Мизантропија

МИЗАНТРОПИЈА чие семантичко потекло е грчко, а означува омраза кон луѓето, е длабоко прагматично вкоренет поим во политичката и животната филозофија на СДС-то како политичка партија и личен живот на поединци од оваа партија, а директен одраз на потполно замрачената природа на поедини нивни членови или активни поддржувачи кои за жал сакаат мизантропијата која ја имаат во себе да ја пренесат како политика на државата. Всушност, СДС-то и помрачените умови во неа во овој момент се борат за реализација на мизантропијата во секојдневниот однос кон Македонските граѓани.

 

 

Зад оваа своја констатација стојам со целиот мој интегритет и интелектуален капацитет и тоа можам да го потврдам во секој миг. Изливот на глупирање кое го покажуваат во јавноста и обидот за манипулација со Македонските граѓани преку нивните непрофесионални медиуми и собраниската говорница е само еден дел од онаа што ја формира нивната мизантропска структура на идеологија и лица без личносен карактер.

Ја разбирам желбата да се дојде на власт, но никако неможам да разберам зошто се обидуваат тоа да го направат со магарешка упорност за уривање на сопствената татковина. Во тој наплив на омраза кон татковината предизвикан од лични фрустрации и нереализираност, овие креатори на нивната колективна мизантропија ги сметаат Македонските граѓани за глупави. Согласно овој нивен став така и се однесуваат, притоа се обидуваат да ни го прикажат црното како бело и обратно, убедувајќи не дека нестабилноста и кризата која тие ја започнаа не е нивно дело, туку токму на граѓаните кои приближно месец и половина протестираат против нивните злодела и мизантропија. Во нивните неинтелегентни обиди за лажење и постојани глупирања во играта со зборови се обидуваат да ни наметнат приказна дека „Тиранската платформа“ не постои, а впрочем цели 25 години СДС-то се обидува да ни го избрише колективното паметење и да бидеме корисни идиоти за нивните политички и предавнички цели. Одтука и постојаната флоскула за „мирен трансфер на власта“ е само едноставна и тривијална сентенца наменета за посредно поднетнување на наводно насилство и недемократско однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледна е намерата за креирање на состојби кои несоодветствуваат со реланоста. Но, затоа што не сме со кратко паметење и не сме идиоти, туку осознаен народ кои си ја сака татковината Република Македонија, да се потсетиме на неколку факти:

1.СДС-то ја започна целата оваа игранка-операција за насилно уривање на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија со помош на странски служби и за туѓи интереси. (сето ова, времето го докажа, а нивната методологија за подметнување на невистини и понатаму продолжува).

2.СДС-то и нивниот Заев ги мамеа и сеуште ги мамат Македонските граѓани, недавајќи одговор за кого и што се одработеа (колку уште од нелегално снимените, монтирани и лепени разговори има Заев на располагање и како се мисли да ги употреби).

3.СЈО го ослободи Заев од случајот Пуч, а самиот Заев не се појавува на рочиштата кои против овој докажан аболициран криминалец се водат за поткуп и друг криминал.

4.Заради излез од оваа наметната криза ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од интересите на Македонија и нејзините граѓани и спроведувајќи ја хуманистичката идеја и демократските принципи се согласи на Пржински преговори, Влада за спроведување на предвремени избори со министри од СДС-то и избори кога тоа им одговараше на СДС-то.

5.СДС-то ги изгуби изборите и покрај сите недемократски постапки, поткупи, заплашувања, предизборен и постизборен инжинеринг.

6.СДС-то прифати туѓа платформа доведувајќи ја Република Македонија во подредена положба во однос на странска држава.

7.ВМРО-ДПМНЕ и Груевски понудија решение за кризата прифаќајќи сопствена саможртва заради заштита на државните и националните интереси.

8.Заев и СДС-то како докажани семразачи не прифатија ништо, туку продолжуваат отворено да работат на уривање на државата. Очигледно е дека единствен излез се повторни ИЗБОРИ.

Оваа тенденција на СДС-то со изразена мизантропија поставена како основа на нивната политичка филозофија ја забележувам секојдневно и тоа во различни форми. Покрај потценувањето на сопствените граѓани кон кои ве уверувам дека имаат неподносливост и омраза која едвај ја затскриваат, таа своја мизантропија особено ја покажуваат кон поединци.

