СОРОС-УБИЕЦ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Конечно. Започна до сега најотворената битка против најголемото светско зло, човекот кој ја уништи вистинската демократија, човекот кој слободно може да се нарече демократски злосторник кој ја изврте суштината и вредноста на демократијата поради своите и интересите на своите финансиски пријателчиња-мултимилијардерот Џорџ Сорос. Овој човек сосема заслужено започна да се соочува со огромен граѓански и политички отпор како во САД, така и во Европа, но и во Израел. Човекот што во една прилика рече дека „ Уништувањето на Америка ќе биде кулминација на мојата работа во животот“ ја покажа целата своја социопатолошка омраза и злоба кон национализмот и кон слободните нации.

 

Но, што добро може да се очекува од човек кој израснал во семејство кое никогаш немало свој национален идентитет, што добро да се очекува од човек кој 1944 година ја нарекол „најдобрата година во неговиот живот“ поради тоа што половина милион човечки животи биле погубени од кои најголем број Евреи. Што добро може да се очекува од најголемиот берзански измамник кој некогаш е виден на светските простори, најголемиот финансиски манипулатор кој заобиколувајќи ги правилата на слободниот пазар создаде економски и политички хаос во многу држави во светот. Поради неговите предаторски и шпекулативни активности на берзанските пазари, Сорос е најпознат и по тоа што ја банкротираше Банката на Англија. Сорос ја направи својата прва милијарда во 1992 година преку девалвирање на Британската фунта на грбот на огромен број британски работници кои најдиректно ги почувствуваа последиците од ваквата девалвација. Токму британските работници преку ноќ ги изгубија своите животни заштеди и се најдоа пред личен банкрот.

Иако во медиумите кои целосно ги контролира е најчесто претставуван како голем „филантроп“ и „финансиер-донатор“, вистинското лице на Сорос е криминално и нехумано. Целата негова филозофија на делување е многу едноставна. Делувајќи манипулативно преку берзите и преку неговите оф-шор хеџ фондови, познати како Квантум фондови, Сорос создава бројни вештачки кризи во различни делови од светот, за да потоа се јавува како спасител, како најголем заштитник на „човековите права“ на граѓаните на тие злоупотребени и манипулирани држави преку различни форми на „хуманитарни интервенции“ на ООН. Болниот ум на Сорос ја злоупотреби смислата на терминот заштита на човековите слободи и права посебно во државите од Источна Европа и Африка, а највоочливо во Судан и во Дарфур, регион на западен Судан. Неговата теорија на делување е уште позната како план за „социјален инжењеринг“ во земјите, план за „отворени граници“ на општествата кои треба да бидат заштитени од ООН. Овој „филантроп“ посебно се воодушевува од неговата креација мантра за човековите права управувана од глобалниот мегафон-ООН, која според неговите зборови, е одлична алатка за манипулирање на јавните политики во секоја земја.

Во една пригода Сорос ќе рече: „Алатките те раководат, не принципите“. Во исполнувањето на зададената мантра тој не делува самостојно. Со себе го понесува секогаш подготвениот оркестриран, од никого неизбран, и неодговорен невладин сектор кој наводно ги претставува „цивилните општества“ во различните држави во светот. Заедно со НВО секторот, Сорос ги користи и ги става под своја закрила и Демократските партии, и претседателите кои ги раководат овие партии, и тргнува во брутален напад на државите и властите кои ги има претходно пикирано.

Сорос е антитеза на политиката за вистинска заштита на човековите права. Тој е брутален убиец на човековите права. Сорос е тотална спротивност на визијата за заеднички, неповредливи и неограничени права и слободи на слободниот граѓанин создадена од познатите визионери кои ја основале Америка, ООН, и другите меѓународни организации. Сорос е искривоколчена слика на неговиот наводен учител Карл Попер. Класичната манипулација и примената на таквата манипулација врз термините „човекови права“ и „хуманитарна активност“ од страна на Сорос во многу земји доведе милиони граѓани на раб на сиромаштија и загрозување на животните услови. Сорос верува дека слободни и успешни граѓани не можат да бидат владејани. Граѓаните можат да бидат управувани само ако се очајни и гладни. Во светот на Сорос, „човековите права“ кои им се дозволени на масите се само оние кои раководните елити (читај:Сорос) ги избираат за нив, само оние права кои елитите им ги дозволуваат да ги реализираат. На овој начин, со овие размислувања Сорос се наметна над народите во Тајланд и Малезија. Во една прилика премиерот на Малезија, Махатхир Мохамед, го има наречено Сорос „терорист и морон“, додека еден Тајландски активист го нарекол „вид дракула кој ја пие крвта на луѓето“.

