вторник, 21. август 2018. Вести денес: 50
home Колумни

Стратегија за обврски, не за фалење!

Стратегија за обврски, не за фалење!

ЕУ преку амбасадорот Жбогар ни ја достави Стратегијата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Супер.

И гледам еуфоријата уште не престанала да ги мава по чело Заев и Рада демек радоста без граници е резултат на нивниот голем успех што го постигнале во политиката и во работата. Бреј.

Од толку што се претегнаа од работа сакаат да ни кажат дека еве само што не сме влегле во Унијата.

Од пуста еуфорија вчера Заев се потепа да им каже на соседите дека тој ги подготвува граѓаните за промена на името и дека ете сите ние сосе него на чело сме биле согласни   на таквиот чекор.

Кај и да е и оро ќе заиграме пред Собрание од среќа.

Од толку што сме сите пресреќни еве Заев ита побрзо да и ја земе концесијата на последната опозициска телевизија во земјата за да завладее целосен мрак од среќа и за да сите граѓани бидат унисоно информирани за тоа колку е голем успехот на Заев и Радојка.

Секако од прва рака, на секој канал ќе бидеме директно информирани за количината на таа среќа од водоносецот Петарчо Арсовски, од Маринчо, Бојанчо и тие таквите со црвени обравчиња кои имаат мисија да ни ја вдахнат среќата на лидерите и нам.

На изворната среќа од Илинденска бб а богами и од Илинденска без име и нема крај.

Власта дефинитивно остварува!

Во контекст брзо побрзо да ги исполни сите елементи од владеењето на правото, што како клучно е наведено во Стратегијата, Заев и Рада ни го трасираат патот кон тоталитарниот пропагандистички мрак. Следно што очекуваме е кај и да е да ја видиме на дело толку најавуваната колона на Заевите следбеници по улиците во Скопје. Колоната од долга подолга. Кај и да е ќе ги видиме по улиците во Сталинистички тип построени сите министри, “авангардната” ни “интелектуала” и сите останати како гордо маршираат за одбрана на срамот наречен национално самоубиство со умисла.

За да Заев ја засили пропагандава сигурно ќе следат и рекламни спотови на 100% сите од него освоени телевизии со кои ќе не убедува колку е уствари фино сам себе да си се обезличиш. Колку е тоа нели така бонбона бизнис.

Да се вратам на стратегијата.

Убаво Унијата си напишала што се очекува од нас за да почнеме да преговараме со нив.

Прво нели и најважно што мора да докажеме е дека во земјава ни владее правото.

Е како бе Заев ќе го докажеш тоа кога на чело на сите комисии за реформи си лично и персонално ти претседател?

Како имаш образ да зборуваш за реформи во правосудството кога си човек обвинет за криминал?

Какви реформи во администрацијата ќе направиш бе Заев кога самиот си се нарече канибал кој верува дека канибалството на живи луѓе е најдобрата реформа во администрацијата.

Со кое владеење на правото ќе се пофалите заедно со Рада кога пративте во притвор и ги обвинивте за тероризам луѓе што вееја македонски знамиња и што пееја македонска химна?

За какво владеење на правото ни зборувате кога на најсомнителен начин во Влада си продавате државен имот?

За кое владеење на правото зборувате кога амнестирате над 2000 луѓе претежно крадци, разбојници и тепачи…или сега најмногу ви требаат токму вакви за да ни ги сснете по улиците ако се побуниме за промената на името?

За какви бре реформи зборувате и за какво владеење на правото ни бладате кога си местите внуци, стрини, синови, ќерки во судовите, во локална и централна администрација, во СЈО и каде уште не, преку ред и без никакви критериуми?

Ај да го тргнеме владеењето на правото настрана како тотален промашај.

ЕУ бара од вас да покажете економски развој, барем така ви е напишано во стратегијата со која се фалите.

Со каков економски развој ќе се пофалите во Брисел? Со задолжувањата од милијарда и половина за само 7 месеци владеење, со даночното шурење на граѓаните, со поскапувањето на бензините малтене секоја недела, со бркањето на луѓе од работа, со 0 странски инвестиции, со 0 капитални инвестиции, со што?

За каква безбедност ќе им зборувате на Могерини и Хан во државата кога таква безбедност нема, кога граѓаните се исплашени за сигурноста на своите имоти, домови, деца, кога нема ден да помине без да слушаме за извршени пљачки по маркети, насилни разбојништва по менувачници, касина, обложувалници, домови.

Не навистина за каква безбедност зборувате? Можеби вие се чувствувате и повеќе од безбедни опкружени од вашите снагатори ама ние обичните граѓани сме далеку од безбедни.

И престанете да лажете и да сушите дека сте ја добиле нашата согласност за промена на името!

Ниту сте добиле такво нешто ниту ќе добиете!

Престанете да си играте бајрам со умот и да се расфрлате со лаги и бесмислици.

Никој не ви дал право да не преименувате! Престанете со големите лаги и кажете им на граѓаните дека влезот во Унијата е далечна работа на која можеме да се надеваме дури после 2030 година, и дека ништо од тоа што очекува Унијата од нас немате направено!

Дека сте обичен лук и вода! Море и лукот е за вас поим!