Транспарентните лаги и извртени тези на СДСМ

Хаос  и грст невешти лаги и јавни обраќања од Бихаќка по неизмерно големата државничка одлука на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов да не го додели мандатот за формирање на Влада на предавничката групација на Заев. Видлив е хаосот и нервозата, бидејќи повторно се судрија со непремостлива пречка за остварување на својот пеколен предавнички план за уривање на Република Македонија.

Затечени во оваа состојба, разголени пред Македонските граѓани за своите перфидни предавнички намери, веднаш во својот далеку од здраворазумски и човеколик однос кон се што не се согласува и несака да ги спроведе нивните зли цели, тргнаа во транспарентни лаги и извртување на чесните намери на Македонските граѓани, Претседателот Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ (и патем да се потсетиме победникот на последните парламентарни избори) Никола Груевски.

Во оваа фаза на нивната операција за уништување на Македонија, веќе и самите незнаат каде е лагата, а каде е полувистината кога зборуваат. Велам полувистина, бидејќи Заев и неговата предавничка банда никогаш и не ја зборувале вистината.

И веднаш по обраќањето на Претседателот Иванов дека не го дава мандатот на збир предавници за реализирање на туѓи цели и разнебитување на Република Македонија, се огласи врховниот предавник од Муртино обвинувајќи го Претседателот дека извршил „државен удар“. Тешки квалификации за државнички потег и тоа од еден докажан криминалец и отворен предавник на сопствената држава кој со помош на странски служби во континуитет можеби и една деценија работи против Македонија, а беше ослободен од страна на СЈО за обвинението за Пуч. Истиот тој кој онака демократски фарбаше низ Скопје и под чие раководство се запали канцеларијата на Претседтаелот Иванов. Сега овој политички Франкештајн обвинува некого за државен удар. Ова е првата извртена теза во која Црпко сака да каже дека Претседателот Иванов е виновен за државен удар кој самиот Црпнат се обиде да го направи врз Македонија и чии последици сеуште ги чувствуваме.

Втората извртена теза или поточно кажано грст од лаги истури Спасовски во нели „демократската“ Телма телевизија. Една од лагите беше дека „Западна Македонија не е развиена“. Можеби овој предавник не видел како функционираат Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга или неговите нови собраќа и посестрими во растурањето на Македонија не стигнаа тоа да му го покажат. Што се однесува до Источна и Јужна Македонија тука за него е се во најдобар ред, нели таму живеат Македонци и ним не им треба развој. Всушност оваа лага и извртена теза во основа е многу опасна. Имено Спасовски сака да каже дека барањата за финансиска распределба на буџетот по етнички основ ќе се реализира и дека тоа е договорено, но ете го и оправдувањето, а тоа да ти било во неразвиеноста на Западна Македонија. Притоа, Спасовски изјави дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ едните размислувале за Македонците, а другитеза Албанците, а сега еве тој ќе размислува само за Албанците или можеби нешто е во грешка. Но, најточно е дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, се мислеше на сите граѓани и на подеднаков развој на државата согласно приоритетите и за тоа постојат многу видливи докази. Во овој контекст на извртени тези мора да ја кажам и тезата на Спасовски дека „Куманово е неразвиено“. По чија тоа вина Куманово е неразвиено Спасовски, кој во Куманово е на власт последниве 25 години? На која функција си ти во општина Куманово и колку тоа го развивте градежниот бизнис со другарти Циц и кој е виновен што во Куманово некаде сеуште нема канализација и водовод, а да не зборуваме за асфалтирани улици или безбедно сообраќајно уредување во Куманово? Ова се прашањата на кои треба да одговориш, а не да сееш магла како и вообичаено. Потребно е заедно со твојот покровител и соучесник Заев да одоговрите на прашањето: ДАЛИ ВО ЦЕЛОСТ ЈА ПРИФАТИВТЕ АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА ЗА ДА ДОБИЕТЕ ВЛАСТ? Ова е клучното прашање на кое морате да одговорите пред Македонските граѓани, бидејќи во збирот на глупости кои ги кажавте, а всушност ништо не кажавте, споменавте дека „по добивањето на мандатот конечно ќе се договорите“. Што договаравте досега? Или и ова е само една од многуте лаги за да го измамите Македонскиот граѓанин за тоа што му скроивте и се заради вашата силна желба за власт?

