МИЕНИТЕ УШИ И СТАПОТ НА ФРЛЕ

Ако до сега не сте знаеле, еве сега имате ексклузивна можност да ви стане комплетно јасно како СДС и неговите мегафони ја разбираат демократијата. Демократија базирана на три принципа: влечење на миени или немиени уши, употреба на стап (со или без додатоци), и ставање во гасна комора на стотици илјади граѓани кои ја бранат својата татковина од демократскиве накази. Според изјавите на главните пулени на СДС, драги мои сограѓани, демократијата во РМ треба да се остварува преку силата на притисокот, потисокот, или стисокот на двете уши на претседавачот на Собранието, Вељановски при што не се исклучува редот за влечење да биде многу поголем од најавеното.

 

Потоа, демократијата според СДС треба да се реализира преку силата на стапот (најомиленото средство на Фрле) што треба да го добијат сите пратеници и сите „послушници“, „платеници“, „режимски полтрони“ итн, кои се решени до крај да се спротивстават на најголемото велепредавничко сценарио некогаш видено во државата. На крај, демократијата треба да се заокружи воЗаеватасолена дневна соба во која се делатнарачките на дневна основаза бројот на предмети што СЈО треба да ги оформи против челниците на ВМРО-ДПМНЕ. Што повеќе, тоа подобро!

Демократијата на СДС почнува и се заокружува преку активностите спотнати во реализацијата на овие три клучни принципа. Секако, духот на сфаќањето на демократијата на оваа партија се надополнува и преку секојдневните јавни и отворени закани, уцени, притисоци и слични дејствија врз сите оние кои не им прифаќаат да го гледаат вестерн филмот за виткање на кичмата на Македонецот и самообезличувањето на Македонците на јавна и официјална сцена.

Ако ништо друго, иако не е за тешење, политичкава криза низ која поминуваме како граѓани веќе трета година го исфрли на површина сиот шљам наталожен во македонскиот општествен и политички систем, испливаа на површина сите државни и академскикрлежи и пијавици, ги стави на ачик сите процеси кои до пред три години подземно се туркаа во системот. Сега веќе нема никакво сомнение што е што, и кој е кој во државата.

Дури и оние што во овој најтежок период за државата одлучија да молчат самите си се ставија на страната на велепредавниците. Затоа што молчењето во вакви моменти не е злато, туку зло. Зло кое се дефинира како солидаризирање, соучесништво во реализацијата на планот на велепредавниците. И за тоа не може да има никакво оправдување, или одбрана.

Постојат силни докази дека СДС ќе се обиде насилно да го преземе управувањето со државата без почитување на Уставот, со кршење на Деловникот на Собранието, и со повреда на законите, преку нивно целосно погазување, согласновообичаената практика кога станува збор за нивнотопрактикувањеполитика.

Планот „Б“ на СДС содржи конкретни чекори преку кои ќе се обидат да ги „јавнат“ институциите на државата. Прво на удар ќе биде Собранието. Прва на удар ќе им биде најголемата пречка-парламентарната демократија и неприкосновеното право на пратениците да зборуваат за теми за кои се должни да зборуваат согласно утврдениот дневен ред.Го прочитале ли СДС членот 29 од Деловникот на Собранието каде јасно пишува дека „пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето“? Веројатно не, затоа што половина од нивниот претходен мандат го преспаа во бојкот за кој си инкасираа цели плати. Се сеќавате тогаш кога тврдеа дека во избирачкиот список имало 500.000 илјади фантоми кои „учествувале“ во најкриминалните парламентарни избори во државата, и кога поднесуваа оставки во архивата на Собранието (спротивно на Уставот и на Деловникот!), а сепак не ги вратија исќешираните пратенички плати кои без проблем си ги собраа во џебовите. Срам!

