Популизам и манипулација како главно оружје на новата влада

Новата влада на Р.М. брои веќе „ситно„ од првите сто дена од почетокот со нејзината работа.Во овие сто дена наместо граѓаните да го видат новиот концепт „За живот„ во Македонија,наместо да почнат непосредно да ги уживаат ветените придобивки од владеачката гарнитура,тие за жал повторно се сведоци на една груба манипулација и празни ветувања.

 

Што се не се изнагледавме и изнаслушавме изминатите денови,како на кванташки пазар се тргува со националните интереси, распродаваме се што ни оставиле нашите предци за само сто дена!!!

Од друга страна „животот„ кој што го ветуваше премиерот Заев особено во подобрување на условите за живот(просечна плата од 500 евра,подобар живот на пензионерите,подобрување на условите за живот на социјалните категории на граѓани) и подобрување на стандардот(раст на македонската економија за 5-6% на годишно ниво,отворање на нови работни места,нови инвестиции…) никако да стигне.

Ги слушам тие ветувања,а неможам  да не се присетам над 2002 година кога нели требаше од секое македонско семејство да има најмалку по еден вработен.

Пред само еден месец донесовме нов ребаланс на буџет,кој што тежи речиси 3 милијарди евра,исто онолку колку што беа и предходните буџети на владата на ВМРО-ДПМНЕ,а беа на долго и широко критикувани како мегаломански и расипнички буџети.

Донесовме буџет со кој нашата држава ќе има помал раст на БДБ 2,2% наместо предвидените 3%,ќе има ист буџетски дефицит од речиси 3%,ќе има намалени капитални инвестиции(изградба на:нови школи,детски градинки,болници,спортски сали,инфраструктура…)од речиси 50 милиони евра!

Со овој буџет треба да се напомене дека ставката по основ на такси,глоби,казни останува иста на висина од 1,5-2% од буџетот,колку да се подсетат граѓаните бидејќи предходната влада беше критикувана дека најголем дел од средствата ги собирале токму по овие основи.

Исто така предвидениот буџетски дефицит(којшто патем е неодржлив со оглед на растот на БДП и предвидената инфлација)ќе биде финансиран со нови задолжувања на домашниот и странскиот пазар.

Кога сме кај задолжувањата добро се сеќаваме на критиките на тогашната опозиција предводена од СДСМ дека долгот е неодржлив и мора да се прекине со задолжување,за сега за само сто дена да имаме ново задолжување на „реформската„влада предводена од СДСМ за нови 140 милиони евра на домашниот пазар,повлечени 175 милиони евра од девизните резерви искористени за буџетски потреби и потрошени 220 милиони евра,средства кои ги остави предходната влада токму за сервисирање и отплаќање на доспеаните кредити од минатото.

И,некој ќе праша каде се парите?!

Со право,бидејќи за овие сто дена не видовме ама баш ниту еден нов проект,нова странска инвестиција или било што,што ќе биде во интерес на граѓаните на Р.М.

Македонските компании,кои што требаше да бидат фаворизирани(барем така најавуваше Заев)за сметка на странските компании ќе добијат „фантастични„ 2,1 милион со новиот ребаланс на буџет?!

Сите проекти што досега беа започнати од непознати причини се стопирани,или барем нивната динамика на изведба  е драстично намалена.

Градежните компании кои што се двигател на националната економија почнаа да го намалуват бројот на вработени.

На веб страната на Бирото за јавни набавки,барем до сега излегле една или две набавки,компаниите кои што ќе побараат  поврат на ДДВ  следниот ден треба да ги чекаат на гости инспекторите од УЈП.

Во овие сто дена помеѓу македонските компании,постои невиден страв и резервираност,неликвидноста и меѓусебните должничко-доверителни односи се на најлошо можно ниво,а банките веќе почнаа да ги заоструваат критериумите за кредитирање.

Во овие сто дена имаме донесен само еден закон,законот за екстерно тестирање,од страна на Собранието и  да не заборавам разрешен е Јавниот Обвинител.

Стопирани се од страна на владата и ресорните министерства стотици предвидени нови проекти(автопати,експресни патишта,гасовод,нови школи,болници…)

За овие сто дена имаме стагнирање на нашата економија по сите основи.

За овие сто дена граѓаните сватија дека бомбастично најавуваните проекти за:укинување на радио дифузна такса,минимална плата,просечна плата,плата за лекарите,решавање на проблемот на стечајците,евтина струја итн било само обично замајување и мачкање на очи.

На крајот од годината,пензионерите ќе останат без дополнително зголемување од 5%,социалните случаеви нема да добијат зголемување од 5%,просечната плата ќе биде пониска од онаа што беше лани,а докторите ќе треба најверојатно да причекаат уште 4 години,а можеби и уште еден мандат на СДСМ за плата од 100.000 ден.

И тогаш во 2002 година како и сега се повторува истата приказна.

За жал се покажа дека СДСМ  никогаш не само што не знаеле да креираат нови економски политики,туку за жал не се ниту во можност да ги следат истите кои што ги постави предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ,а кои несомнено даваат резултати.

И тогаш во 2002 година како и сега се повторува истата приказна.

И тогаш како и сега „животот„ кој што го вети Заев е обична лага и манипулација.