Негативисти кои создаваат општествена криза

Скептицизмот може да биде и позитивен пристап, при што може да се поттикне кон реализација на кажаното оној кој тоа треба да го реализира, а истиот се наоѓа под сомненеие за својот капацитет или искреност за реализација.

 

 

Во Македонскиот случај, СДСМ не се скептици, тие се тотални негативисти. Негативисти во секој поглед, дури и злобници за што веќе пишував. Тие не се негативисти само во однос кон сопствениата нација и граѓаните на Република Македонија, туку и во однос на својата изразена антимакедонштина, лаги, доведување на Република Македонија во подредена состојба во однос на други држави.

Тиепокажуваат негативизам, па дури и нетрпеливост, омраза и злоба и во однос на предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за излез од политичката криза. Всушност, ова однесување беше видливо и кога ВМРО-ДПМНЕ и лично Груевски даваа предлози за излез од политичката криза, но во исто време зачувувајќи ја унитарноста, независноста и целовитоста на Македонија, притоа искажувајќи подготвеност за лична политичка и прред се човечка саможртва.

Истото се случува и сега со последниот проглас „Македонски манифест“ објавен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а кој во основа е повик кон Македонско национално и граѓанско единство за зачувување на Република Македонија.

Како по правило, со грст злоба и негативност се јави кој друг туку токму онаа хронична пијандура Шилегов. Го разбирам јас неговиот тривијален и трибалистички порив за злоба и негативизам (веројатно затоа и е континуирано под дејство на алкохол што веќе е потполно видливо), но никако да ги разберам овие од СДС-то како може да промовираат таква партиска политика полна со злоба и негативизам. Тоа укажува дека тие ликови се во тотална апостасија од секакво барем и човечко себепознание. Од тука и произлегува нивното априори неприфаќање на сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ за решение на кризата која во Македонија трае премногу долго и ги надминува границите на политичка криза.

Сето ова, за жал укажува на фактот дека СДСМ во Македонија не инсталираа само едноставна политичка криза, туку водени од својата неконтролирана желба за власт, злоба, негативизам, огорченост и најдолни страсти, не внесоа во една длабока општествена криза. Веќе не се поставува прашањето за тоа дали овде има идеолошки судир на два концепта за Македонија, туку се работи за спротивставеност на два општествени концепта за перцепција на општеството и неговиот хуманистички лик или потполна апостасија и деградација на животот.

Едниот е оној на ВМРО-ДПМНЕ, подготвен за искрена и конкретна понуда до граѓаните втемелен на богообразност на човекот, љубов кон татковината, хуманизам, развојност во сите полиња на општеството, инклузивност за сите граѓани, отчетност и подготвеност за саможртва за остварување на државните и националните интереси.

Вториот е оној на СДСМ, олицетворен во најпримитивно однесување заради гола власт (или поточно допир до ресурси), втемелено врз лаги, предавство на татковината, но уште пострашно е тоа што овој концепт во својата основа ја има омразата кон човекот, крајниот хедонизам, злоба и негативизам.

Токму судирот на овие два концепти во Република Македонија, секако вториот потпомогнат од истите профили на нелуѓе од странство, ќе треба да даде резултат кој во иднина и тоа за многу долго време ќе ја дефинира или поточно ќе ја редефинира  Република Македонија од извор на писменсот и култура во извор на обезбоженост, хаос и анархија. И тоа не само Македонија како држава, туку и сите нас како поединечен или колективен (национален, малцински, религиски, индивидуален, семеен, професионален …) општествен код препознатлив во светски рамки со историски последици.

За потполно да се објасни ова потребна е целосна научна студија за која секако во оваа колумна нема доволно простор, но споменувајќи го овој историски судир помеѓу Македонската традиција и богообразното хуманистичко однесување пред се кон сопствената општествена заедница (не национална или религиска), наспроти негативистичкото и полно со злоба тенденциозно нарушување на состојбите со цел втемелување на општествена криза која ќе доведе до потполно обезличување на Македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Република Македонија, многу е значајно да знаеме што всушност негативистите од СДС-то се обидуваат да ни направат.

Неопходно е да бидеме свесни за тоа што ни подготвуваат, каква општествена деструкција сакаат да ни направат и со какви несогледливи последици врз општественото и национално поведение на идните генерации ќе биде таа деструкција доколку им успее.Со полно морално право, со целиот национален капацитет, со целиот индивидуален капацитет и со силата на сите институции на државата и верски заедници, индивидуално и колективно неопходно е да се спротивставиме на овој пеколен план. Креаторите не се од тука, но за жал подизведувачите се од нашето поднебје и со нив мораме да се справиме. Мора да им кажеме дека не ги прифаќаме нивните негативистички планови и дека сме свесни за тоа како ни создаваат општествена криза, покрај државната, политичката, економската и безбеднсоната.

Заради отворено покажување на патот на неповрат за сите анти државни, анти Македонски и анти општествени елементи, неопходно е сите да бидеме будни. Ние од средната генерација да влијаеме во своите микросредини врз младите, да бидат будни и да не веруваат на секоја шарена лага од оние злобници од „шарената револуција“, дека не е демократија анархизмот и деструкцијата, да не му веруваат на оној хроничен алкохоличар кој во своето алкохолно лудило никогаш нема да препознае што е вистина а што лага, да не му веруваат на аболициран и докажан криминалец и лажго. Тие ликови кои како Јануси се појавуваат пред младите генерации не се пример за тоа како се сака татковината и како се градат општествените вредности. Ликовите од СДС-то се пример на негативизам и злоба. Да не е така, досега ќе ги прифатеа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за излез од „политичката криза“, а особено „Македонскиот манифест“ како цврста национална платформа за заедничка, унитарна, независна и слободна Република Македонија неуценувана од никого со внатрешна стабилност, правда, човекови и малцински права и безбедност за сите граѓани.

Штом СДСМ несака да прифати Македонска платформа, а упорно се држи до онаа туѓата-Тиранска, тогаш предлагам да ние како свесни граѓани и патриоти, луѓе кои се богообразни и немаат проблем со исправноста на светогледот, како граѓани на нашата Македонија да придвижиме една граѓанска иницијатива за собирање потписи и со своите потписи ставиме печат врз „Македонскиот манифест“. Со тоа нема да ја одземеме патриотската идеја на ВМРО-ДПМНЕ која ја искажа во целата своја полнота преку овој документ. Напротив, сметам дека на овој начин истиот ќе го претвориме во граѓански, државен и општоприфатен национален проект со што ќе му дадеме поголема сила со идни и историски димензии.

Да престанеме да се прашуваме „…со какви идеи сме…“, еве ја идета дадена во „Македонскиот манифест“, останува само да ја прифатиме како државна, граѓанска и обединувачка идеја која ќе ја претставиме пред целата меѓународна јавност.

Само така единствени ќе ги победиме негативистите кои веќе децении наназад се обидуваат да ни создадат општествена криза и да ни ја одземат татковината.

 

Доцент д-р Оливер Андонов