата, или оние во главата на албанските поддржувачи на проектот „Голема Албанија“?

Ако сакаше да ги штити уставните и легитимните интереси на државата Република Македонија, тогаш уште вчера требаше да ја отфрли албанската платформа како противуставна креација стокмена со директна повреда на принципите на меѓународното право, и да ја прифати понудата која стигна од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да работи со поддршка на пратениците од оваа партија за прашања кои нема да задираат во македонскиот идентитет, унитарниот карактер на државата и името на земјата.

Со директното одбивање на понудата доставена од г. Груевски, Заев и практично потврди дека не е заинтересиран да се грижи за националните интереси на Република Македонија, и дека има за цел комплетно да го спроведе сценариото што му е дадено од амбасадорот за конечно, за целосно пресметување со Македонците и македонската држава.

Велепредавникот се спрема да ни стане премиер. Па кај велепредавник, туку и аболициран криминалец за кој цела Струмица и пошироко зборува дека криминално досие како неговото е тешко да се направи во текот на еден живот. За таков криминал се потребни најмалку два живота, велат граѓаните. И за да биде иронијата најголема овој човек е најгласен во продавање морал, чест, чесност и достоинство, продавање пуфки за некаква наводна заштита на Устав, закони, и се што е право во земјата.

Сите албански лидери му се смејат зад грб велејќи дека поголем лажго од него немаат видено никогаш, но поддршката што му ја даваат сега и овде е поради нивната свесност дека ваков лидер повеќе нема да имаат прилика да сретнат на македонската политичка сцена.

Токму затоа и Села и останатите во неколку наврати кажаа дека е ова „историска шанса“ за Албанците во Македонија мислејќи на вистината дека ваков политичар кој е хипнотизиран од задачата дадена од амбасадорот повеќе нема да имаме прилика да видиме во нашиот живот. Оттаму, албанските лидери се живи среќни што Заев постои. Тие нескриено велат да не постоеше Заев требаше да биде измислен затоа што ваква бинго среќа не се повторува два пати во животот. И луѓето се во право. Ним не треба да им се лутиме и да ги кудиме. Треба да се запрашаме ние Македонците како дозволивме овој залутан црпко да ни стане главна политичка фаца и главен политички фактор во државата покрај толку писмени и образовани кадри кои ги имаме, и како се спуштивме до ова дупло дно нашата судбина, судбината на нашите деца и судбината на целата држава да ни зависи од волјата на Заев и неговиот сопственик?

Како можевме да се потцениме до тој степен, да ги испуштиме конците до тука, и да не изреагираме соодветно. Секако, сега мора да се потсетиме на старата и мудра изрека за и во животот дека е подобро да се делува некогаш, отколку никогаш. Токму во знак на оваа изрека соодветноста и на сегашната реакција е многу, многу важна. Не е ништо доцна, додека навистина не биде премногу доцна. Токму затоа, апелирам помасовно и поздушно да му се спротивставиме на Заев и на неговиот директен налогодавец да ги спроведе сите зацртани цели во и со државата, и со сите нас.

Громогласно и ако е потребно и поинаку да му се спротивставиме на Заев и неговите мускетари да го заокружат надворешниот план за тотално уништување на државата, и да застаниме со жив штит во одбрана на се што е македонско.

Никој нема право да продава ништо во Република Македонија без наша согласност и без наша волја. Единствено што Заев може да продава е самиот себе, своето семејство и неговиот сомнителен имот.

 

За продажба на Република Македонија и на се што е Македонско ќе може да планира само преку нас мртви.