Многу прашања има Македонскиот граѓанин до Заев и Спасовски и сите предавници, но никаде одговор.

Затоа ќе се осврнам на третата извртена теза од оние многуте кои ги пласираат СДС-то и предавниците, а се со цел да го замајат и дезориентираат Макеоднскиот народ и граѓаните. Имено станува збор за тврдењето на Заев дека нема потреба од повторување на парламентарните избори, со тенденциозно и калкулантско образложение дека тој има мнозинство и дека изборите би довеле до паѓање на ВМРО-ДПМНЕ. Во исто време Заев несакајќи си призна дека успеал да добие на време и да се се одработи така како што се замислило кај неговите наредбодатели. Ете токму тука се небулозите и антитезите на Муртинецот Црпко, дека на следни избори тој пак би добил и зошто Македонија да губи уште уште три месеци. Понатаму објаснува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе падне во бројот на пратеници, а во исто време и дека оваа Влада неможе да спроведе избори. Да се објасниме по ред:

Прво, да не заборавиме дека за да биде целосно и крајно прецизно спроведена и до максимум реализирана операцијата на странскиот фактор со предавникот Заев и СДС-то и реализација на туѓи цели во Македонија, токму тој Заев и неговите предавници на два пати ги одложуваа изборите со разно-разни изговори и поддржани од чичко Бејли. Дали тогаш Македонија имаше време за твоите зафрканции Заев или тоа беше смислениот план додека не ги подготвите парите и поткупот за изборите, а сега веќе не сте во сосотојба и немате финансиски извори да ја повторите истата операција?

Второ, доколку е сигурен дека повторни парламентарни избори за три месеци би довеле до паѓање на бројот на пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, зошто тогаш не прифати брзи повторни парламентарни избори. Според секоја логика тоа би му дало чиста предност да со победа на изборите има право да го добие мандатот и настапи со своја Влада во коалиција со кого сака и за чии интереси сака. Вака останува едноставното спознание дека како и вообичаено Заев манипулира со граѓаните и бега од избори, бидејќи ова е максимумот кој можеше да го добие со лаги и поткуп, а сега е време кога мора да го испорача тоа за што е платен да изработи.

Трето, како сега одеднаш сака тој да формира Влада и таа да спроведува избори, а не оваа и така техничка Влада или можеби некоја нова „Привремена влада за спроведување на избори“ како што бараше тој самиот кога тоа нему му одговараше.Се поставува уште едно логично прашање. Какви тоа преседани би направил Заев доколку повторно оди на избори и тие ги спроведе некоја нова техничка Влада, кога тој досега вметна безброј преседани во нормалното функционирање на Република Македонија.

И последно кое треба Заев да го одговори е: „Дали тоа започнал да се занимава со јавни уцени и политички поткуп, (за тоа дека е уценувач и другиот поткуп сите знаеме) на пратеници од коалицијата За подобра Македонија, штом јавно изјави дека бројот на пратеници кај оваа коалиција ќе падне на 47 и кои се тие 4 пратеници кои се обидува да ги уцени или поткупи и со што ги уценува и со чии пари ги поткупува?

Многу прашања за Заев и неговите предавници од СДС-то, а никаде одговор. Убеден сум дека Македонските граѓани самите наскоро ќе го побараат тој одговор од Заев, потполно толку брзо колку што нему му се брза да формира нелегитимна предавничка Влада која ќе работи на растурање на Република Македонија.

И да заклучам на крајот. Клучната извртена теза на Заев е дека упорно се обидува да се претстави како жртва на режим, притоа не се појавува на судењата, СЈО го ослободува од видлива вина, странците го подпомагаат, а тој се заканува на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ со затвор, нарекувајќи ги криминалци.

Оваа последна и најважна антитеза или пермутација на вината на Заев несмее да помине. Заев мора најпрво да даде одговор на сите прашања кои се најдоа во оваа колумна, но и на многу други прашања кои Македонските граѓани реално имаат да му ги постават, надвор од наместените емисии со оној инфантилен претседател на ЗНМ кој се од нешто е исплашен. Потоа, откако ќе одговори на прашањата на граѓаните, Заев треба да одговара за своите злодела против Македонскиот народ, Македонските граѓани и Република Македонија.

Муртинецу, аболициран криминалецу, ПРЕДАВНИКУ, ти си на ред да дадеш одоговор на сите прашања и тоа јавно, пред граѓаните да дојдат по своето.