Северни ветришта од јужната земја

Пристигна човекот од јужната земја кај човекот во северната земја и човекот од северната земја му се понуди на чичкото од јужната земја бидејќи тоа е модерно. Па нели живееме во 21-от век, како што кажа човекот од северната земја.

Се е како во бајка, приказна во која не постојат личности, институции, држави, нации, со свои територии и уставни имиња. Но, очигледно дека во оваа приказна на крајот само оние од северната земја ќе останат безимени, а оние од јужната земја во договор со оние од источната земја, од западната земја и од посеверната земја ќе бидат победници во глупавата и крајно перфидна „недипломатска“ игра на оние црпнатите од северната земја. А, кутрите тие црпнати од северната земја што ли имаат во главата наместо мозок, а нели нивниот ѓон Црпко се фалеше дека се државотворна партија на која не и приличи патриотизам (каква државотворност со анационалност).

Е па да расчистиме со конкретни факти по кознае кој пат, за да на Македонскиот народ и на сите граѓани на Македонија односно како што по се изгледа во иднина ќе треба да гласи: „за да на народецот од северната земја“, му стане јасно каде тоа ѓон СДС предавничка на чело со ѓон Црпко и северново човече со помош и за сметка на јужната земја ја дуваат Македонија и целата нација.

Прво, нацијата не се создава ниту менува или укинува по волја на некаков си надуван чичко од јужната земја, таа е создавана низ децении наназад, а во Македонскиот случај цели два века и продолжува и во трето столетие како резултат токму на ваквите негаторски политики и пропаганди на ветровитиот Балкан и црпнатите, издувани, извеани и анационални трупови од ергелата на ѓон СДС.

Второ, создавањето на нацијата поминувало низ многу фази низ историјата, позтивни или негативни, односигеополитички наклонети или не помеѓу регионалните и големите сили, но најважно е тоа дека е сочувана идејата за формирање на Македонска нација и држава како историска и колективна меморија и цел на Македонскиот народ и граѓаните кои Македонија ја сметаат за своја татковина и како таква ја сакаат, а истата ја остваривме во оваа време.

Трето, опасностите по развојот на нацијата и државата, ризиците и заканите врз националната, а во исто време и личната и јавната безбедност на граѓаните на Република Македонија насочени кон уривање на државата никогаш нема да престанат и против нив државата со своите институции треба да се бори континуирано и на внатрешан и на меѓународен план, бидејќи државата е за векови, а не за еден црпнат мандат.

Четврто, оформената со судни маки Македонска држава и нација, должни сме сите ние поединечно да ја сочуваме и како таква предадеме на нашите идни генерации во исправна состојба, со јасно самосознание како Македонци во Република Макеоднија – меѓународно правен субјект, признаен од над 100 држави во светот. Држави кои не ги засега грчката искомплексираност, кој знаат какви геноциди се извршени врз Македонското население во балканските и првата светска војна и во граѓанската војна во Грција, а кои се чудат и смеат на црпнатата политика на ѓон СДС, бидејќи такво нешто кај нив едноставно е невозможно да се случи, затоа што народот и институциите веднаш демократски ќе и пресудат на предавничката банда колку и да е црпната.

Ова е она што сите го гледаме на дело, го знаеме и верувам длабоко во себе чувствуваме, она од чија загуба ни се тресе душата како да одиме на страшниот Христов суд, суд на кој покрај другото ќе бидеме судени и за предавство (не преземање мерки за одбрана) на сопствената татковина и со тоа и однародувањето (или губењето на душите) на ближните свои (идните генерации). А, впрочем и каде тоа ние самите, а во иднина и нашите деца (особено по спроведувањето на политиките на оваа предавничка влада) ќе можеме да се наречеме Македонци, од Република Македонија, со нација Македонска и Македонски јазик, култура, историја, црква и сето она што не обележува и прави различни од другите како дел од едно општо светско цивилизациско наследство во кое сме дале свој историски придонес, а кој придонес сакаат да ниго одземат, одземајќи ни ја историјата, јазикот и однародувајќи не се додека не ни ја одземат и државата или земјата на нашите татковци.

Дали по овие северни ветришта од јужната земја народе мој Македонски ви стана јасно што ѓон Црпко ви подготвува на вас, на сите нас и на вашите, на нашите идни генерации и на нашата татковина? Доколку уште се прашувате дали тоа е можно, тогаш свртетет се наназад и не бидете со кратко паметење, а еве и јас ќе ве потсетам што направи ѓон Црпко со неговото ѓон СДС за само три месеци одкакао ја формираа нивната марионетска влада:

1.Потпишаа договор за добрососедство со Бугарија, а кој договор е на штета на Македонија, бидејќи на крајно вулгарен начин и става меѓународни обврски на товар на Македонија, ја доведува во потчинета состојба и зависност во однос на добрата волја на Бугарија, врши интервенција во историјата и образованието во Македонија како политичка алатка на Бугарија во сегашните и идни релации и влијанија во ЕУ, на билатерален и меѓународен план. Притоа, никаде не е наведено признавање на Македонската нација и јазик (или барем de factoприфаќање на прагмата дека Македонската нација и јазик суштествуваат во живот и во светот) од страна на Република Бугарија.

