СТРАТЕШКО УХЛЕБУВАЊЕ

Кога се чита владината нацрт-стратегија за реформа на правосудниот сектор се добива впечаток дека станува збор за политичка програма на СДС и нејзините пајташки„невладини“ организации, а не за државна нацрт-стратегија. Многу дрскост и многу политика има во нејзините страници. Кога сме кај дрскоста на подготвувачите замислете немале ни срам ни перде кога во точката актуелна состојба во граѓанскиот сектор без никаква задршка констатирале дека „организациите од граѓанскиот сектор (ГО) имаа значајна улога во македонското општество изминативе години како клучен фактор кој придонесе за разрешување на политичката криза во земјата, и одржување на минималните професионални стандарди во правосудниот сектор“. Фрапантна и зачудувачка„експертска“ констатација.

Според „стратезиве“ испаѓа дека „шарениве“ со нивните улично-фарбарски перформанси  придонеле за одржување на минималните стандарди во правосудниот сектор!? И уште повеќе дека„шарениве“ ни биле клучен фактор во надминување на политичката криза, само што ние не сме знаеле за тоа.Да се крсти и прекрстува човек со две раце.

За една ваква стратешка глупост зачудува што нема никаква реакција ниту од експертската јавност,ниту од судиите и од здружението на судии. Вакво директно понижување на македонските судиинемам одамна прочитано.

Констатацијата дека без граѓанскиот сектор македонските судии нема да можеле да ги одржат ниту минималните професионални стандради во правосудниот сектор е повеќе од скандалозна.

На ист ранг по скандалозност е и точката 3.6. Пристап до правдата, 3.6.1. Бесплатна правна помош каде„стратезите“ предлагааткако „стратешка насока“ да се донесе нов Закон за бесплатна правна помошсо кој на нов начин би требало да се уреди обезбедувањето на правната помош за најранливите категории граѓани.Наместо пристап до правдата оваа точка комотно може дасе преформулира како пристап на „шарените“ граѓански здруженија до државните пари и до непосредното делење на правдата за граѓаните.

Замислете големите „стратези“предлагаат воведување „ефикасен систем за претходна правна помош (информации и советувања) составен од граѓански организации и правни клиники со посебен фокус на најранливите категории лица при што, пазете внимателно, правниот совет треба да бидепрепознаен како клучен во решавањето на правните проблеми“.Оваа точка слободно може да биде преформулирана водржавно ухлебување на „шарените“ и матните. Очигледно странските пари почнаа даим секнуваат па сега „шарениве“ се приморани преку стратегии да бараат нови изворчиња. И, оп, најлесно достапно изворче им е државниот буџет. Плус, сега кога нивните се на власт тој извор ќе им тече подмачкано, како мед и млеко.

Срамотилакот на „стратезите“ е во тоа што преку целава оваа измама точно одредени граѓански здруженија сакаат да ги прикажат како големи хуманисти и помагачи на најранливите категории граѓани, а всушност, во позадинатаграѓанскиве правдољубци бараатпокритие преку стратегијата да добијат правен основ зараспределба нашто е можно повеќе народни парипомеѓу себе. И најпроблематично од сė е штотаквите нивни правни совети се бара да бидат сметани како клучни во решавањето на правните проблеми на граѓаните!? Срам и арам за стратезиве што без пардон и усул шират демагогии и шарени лаги меѓу граѓаните.

Како прво, до сега на ниту една граѓанска организација никој и никогаш и нема на каков било начин попречено волонтерски да дава информации и советувања на граѓани соочени со одреден правен проблем, па во тој контекст и на најранливите категории граѓани. Тоа никој го нема оспорено како можност. Напротив.Сите граѓански организации што поседуваат капацитети и знаење за давање правна помош и до сега биле охрабрувани да им помагаат на граѓаните со информации и советувања како полесно да ја разберат правната терминологија, и како да им се олесни пишувањето дописи до судовите, и до другите органи.

Второ, предлогот во нацрт-стратегијата оди многу над ваквата и до сега предвидена законска можност, и има за цел со закон да гарантира дека правните совети на граѓанските организации и правните клиники ќе добијат статус на „клучни“ во решавањето на правните проблеми. Оваа формулација има за цел подигнување на граѓанските организации на ниво на судии, бидејќи согласно насоката во стратегијата, нивните правни мислења и совети судиите ќе мора задолжително да ги земат предвид при носењето на одлуките што е правен преседан.

Од друга страна, „овластувањето на граѓанските здруженија да изготвуваат правни писмена во управна постапка, а притоа да биде обезбеден надоместок на овластените здруженија за даден совет“ упатува на внесување уште еден мошне сериозен и опасен правен преседан во системот. Зошто се преферира изготвување на правни писмена само во управната постапка, и како да се чита контрадикторноста на веќе следната стратешка насока дека „правната помош треба да се однесува на сите правни области, вклучително и на вонсудските постапки“!?

И како најскандалозно од сė е зошто токму сега се бара „унапредување на финансирањето на системот за правна помош доведувајќи го поблиску, како што е истакнато во нацрт-стратегијата, до средната вредност на ЦЕПЕЈ во однос на БДП на државата„? Не може, а да не прашаме зошто токму сега кога „стратезите“ предлагаат можност овластени граѓански здруженија да даваат правна помош на најзагрозените категории граѓани наеднаш се зголеми интересот и за унапредување на финансирањето на системот на правна помош?

Дали се работи за конкретен интерес на некој/некои членови од Советот за реформа на правосудниот систем ова прашање да се уреди за по нив поисплатлив начин со цел згрижување на нивните граѓански здруженија и правни клиники под државни јасли, преку нивно стратешко ухлебување со државни пари?

Во услови кога се инсистира да се зголеми финансирањето на бесплатната правна помош со државни пари, а од друга страна, не се предлага кој ќе ја одредува тарифата, кој ќе го врши исплаќањето на зголемените надоместоци, и кој ќе го контролира целиот финансиски процес на исплата на надоместоците, логично се заклучува дека стратегијата ќе овозможи добар профит за „шарените“ во нивната душегрижна мисија за помош на сиромашните!