СКАНДАЛОЗНО НЕЗАКОНИЕ

Јавноста е сведок на скандалот што Државниот инспекторат за локална самоуправа го направи со носењето решенија со кои ги запре од примена решенијата на советите на 12. општини за распишување референдум на локално ниво. Јавноста ја виде сета дрскост на директорот на Инспекторатот кога на прес конференција ја соопшти скандалозната одлука на овој орган криејќи се зад Уставниот суд.

Запирањето од примена на решенијата на 12. општини е поради, како што рече директорот Муслиу, направениот надзор од страна на овој органво којнаводно се констатираниодредени неусогласености меѓу Законот за локална самоуправа, од една, и Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, од друга страна.Значи, според мислењето на директорот, донесените решенија морало да бидат запрени од примена порадиодредени констатирани неусогласености што инспекторитенаводно ги воочилемеѓу двата закона!?

Наместо директорот на Инспекторатот да и објаснеше на јавноста дали неговите инспектори ја ценеле законитоста на донесените решенија согласно Законот за локална самоуправа, што е единствено негова надлежност и овластување, тој одлучи да не замајува дека наводно ценеле нешто што воопшто не е во надлежност на овој орган, а тоа е дали меѓу двата закона постои некаква наводна неусогласеност.

Согласно член 23 одЗаконот за државниот инспекторат за локална самоуправа,овој орган е надлеженда запре од примена некој пропис на општината ако тој е неусогласен со Уставот или со законот. Законот за кој е надлежен да врши надзор Инспекторатот е Законот за локална самоуправа.

Ова значи дека Инспекторатот можел да донесе решение за запирање на решенијата на општинските совети само ако оценел дека таквите решенија се донесени во постапка или на начин кој е спротивен на одредбите содржани во Законот за локална самоуправа.

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправаили не ја познава својата надлежност и материјата на која работи,или намерно со своето постапување имал за цел да го прекрши Законот.

Прво, на прашањето дали ќе има или ќе нема референдум во општините не одлучува директорот, ниту инспекторите во Државниот инспекторат, ниту кој било друг државен орган во земјата.За ова прашање одлучуваатединствено и само граѓаните и од нив избраните претставници воопштинските совети. Во член 28 од Законот за локална самоуправа се вели дека граѓаните преку референдум можат да одлучуваат за прашања од надлежност на општината, како и за други прашања од локално значење.

СОВЕТОТ Е ДОЛЖЕН ДА РАСПИШЕ РЕФЕРЕНДУМна барање од најмалку 20% од избирачите на општината што значи дека ако граѓаните бараат распишување на референдум, по тоа барање советите задолжително постапуваат позитивно.Исто така, Советот може да распише референдум за прашања од негова надлежност, по сопствена иницијатива. Одлуката донесена на референдум е задолжителна за советот.

Овој член јасно покажува дека прашањето за тоа дали ќе има или ќе нема референдум може да зависи исклучиво од волјата на граѓаните и од одлуката на советите на општините, а не од директорот или од инспекторите на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Волјата на граѓаните за распишување референдум е суверена и неприкосносвена. Таа им е загарантирана со Уставот на РМ, и со Европската повелба за локална самоуправа и суверено им припаѓа на граѓаните во општините. Сосема друго прашање, кое мора да се разгедува независно и без повреда на волјата на граѓаните, е какоќе се организира тој референдум. Организациско-техничките аспекти на референдумот се уредени во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, и истите не смеат да се мешаат или да се ставаат во ист кош со јасно изразенатаграѓанска одлука дека референдум мора да има.

Она што Државниот инспекторат за локална самоуправа незаконски го направи со запирањето на решенијата е што овој орган намерно не сакал да ја одвои волјата на граѓаните изразена преку нивната иницијатива за организирање референдум и решенијата на општинските совети кои мора да ја следат таквата волја, од една страна, одсамата референдумска постапка, односно од организациско-техничките прашања, од друга страна. Со ваквиот чин ДИЛС неуставно и незаконски ја запре волјата на граѓаните што е дрскост, безобразие и волунтаризам од највисок вид.

ДИЛС неуставно и незаконски ги запре решенијата на општинските совети.

Со ваквото запирање овој орган директно ја попречи неприкосновената волја на граѓаните која е уставно загарантирано право на граѓаните. За ваквото грубо кршење на Уставот, на Европската повелба за локална самоуправа, и на Законот за локална самоуправа директорот на Инспекторатот ќе мора да понесе кривична одговорност.

Директорот ќе мора да се соочи сокривична одговорност порадизлоупотреба на својата службена должност и овластување со која директно го попречи правото на локална самоуправа на граѓаните, и директно го попречи неприкосновеното право на остварување на суверената волја на граѓаните!

Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска