„НЕ“ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА УСТАВНОТО ИМЕ, „ДА“ ЗА УСТАВНА ЗАБРАНА ЗА НЕГОВА ПРОМЕНА

Дали сеуште има Македонец во земјата или во дијаспората на кого не му е јасно што се случува во македонската политика? Сега, после се, дали се уште може да се најде некој наивец кој би сметал дека утрапениот од странскиот сценарист троец на политичката сценаолицетворен преку Заев-Шеќеринска-Никола Димитров е оправдано и легитимно сместен на местата кај што се затоа што македонските граѓани така одлучиле порадиостварување некакви повисоки национални и државни цели, или се таму кај што сценаристот замислил да ги смести поради зацртаната цел да се финишира пеколниот план за брза промена на уставното име Република Македонија, и за конечно обезличување на Македонецот.

Дали се уште постои сомнеж меѓу кој било Македонец дека троецот утврден и поставен од страна на сценаристот не е ништо друго, туку македонски бермудски триаголник кој треба да го однесе уставното име Република Македонија во мистериозен и неповратен правец за денешните и за сите идни македонски генерации.

Овој троец драги мои сограѓани е многу внимателно одбран и „перен во мозоците“ подолг временски период со цел успешно завршување на операцијата на сценаристот, решавање на спорот со Република Грција на начин и со име што одговара на грчките интереси. Република Македонија и сите Македонци денес се очигледно ставени пред свршен чин. Најавите од грчкиот министер за надворешни работи, Коѕиас, дека Грција нема да отстапи од црвените линии едно име за севкупна употреба, значат само едно. Грција нема да направи ни милиметар отстапка во однос на решавањето на спорот што Грција го има со нашето име. Се бара и ќе се добие од натопорената тројка без мнозински легитимитет од македонските граѓани Република Македонија значително да ретерира од ставот што го држеше ВМРО-ДПМНЕ и да се согласи да го промени уставното име со цел членство на земјата во НАТО, а потоа и започнување преговори со ЕУ. Цената што е најавено дека ќе ја платат тројанскиве коњи поставени на трите клучни позиции во државатае цена што, всушност, ќе ја платиме сите ние, Македонците, нашите деца, нашите внуци.Тројанциве нема да добијат негативна фактура како нас, туку ќе добијат унапредување на нивните политички кариери и експресно во форма на награда ќе бидат инсталирани во НАТО или во ЕУ структурите како „наши“ претставници откако ќе ја завршат домашната работа. Преку нашиот грб, преку цената на нашето обезглавување и обезличување, тројкава и сите што ги поддржуваат ќе си бидат сместени како во НАТО и во ЕУ фотелјите без око да им трепне за сите нас останатите. Каков парадокс, каква иронија. Тие што ќе направат се да не обезличат и обезименат ќе бидат испратени како „наши“ претставници во НАТО и во ЕУ администрациите како награда за сработеното. Како награда за извршеното колективно национално убиство. Целта на убиството е Македонецот да не може и да не смее да се нарекува Македонец во иднина. Тоа прво ќе му биде забрането од страна на актуелната квинслиншка власт во државата подготвена да гази и на лешеви само и само да си ги оствари своите болни кариеристички интереси, да бидат индивидуално вградени во институционалниот систем на нивните робовладетели, да бидат поблиску до нив, што е можно подалеку од небањатиов и прост народ што го презираат и им се гади од него. Потоа, забраната за употребата на името Македонец ќе ни дојде и од останатите инволвирани субјекти директно вклучени во менаџирањето на оваа крупна политичка операција.

Сценаристот има ниет да не внесе во НАТО со сменето име на пролет 2018 година, барем такви се официјалните информации што циркулираат во јавноста. Тоа, како што се изјаснија официјалните грчки политички претставници нема да биде можно со постојната „привремена“ референца БЈРМ, туку со сосема ново име по грчки терк за севкупна употреба. Или во превод тоа значи дека грците ќе ни бидат кумови, и по 26 години самостојност и независност ќе ни прават нова крштевка. Крштевка за навек. Тие како наш нов духовен татко ќе ни одредат како ќе се нарекуваме внатре во нашата држава, и како треба да не нарекуваат другите држави и меѓународни организации во политичките и во севкупните односи. На што ви личи ова драги мои Македонци освен на целосна без рбетна национална капитулација и национален срам на векот. Да биде иронијата уште поголема, во ова веќе изрежирано сценарио, сценаристот не не заборавил и нас Македонците. Срамот и перверзијата на сценариото оди до таму што ние самите ќе треба да си го потврдиме новото име. Демек никој друг не ви го дава новото име, иако направивме се да ве превесламе до тука, туку вие самите си го одбравте, и си го потврдивте на „кредибилен“ референдум. Токму затоа е предвиденода постои референдумот. Да ни го тутнат новото име без разлика на нашето гласање.