Сорос беше длабоко инволвиран и во распадот на поранешна СФРЈ, во настаните во Грузија, Украина, Бурма… И покрај тоа што себе си се нарекува голем филантроп, неговата улога во светот е да ја наметне глобализацијата како нужност која нема алтернатива, и да раководи со воспоставениот нов светски поредок заради задоволување на своите големи финансиски интереси. Многумина аналитичари во светот го нарекуваат Сорос човек без свест и совест, алчен капиталист кој функционира со апсолутна неморалност.

Неодамна, Унгарија го казни неговото претставништво во земјата 2.2. милиони долари заради вршење незаконски пазарни манипулации. Унгарската економија беше доведена во сериозна опасност токму поради Соросовото девалвирање на вредноста на најголемата банка во оваа земја. И неговата улога во мигрантската криза во Европа е исто така многу голема. Се смета дека неговиот план за „отворени граници“ преку кои се слеваат милиони бегалци во Европа е еден од начините какосветската елита, вклучително и Сорос, ќе се обидат да ги избришат државните граници и да го злоупотребат радикалниот Ислам и ксенофобијата за елиминирање на Христијанството во Европа. Токму заради оваа цел, Унгарија, родната земја на Сорос, се обврза дека ќе изгради ѕид по примерот на Трамп кон Мексико со цел да го спречи Сорос и неговата „глобалистичка“ политика да ги уништи суверените европски држави.

Единствената земја која Сорос не успеал да ја контролира до сега е Русија. Иако имаше неколку обиди за тоа. Да потсетиме дека во 1994 година Сорос триумфалистички се претстави како топ комунист во светот нарекувајќи ја поранешната Советска империја Империја на Сорос. Скандалот со Русија што изби во 1999 година, а кој беше инжињерски производ на Сорос ја колабираше економијата во Русија. Девалвацијата на руската рубља беше резултат на неговото директно вмешување во руската економија, проект кој подоцна беше наречен „најголем општествен грабеж во човековата историја“. За среќа по Русија, идејата на овој манипулатор за создавање Соросова империја не успеја, бидејќи тој едноставно не успеја да ја крахира економијата на Руската федерација. Руската политичка прагматичност заедно со посебниот систем на вредности кој постои во оваа земја, а граден врз традиционалното почитување на семејните вредности, и културата на „националната држава“ го победи Сорос. Рускиот позитивен национализам го блокираше Соросовиот глобализам. Тој беше блокиран и преку преземените активности од страна на Путин во 2015 година за целосна забрана на делувањето на невладините организации финансирани од Сорос во Русија. Фондацијата „Отворено општество“ и институтот „Отворено општество“ во Русија беа прогласени за закана по основите и темелите на уставниот поредок на Русија и по националната безбедност на државата.

Неодамнешните протечени документи откриваат дека Сорос продолжува да финансира неколку групи кои дејствуваат и против Израелската држава. „ДЦ Ликс“ открива дека Сорос има историја во финансирање на неколку анти-израелски групи: PILI Foundation, Mada al-Carmel, The Galilee Society, Adalah, Al-Tufula Center, the New Israel Fund, Women Against Violence, Kayan-Feminist Organization, Ma’an, Injaz, Sidreh, Lakiya, Baladna, Arab Association for Human Rights, the Mossawa Center, National Committee of Heads of Arab Local Authorities in Israel, and Molad. Сите овие групи работат и делуваат против интересите на Израел и ја поддржуваат политиката на бојкот и санкции кон неа. Некои од овие групи одат до таму што тврдат дека Израел нема право да постои, ниту дека Израелскиот народ има право на своја држава.

Гласот против Сорос е се погласен. Европските, американските, израелските граѓани се освестија. Сорос и неговиот нов светски поредок е прочитана книга, проект кој се повеќе губи од значење и сила, проект кој оваа година ќе доживее вистински дебакл.