Македонија Судска медицина

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Истрел од огнострелно оружје е начинот на кој е убиена Вања Ѓорчевска, покажува извештајот од обдукцијата на Судска медицина, дознава „Скопје1“.

Наодот кој се работеше 17 дена, ги демантира гласините по медиумите, но и коментарите од професорката по криминалистика дека девојчето било задушено во вреќата при грабнувањето. Ова би значело дека Вања била жива од местото каде е грабната до местото каде е пукано во неа, пишува порталот.

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

По пукањето, Вања била закопана во атарот на селото Глуво, на место кое е мини-депонија. Според неофицијалните информации до кои дојде „Скопје1“ од Судска медицина, истрелот кон Вања бил во пределот на главата. Одговорот со какво оружје е пукано, ќе треба да го даде вештачењето на куршумот.

Најнови вести од Македонија

To top