Така како што Шкотланѓаните успеаа да ги превеслаат дека наводно гласале против излегувањето од сојузот со Обединетото кралство. Местењето на официјалните резултати на референдумите ширум светот според интересите на големиот  сценарист е негова најголема специјалност. Токму затоа, ако учиме од сопствените грешки, од лекциите што ги поминавме на своја кожа (Охридски рамковен договор, нов закон за територијална поделба, Пржино 1, 2), но и од лекциите на другите народи треба да разбереме дека е потребно едно големо национално единство и јасно изразен став против организирање референдум за промена на името. Треба да бидеме свесни дека ни се подготвува една голема национална измама, уште не започнат, референдумскиот резултатна сценаристот му е веќе познат и вкалкуриран. Во моментов целата наша енергија како Македонци треба да ја насочиме кон промовирање национална кампања против одржување референдум за името, и негово целосно повлекување како можна опција. Фокусот на македонските граѓани треба да биде насочен кон разубедување надвете најголеми партии во земјата дека одржување референдум за името не смее да дојде во предвид по ниту една цена. Дополнително што и по однос на референдумските резултати постои разлика во позицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ако за ВМРО-ДПМНЕ одлуката за референдумот за можното ново име треба да биде со задолжителен карактер, СДС и новата влада зборуваат за консултирање на граѓаните, значи независно од нашата волја тие ќе си тераат со политиката на промена на името. ВМРО-ДПМНЕ вели дека одлуката донесена на референдум ќе биде задолжителна за сите, а ставот и позицијата на СДС и на новата влада е дека референдумот ќе има консултативна природа, или согласно владината програма граѓаните ќе бидат само консултирани, но последната одлука ќе биде на официјалните власти. Како и да го завртиш, Македонецот ќе губи со кој било вид референдум.  Ако внимателно ја читаме владината програма, на страна 14 ќе забележиме дека новата влада „се залага за реално и активно ангажирање за надминување на наметнатиот спор од страна на Грција, но нема да прифати никаков разговор за идентитетски прашања. За можните решенија ќе ги консултира граѓаните“.

Во ова залагање има две работи што се многу важни за сите нас. Прво, новата влада очигледно навлегува во нова, повисока фаза во врска со наметнатиот спор со Грција, и од ниво на разговори СДС најавува ниво на преговори со Грција во однос на проблемот, што е квалитетно различен политички став во однос на претходната влада. Новата влада, се вели во програмата, реално и активно ќе се ангажира за надминување на спорот што не може поинаку да се протолкува освен како влегување во реални и активни преговори со соседна Грција. Второ, новата влада сака да не разубеди дека нема да прифати никаков разговор за идентитетските прашања, иако сите членови на владата како и мнозинството македонски граѓани се свесни дека со менувањето на името, односно со менувањето на уставното име, македонскиот национален идентитет се менува по автоматизам. Нема да бидат потребни никакви дополнителни разговори, како што велат во новата влада, бидејќи промената на името по дифолт значи менување на македонскиот идентитет. За тоа прашање, да, точно нема да се водат никакви разговори, бидејќи нема да има потреба од нив. Ако не си веќе Македонец значи ако те прекрстиле во Горно македонец или Северно Македонец може ли идентитетот да ти остане чист македонски? Не може. Идентитетот го следи името, какво е името таков е и идентитетот. Дополнително што со новото име ќе се поништи целата вековна македонска историја, култура, традиција, спомени и слично поврзани со претходното име. Со новото име ќе бидеме принудени да градиме и нов идентитет. Нов идентитет, идентитет од почеток. почеток. Дека опасноста е реална, а не замислена зборува и фактот дека на страна 25 од владината програма се зборува за потребата од измени на постојниот Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните. „Измената треба да предвиди прецизни рокови за сите дејствија на државните органи кои имаат надлежност во остварувањето на ова право на граѓаните, како и прецизирање на одредени одредби кои предизвикаа проблеми во праксата и беа злоупотребени од страна на власта за да ги оневозможи или обесхрабри граѓаните во користењето на механизмите за директна демократија“. Или ако сакаме да читаме како што СДС мисли потребно е да се либерализира процентот на излезност и бројот на гласови потребен за референдумот да се смета за успешен. Зошто му треба ова на СДС? За да полесно не однесат на другата страна на „крајбрежјето“ наречено промена на уставното име. СДС има намера да го намали потребното мнозинство за успешност на референдумот што ќе одговара на потребите на сценаристот сами да си го ставиме капакот од бунарот и сами да си се удавиме во бунарската вода.

Од овие причини почитувани сограѓани нашата битка треба да почне уште денес. Нема повеќе време за губење и чекање некој друг да ни го најде излезот. Потребно е јасно и гласно да кажеме „НЕ“ за референдум за промена на уставното име, и големо „ДА“ за внесување уставна забрана за менување на името од страна на која било власт во државата. Ако е потребно уште денес да ја започнеме постапката за собирање150.000 потписи како граѓанска иницијатива со цел предлагање уставен амандман во постојниот Устав со кој ќе биде побараме трајно да се забрани менувањето на уставното име, унитарноста на државата и републиканскиот облик на владеење. Истото може да го побараме и од претседателот на Републиката, г. Иванов, тој во наше име да ја започне постапката за внесување уставен амандман за спас на честа, угледот и достоинството на Република Македонија, и пред се, на сите Македонци!