СЈО КАУБОЈКИ

СЈО продолжува да се мајтапи со законот и со владеењето на правото во земјата. Продолжува незаконски да ја тера црпнатата мисија на жигосување луѓе, на спроведување спектакуларни истраги со медиумски помпи и кршење на законите.

Каубојките продолжуваат во транс да драматизираат, да прават спектакли, упади, полициски сензации налик на оние од времето на УДБА. Каубојките продолжуваат да креваат прашина зад себесо надеж дека од нивната прашина нема да се видат глупостите што веќе во тони ги пакува нивниот црпнат газда. Дали овие каубојки читаат закони или исклучиво се палат на партиски и странски директиви не знам, но едно знам. СЈО стана синоним за незакониево земјата. СЈО секојдневно и без срам го гази уставното начело на легалитет на најдрзок начин.

И најстрашно од сė е што никој од надлежните и надредените не реагира и не се потресува поради тоа. Страв ли е во прашање, или незнаење само еден Господ знае.Молк и штама од Советот на јавни обвинители како да се работи за случај на незаконитост направенод некој орган во Уганда, а не во Македонија.

СЈО продолжува да тера нескриена изборна и политичка кампања во полза на СДС. СЈО се изживува врз законите, му се искезува на правниот систем во лице и се става себе си над целото македонско и европско право.

За СЈО не важиниту Устав, ниту Закон за јавно обвинителство, ниту член 22 од Законот за СЈО. А токму таму многу прецизно и со болдиран наслов стои:Краен рок за покренување на обвинение Јавниот обвинител кој раководи со Јавнот ообвинителство, значи Катица Јанева, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“.

Што во овој член не им е јасно на каубојките?

Рокот од 18 месеци им истече точно на 30 јуни годинава, за некои предмети и порано. Од каде нашава главна специјална обвинителка го црпи правото да спроведува нови предистражни и истражни активности и дејствија, да отвора нови предмети и допрва да формира случаи кога за такво нешто нема ниту законско овластување, ниту пак мандат?

Дали на Катица и е воопшто познато начелото на владеење на правото, а не начелото на владеење на умислени кокони?

Дали Катица знае дека законитоста, која значи супрематија на правото, а не на уфилмани правнички, правната сигурност, со значење на сигурност во стриктната примена на законите, а не по принципот „ко му иде“, системската заштита од злоупотреба на моќта без разлика за каква моќ станува збор, вклучително и онаа на СЈО, еднаквоста на сите и на секого пред законот, и пристапот до правдата, се единствените критериуми по кои таа и нејзините помошнички треба да работат?

Дали Катица знае дека овие елементи се јадрото, сржтта на начелото на владеењето на правото и дека таа со своето однесување директно ги покосува овие елементи како сува слама?

Или, можеби, Катето влезе во филм дека нејзиното СЈО веќе стана дел од редовното Јавно обвинителство на РМ па за да не губи време брзо побрзо си отвора нови и нови предмети по избор на црпнатиот во ек на изборна кампања.

Изгледа Катето пак се збуни како на снименото интервју на МТВ па наместо да го чита законот и што е напишано во него си го чита водичот во извештајот на Прибе. За неа и вака и онака законот нема никакво значење. За неа Прибе е закон, а ЦрпкоУстав!