Сега политички фактор е само црвено-жолта Македонија

Kога во 2011 година на плоштадот Македонија спонтано излезе едночудо народ за заеднички да се радува на високиот пласман на ракометната, а потоа и на кошаркарската репрезентација, а такви масовки се случуваа и во Македонија, во извештаите на странските амбасади (сосе тајните им служби), како и кај многуте странски новинарски екипи, суштинска беше забелешката за невообичаената атмосфера. Никогаш и никаде не виделе вакво нешто. На наше прашање што е тоа што толку ги впечатлило, одговорот беше еден. Толку гласна радост, а толку мир и спокој на кренат адреналин кај толку многу народ не доживеале. И притоа да не се случи ниту една кражба, ниту една сообраќајка, ниту една меѓуетничка или меѓупартиска провокација во мултиетничка Македонија. Во ниедна мешана средина да нема ниту еден скршен прозорец или глава гарнирана со тепачка. Им се чинело, како што кажуваа, дека над Македонија тој ден како да имало некоја заштитна покривка. Ние тоа го викаме како да се беше спуштил Светиот дух врз Македонија и Македонците. Оваа способност да се сплотуваме и за арно и за лошо во нужда и без подготовки ја опишуваа и спортските коментатори што ги следеа натпреварите и им се восхитуваа на неагресивните македонски навивачи и нивниот цивилизиран и инспиративен патриотизам. Многумина новинари беа истражиле, па констатираа дека ниту еден балкански, а уште помалку европски народ, нема испеано толку многу песни за својата земја како Македонците. Ме потсети сето ова на една дамнешна изјава на Владимир Дедиер дека од сите европски народи, само македонскиот има шанси да опстане како етникум со сите свои изворни својства затоа што има силен и богат фолклор и чувство за национална припадност која ја изразува преку својата музика, уметност, поезија и литература.
И еве н` денес пак сме им загатка со илјада непознати на „западњациве“. Па, да. Оти кај може на збирштина дегенерици со загубени човечки својства да им е јасна црвено-жолта Македонија, која во мир, спокојно, а самоуверено и решително, со недвосмислени пораки во звукот на тапаните, со денови ги шпарта улиците. Пак не можат да се дочудат како на онолкава маса луѓе нема тензии, нема омраза, нема провокации или испади. Зошто не им успева да ја испровоцираат? Пак ли небото ги штити Македонците? Па ајде што се чудат, туку почнаа да се плашат! Ги фаќа нервоза. Слушам центрите за регрутација на платеници, кои гравитираат околу Џес Бејли и оној несреќник Гарет од Англија, објавиле интерен шуш муш оглас за провокатори и тепачи што ќе ги плаќале од вечер по сто долари. Ако ова е точно, тогаш тврдам дека лузерите Бејли и Могерини, Заев и Рама, Радмила и Хашим, Трифун и неговиот личен Албанец, Агим Kрасниќи, со кого си тераат соживот (вопреки Борис Дамовски Егеецот кој им пречи во сношајот), ехеее уште од кога Трифунчо се заљуби како дрт тетреб на прв поглед во „лепотанот“ од Kондово и кој случајно во тоа време кога се крчкаа локалните избори, заедно со својата банда, пола година го држеше во заложништво Скопје, сега се посрани од страв. Се курчат, ама се плашат дека вака оставени без американска заштита и на отворено ќе мора кај и да е да се раскурчуваат. Нежно! „Пластелинов“ од народ кој не знаел кој е и што е да ти бил поцврст од гранит. Ем тоа кубур уште не извадил.