Тоа дека жив би го проголтале Груевски е веќе познато и веројатно и самиот тој е свесен за нивната омраза и покрај тоа се понуди како жртва заради заштита на државните и националните интереси. Но, тоа дека мразат се што не е согласно со нивните ставови е уште пострашно. Токму овој пристап на нивната мизантропска политичка и животна филозофија и во пракса ја отсликува нивната основа како би владееле доколку би биле на власт. Точно може да се оцртаат контурите на умоболното им владеење, полно со лаги и омраза која ќе кулминира со отворени прогони малтретирања и дескредитации на личности кои за нивните ситни души се личности од голем формат со кои нема да можат да се справат на друг начин освен со нивно општетствено уништување, а можеби и физичка елиминација. Ете тоа не очекува со мизантропската политика на СДС-то спроведена во пракса со целосна злоупотреба на механизмите на државата и институциите кога на нивно чело би дошле ваков профил на луѓе со сомнително психолошко здравје.

За да не биде дека мојата колумна е само теориски осврт на некои минати и актуелни политичко-безбедносни состојби ќе кажам неколку збора и за непосредната мизантропска прагма која ја почувствував лично.

Пред околу еден месец напишав во една моја колумна дека не се плашам од говорот на тело и гестакулациите полни со закани упатени кон мене од некои членови на семејство од поранешни божем министри од СДС-то. Јас и понатаму стојам на тоа, и сега еве по втор пат јавно кажувам и воедно барам СДС-то и членовите на семејството на Ременски да го приберат сопругот на колешката (универзитетски професор) и актуелен пратеник Ременска и доколку е потребно да му пружат помош на човекот, бидејќи хумано е да им се помага на луѓето кои имаат проблеми. Нема да ме заплашат заканите кои ми се упатени лично дека наводно за мене имало дискредитирачки материјали и дека против мене ќе се водела постапка. Ве повикувам слободно да објавите се што имате во врска со мене, се што нелегално сте снимале, истражувале, монтирале. Тоа нема да ме спречи да ја кажувам вистината за вас како ликови опседнати од мизантропија кои од ниски побуди сакате да бидете власт и уште пострашно, вакви типови да бидат раководство на безбедносните служби во Македонија. Ликови кои ќе следат, снимаат и монтираат секого и се, а со единствена цел да може да им се закануваат на луѓето кои не мислат како и тие и да врз основ на монтажи и удбашки местенки креираат државна политика. Ете затоа знам не само што бев уверен во тоа, туку сега и знам дека Заев е најголемиот криминалец, преварант и уценувач во државата и дека на неговиот пример се надоврзуваат мрачните ликови од СДС-то. Затоа знам дека фабриката на Чауш е вистина, дека и понатаму уценува луѓе кои едноставно несакаат да се докажуваат со неговите невистини. Но, еве јас ве повикувам вас од СДС-то и вашата паралелна разузнавачка мрежа, слободно објавувајте се што сте наумиле за мене. Вашите закани кон мене, мојот личен интегритет, но и кон моето семејство, моите соработници, блиски и пријатели нема да ме исплашат. Благодарност до Јовче што вчера на протестот на „за заедничка Македонија“ обидувајќи се да ме заплаши, толку силно ме мотивираше да уште повеќе јавно зборувам за подлостите кои мизантропијата на СДС-то се обидува да ги инсталира како општествена вредност. Омразата која ја носите во себе ќе ве однесе во погибел, а јас и понатаму ќе продолжам со сиот мој интелектуален капацитет да ве разобличувам во надеж дека барем малку ќе се преумите и ќе започнете да ја сакате нашата татковина Македонија. Кога ова заплашување и обид за замолчување се обидувате да го правите кон мене како кон универзитетски професор и поранешен министер и дополнителен заменик министер за внатрешни работи се прашувам како ли се однесувате кон граѓаните во секојдневниот живот, а верувам дека и тие ќе се запрашаат како ли би се однесувале кон нив доколку сте власт недај Боже.

Почитувани граѓани на Република Македонија, Ве повикувам на свесност и целосна будност, но и да не се плашите во однос на мизантропијата на СДС-то, таа нема граници и завршеток, бидејќи е нивна политичка и животна филозофија која доколку завладее со државата ќе има погубни ефекти врз сите нас, но и врз нашите идни генерации.

На сите граѓани на Република Македонија со Христијанска вероисповед им го честитам претстојниот празник над празниците Воскресението Христово. Христос нашиот Бог се саможртвуваше и го распнаа на крстот и претрпе страдања заради бескрајната љубов кон нас луѓето за да не воведе од смрт кон вечен живот. Ова е конкретниот и безвременскиот одговор на мизантропијата на СДС-то.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, на спасение и живот вечен.

Доцент д-р Оливер Андонов