Парламентарната демократија му била по волја на СДС само тогаш кога оваа партија имала за цел да се офајди од отегнувањето на собраниските седници и работните тела. Тогаш кога им оди во прилог, СДС знаел да ги тегне седниците до недоглед. Такви примери имамепремногу во пракса. Но, кога не им одговара на партиските интереси, СДС бара кршење на сите можни деловнички правила, кратење на зборот на сите пратеници кои се пријавиле да зборуваат за тема што е предмет на дневен ред, и практикува каубојско однесување во собранието својствено на Дивиот запад, а не на нормална демократска држава.

Во стилот на политички распашани каубојци во следниве неколку дена до една недела СДС потпомогнат од дел од албанските партии е планирано да исценира каубојски филм според сценариото на легендарниот „Човекот кој пукаше во завесата на слободата“. Демек финташки ќе „пукаат во завесата на претседавачот“ и ќе одглумат устоличување на Талат Џафери за претседател на Собранието. Токму затоа е одбрана и оваа личност која одлично ќе се снајде да „пука во завесата на слободата“. Човекот си има големо теренско искуство!

Со истото „пукање“, Талат ќе ја покаже до крај својата демократска способност преку итно доставување наредба до собраниската служба за обезбедување да го употребионој стап на кој мерак му удрил Фрле. Стап кој ќе треба да биде удрен едно стотина пати  по грбот на клетите вмровски пратеници, кои потоа „со клоци и боксови“ ќе треба да бидатисфрлени надвор од Собранието. Што би рекле режисериве на филмот надвор сосе нивните парталиистресете ги кај нивната небањата багра која го попречува мирниот трансфер на власта. Сценариото натаму треба да продолжи со кунта-кинте молскавичен избор на толку очекуваната тиранска влада, избор на препад, за која ете СЈО нема да има надлежност да отвори предмет иако целосно им пасува на нивниот фетиш почетната „Т“ буква.

Им порачувам на грациите од спектакуларното СЈО кои му се послани и препосланина Заев и посебно на неговиот старател во снимањето на каубојскиов филм,да не заборават дека буквата Т има два краја, исто како и вистината која има две страни. Нивната „вистина“ не е единствена и ексклузивна. И ако имаат ниет да го тераат филмот на Заев и старателот безпоговорно и полтронски без никакво почитување на македонските закони и постапки, тогаш да се свесни дека другиот крај на буквата Т брзо ќе ги стигне. Всушност, ставена е резервација.

Затоа што вистината секогаш бара правда, а правдата е далеку посилна кога е обезбедена со силата на рамнотежата.

Драги мои сограѓани, родољубци, слободољубци, демократи, патриоти.

И покрај сценариото и режираниот филм, ништо нема да не поколеба да ја спасуваме сопствената сегашност и иднина од злото. Република Македонија ќе ја браниме согласно принципот акција-реакција. Ако акцијата е во рамките на Уставот и македонското право, и реакцијата ќе биде во таа насока. Ако акцијата безкрупулозно ги крши правните акти во земјата, тогаш и реакцијата ќе биде соодветна на акцијата. Нема да дозволиме никој да си игра со нашите животи и со нашата држава. Трпението е спасение само тогаш кога владее разумот. Но, кога разумот ќе им каже збогум на главите на некои наши политичари, тогаш мора на сцена да настапимасовна граѓанска акција на нужна одбрана на државата и нејзините национални интереси која е дозволен, легитимен и пропорционален механизам за плаќање на сметката што некои сакаат да ни ја остават во аманет за плаќање. Да не чујат јасно и гласно, и еднаш засекогаш.

Заев и сите останати каубојци. Филмот кој ни го сервирате нема да го гледаме, ниту вие ќе го гледате заедно со нас. Може да си го гледате приватно во вашите одаи, БЕЗ НАС. Во Република Македонија нема заинтересирани гледачи на ваквиот каубојски жанр кој го преферирате. Во прилог, секојдневно ќе ви го атачираме нашиот филм со црвено-жолта боја и со патриотска содржина. Или придружете ни се да го гледаме заедно, или за вас ја затвораме вратата на кино салата засекогаш!

Take it or Leave it!