И од што се усрани, ете ги кај го извадија сценариото В. Оти Б експресно им пропадна. Немало да влегуваат насилно во Собранието!? Ќе ги активирале малите ноќни поглавички разговори!? Со олеснувачи, разбира се. Додека се крчка „идејава“ на европскиве лејки, а пред оваа глупост да им се види рационална за излегување од пиздаријава на македонските политичари и нивната експертска свита, многу добронамерно ќе потсетам на моментната ситуација. Оти да нема после не знаевме, не сме се разбрале, тоа, ова. Морално беше, Пиги! Ме притиснаа, сила бога не моли, сега веќе не игра! Kако прво, Шумарот веќе втрча на теренот. Со тоа пржинскиот натпревар е прекинат со службен резултат во корист на Шумарот. Ова е народен „егзекјутив ордер“ без Уставен суд, кој се прогласи за екстериторијален, односно во егзил. Со ѓоа влада и ѓоа Собрание. Партиите се во соблекувални. Судиската тројка е љубезно изнесена надвор од теренот. Исходот се знае: Ќе се игра нов натпревар откако Шумарот ќе воспостави ред, поредок, ќе утврди правила на играта, на легален конкурс ќе избере екипи, тренери, судии. Без протекции и врски. Ајде да појаснам за политичките курсисти во партиите што сакаат да владеат со Македонија. Оти ова добро го знае секој учесник во тековните демонстрации: партиите и нивните поглавици не се веќе главен политички фактор во Македонија. Фактор е македонскиот народ, лојалните државјани на Република Македонија од сите етникуми кои како малцинства живеат под македонско небо. Тие се владетелите и стопаните на државата. Македонскиот народ не сака повеќе да договара, преговара и разговара со неписмени дивјаци од западното европско поднебје за теми и прашања кои се наши внатрешни, а уште помалку за тоа како ќе си ја уредиме, за кого смееме да гласаме, кога ќе гласаме и кога ќе се попишеме, како ќе ја викаме државата, како ќе се самопрепознаваме сите ние, на кој јазик ќе говориме службено и неофицијално. Штом досега не се најде политичар да го повика народот во одбрана на државата како што е ред, со повик „по мене јунаци“, сега фино сите четворица ОД ПРЖИНО ќе си статираат и ќе чекаат одназад конкурс на кој суверенот, Шумарот, ќе избира свои служители. На фино организирани избори и локални и парламентарни. Без помошта од ОБСЕ и оценките на „трансџендерот“ Прибе Шеќери моментално бонбона-експерт за откривање геноцидни народи, мониторингот на МОСТ, преку кој се перат мафијашки пари, надзорот на некоја шуша Бејли и лобирањето на профитери од подземјето на ЕУ. На тие избори ќе се натпреваруваат нормални партии, а не криминални гангови. Откако ќе им земе мерка, црвено-жолтата Македонија ќе им утврди психофизички и умствени капацитети на кандидатите, ќе им измери поштење. Море, ќе ги истресе од гаќи како што на аеродроми проверуваат потенцијални терористи или кариеристи профитери. Со други зборови, ќе им стегне политичка евалуација каква што досега не виделе ни УKИМ ни интелектуално автономна Мала Речица. Па кога ќе се попишеме без надворешни интервенции, а со отпечаток од прст, плус биометрија, имотни листови, уредна документација за имот, градба, даноци, ќе тргнеме во уставна и законска генералка, кадровско чешлање во сите правци, собирање на сметот на ура, темелна дезинсекција во судството, МВР, АРМ и МНР. За државните и националните големи теми што ги засегаат темелите на државната градба фино ќе се организираат референдуми за своето да го каже суверенот. Политика во затворени естаблишментски мочвари нема да има. Странци што Македонија ја замислуваат како свој приватен имот ќе летаат со клоца во газот. Домашни контракторски наемници и спонзоруши, такуѓере.

Не можело така? Е, богами овој пат „морално е“. Ова е НОБ, бре! Четврти Илинден! Во Македонија се крчка втор АСНОМ: Јасно? Ова општество нема повеќе да толерира лажни елити, неграмотни интелектуалци, глупи и алчни политичари, самобендисани експертутки, неписмени, а корумпирани ПРЕСтитутки, кодоши и агенти одметници, административни полуинтелигенти, партиски устоличени академици, искомпромитирани владици, воинствени оџи, маскирани учки, демаскирани балисти, соросоиди, недоправени суштества без интегритет, а со тешки карактерни нарушености. Kако она скороевичко копито што со пари ги купи деканатот и професорите на „Јустинијан Први“ за да стекне козметички статус на ѓоа умен, а со пари мисли дека ќе го поткупи и Господ Исус Христос оти изградил црква во своја егоцентрична слава. Тој де, Трифун, градоначалникот на Скопје, кој сакаше да ги протера скопјани оти не биле бечлии, а сега реши да ги подели Македонците на подобни и неподобни како Јан Смит во Родезија на бели и црни, на егејски Македонци емигранти и автохтони балисти, со кои е во соживотно партнерство. Речит и бистар како што му е и сосељанката Kатица Јанева и лепотанот Kрасниќи ни кажа кој каде смее да дејствува политички. Ебате авторитетот тетовиран во дебелото му мозочно црево! И неговиот и оној на колегата по интелигенција и морал, Перо Штикла, кој со светоглед на гребло кое нагло се истоварило во цивилизацијата, ги перципира уметниците што си ја сакаат Македонија како стока што се смирува со зоб. Знае Гошев по себе. Така и евалуира други на кои тој сосе штикли не им е ни до колена. Него Милошевиќ и генерали на ЈНА, а подоцна и кој стигна, со празна слама го држеа на узда да врти крукчиња околу гумно.

Сиот овој џган кој две години нахално парадира против Македонија и македонскиот народ, на крајот на епопејата ќе заврши како токсичен отпад во „Дрисла“. Поточно, како срамна енциклопедиска одредница во пучираната Македонска енциклопедија што се чува во занданата на МАНУ. Kако антиисториски инцидент, диво месо на националниот колективитет и малиген општествен тумор. Оти во неа ќе е содржан и овој тековниот историски попис што се прави на илјада години еднаш. Секој од оваа генерација тукушто го остава својот личен и единствен, а неизбришлив во времето отпечаток.