2.Тресеше глупости дека нема никаква Тиранска платформа, не правеше слепи при очи и глуви при уши, не правеше дека сме глупави и недоветни, ветуваше дека нема ништо такво да спроведе, даваше „гаранции“ кај Претседателот Иванов (за што и тогаш реков и пак ќе кажам и се извинувам на вулгарноста „куче кажало-куче излажало“), кога „оп“ еве ти ја платформата на виделина. За 10-15 дена ќе имаме прилика да видиме како по скратена постапка во европски дух секаково Собранието на Република Македонија ќе се укине Македонскиот јазик како единствен официјален јазик во Република Македонија и ќе се донесе законот за двојазичност. Наздравје нека ние лекомисленоста кога ѓон Црпко успеа да не превесла сите. На овој начин наместо да се афирмира и зголемува употребата на Македонскиот јазик, тој се повеќе се ограничува и му се стеснува просторот за употреба во државата во која е домицилен. Јазикот е еден од клучните столбови кој ја обележува и обединуванацијата, оставајќи за во иднина жив и пишан збор. Тоа е само почеток на остварувањето на платформата, потоа ќе следува отворањето на границите кон Косово и Албанија и се така додека ѓон Црпко не оствари се што му е кажано и што си ветил за пуста власт.

3.Јавно кажа дека ќе ја витка кичмата. Не ја свитка својата кичма, ја нема кутриот. Тој ја крши кичмата на нацијата, на Македонската нација и држава, а тврди дека е државотворна партија. Дали да плачеме или да се смееме на неговите небулози, но според се мислам дека горко ќе заплачеме (како Израилот на реките Вавилонски), а нашите идни генерации ќе не проколнуваат. Тргна човечево од северната земја да се нуди на чичкото од јужната земја, а си знаеме каков глас ги бие оние од јужната земја, па човечето од северната земја мислеше дека лесно ќе помине, но пак тешко помина. Само будала двапати се мава од исти камен, не му дојде ум кога веќе еднаш онака им се понуди кај нив во јужната земја. Но, тоа е карактеристика на безкичмењаци, него не го боли ниту за Македонија ниту за Македонскиот народ, штом така убаво си прифати се што во неговата северна земја му испорача чичкото од јужната земја, најповеќе промена на уставното име на државата, а со тоа и на името на нацијата, јазикот и сите атрибути кои ја обележуваат една современа нација, а потоа под изговор за „убав“ и „современ“ живот во 21-ви век прифати и бришење на историјата. Машала, вакви „космополити“, анационални типови и очебијни амеби немам видено. Обидете се да пронајдете ваков пример на Премиер или министри во било која држава на Балканот или во ЕУ или пак тие не се современи типчиња како нашиве амеби и ги нема во други држави.

Со оглед на се погоре кажано, повторно апелирам до самосвеста на Македонецот, на Македонскиот граѓанин од секоја националност кој си ја сака оваа татковина како Македонија, да си ги разбистрат умовите, да си погледнат во самите себе си и да ја осознаат сериозноста на овој животоважен историски миг за себеси, за своите деца, за татковината наша Македонија и за нацијата. Да не дозволиме да бидеме недефинирана толпа, аморфна маса на безкичмењаци кои ги води еден црпнат криминален и анационален лик со куп црпнати амеби. Доколку го дозволиме ова тогаш, шансата за создавање на сопствена нација и држава можеби повторно ќе дојде за едно 1000 години или никогаш со оглед на тоа дека оние од јужната земја, но и од другите земји тешко повторно ќе се удрат од ист камен и во незнам какви геополитички околности во иднина ќе дозволат повторно формирање на Македонска нација и држава Македонија, како што беше АСНОМ во 1944 година и чии тогашни создатели немаат ама токму никаква врска со ѓон СДС и црпнативе самонаречени државотворци и кои АСНОМ-ци се превртуваат во гроб гледајќи што прават овие црпнати непрокопсаници со Македонија.

По се ова ѓон Црпко ќе си замине од Македонија штом ја заврши покварената му мисија и како анационална амеба или безкичмењак со крвавите пари заработени врз Македонската трагедија ќе живее во некоја дупка белосветска. Бидејќи нема ниту страв од Бога, ниту образ, ниту етика и морал, ниту пак му работи совеста, ќе живее во својот свет замаен дека успешно за свој грош наседнал, прелагал и избришал еден цел народ, воопшто не потресувајќи се дека тоа е неговиот народ. Впрочем се добива впечаток дека ѓон Црпко го мрази овој народ. Па зарем некој нормален кој потекнува од овој народ и оваа држава и има љубов кон нив и чувство за државотворност би направил вакво илјадулетно предавство на сопствената татковина и нација?

Токму затоа, да се обединиме сите во борбата со оваа зло кое не тера во самоуништување, секој ден, месец или недај Боже година на владеење на ѓон СДС и ѓон Црпко со амебите на власт, ќе значи неповратна штета врз Македонија и нацијата. Решението е јасно видливо пред нас. Тоа е на 15-ти октомври преку масовно излегување на локалните избори и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „за подобра Македонија“.

Нема време за размислување, пеколниот план за Македонија спроведуван од ѓон Црпко и ѓон СДС се реализира пред наши очи, време е за НАЦИОНАЛНО БУДЕЊЕ, во спротивно ќе паднеме во национална кома од која нема никогаш да се разбудиме. Потоа лесно ќе не оддуваат северните ветришта од јужната земја, но и од сите четири страни.

Доцент д-р Оливер Андонов