Малите човечиња како Ван Хауте

Kусо пред својата инаугурација во интервју за германскиот весник „Билд“, Трамп беше цитиран како вели дека „државите сакаат сопствен идентитет“. Во одговор на тоа, поранешниот француски премиер и кандидат на левиот центар за претседателските избори во Франција, Мануел Валс, изјави за „Фајненшел тајмс“: „Ние Европејците мора да бидеме обединети и да кажеме кои сме“. Британците, очигледно, сакаат да бидат – Британци. Истото е и со граѓаните на многу други држави во Европа. Повеќето сакаат да си го задржат својот идентитет како Данци, Унгарци, Чеси итн. Тие не сакаат европски идентитет исто колку што повеќето од Американците не сакаат да бидат „граѓани на светот“, иако поранешниот претседател грандиозно го тврдеше тоа (и со огромно задоволство пишувам „поранешниот претседател“). Па, сепак, истата таа статија во „Фајненшел тајмс“, пропагирајќи обединета ЕУ и жалејќи за исчезнувањето на истата, пишува за „профитабилниот трговски коридор“ меѓу САД и Европа како парите да се многу поважни од идентитетот. Токму спротивното е.

Минатиот месец, Питер ван Хауте, човек кој очигледно нема сопствен идентитет и кој посакува и другите да немаат сопствен идентитет, повторно ја коментира ситуацијата во Македонија пишувајќи:„Во последните неколку години, македонскиот идентитет беше оформен од една страна, мислејќи притоа на славното минато под Александар Велики, и со илузија дека еден национален идентитет може да се потпира на барокни згради и на т.н. херои од минатото. Проблемот е што националниот идентитет не е оној што мнозинството жители на Македонија го признаваат како свој, без оглед на која заедница ~ припаѓаат. Националниот идентитет, каков што е оформен во последните неколку години, е проблематичен зашто повеќето заедници во државата (Власи, Турци, Роми, Албанци) не чувствуваат никаква поврзаност со него. Проблематичен е и за многу Македонци зашто историјата што се предава во училиштата с` почесто има тенденција да забегува од научната вистина. Наместо неа, некој измислува историја, глорифицирајќи го минатото и заборавајќи ги ужасите од многуте конфликти низ кои земјата мина во минатото“.

Прво и најважно, неговиот аргумент е погрешен и лага, зашто тој се занимава со лаги и со измислување. Не, идентитетот на Македонија не бил „оформен од една страна“ во изминатите неколку години. Македонскиот идентитет е оформен низ вековите и од многу луѓе, настани и нешта. Градбите и спомениците се само израз на тоа исто како и во САД, каде што неокласичната архитектура и спомениците се израз на нашиот идентитет. Но измислиците на Ван Хауте не завршуваат тука. Оформувањето на македонскиот идентитет не е ограничен на главниот град и на другите градови – тој е оформен од нешта, настани и луѓе од целата земја и дури како реакција на настаните надвор од земјата. А неговото тврдење дека „повеќето заедници во земјата немаат никаква благонаклоност кон македонскиот идентитет е флагрантна лага и тој го знае тоа. Тој се нурнува во историјата што се предава во училиштата и тврди дека е таа измислена. Тој е тотално луд. И нема поим за македонската историја. А неговата употреба на „т.н. херои од минатото“? Тоа е најзлобниот начин да каже дека Македонија нема ни историја ни минато. И поради тоа, Ван Хауте е ситна душа.

Споредете го тоа со она што ирскиот писател и мудар човек, Ос Гинис, го пишува за историјата:„Без оглед дали сме поединци, семејства, цркви или нации, мора да продолжиме да ја раскажуваме приказната, не смееме никогаш да заборавиме и мора да подигнеме и сопствени, семејни споменици и национални споменици зашто сеќавањето е клучно за благодарноста и за обновената доверба. Со семејството уништени од катастрофата на таква намерна културна промена, губитници ќе бидат и пренесувањето на културата и традицијата, а со нив и самата цивилизација“. Денес, историјата и семејството се изложени на напад (од луѓе како Ван Хауте, Мануел Валс и Барак Обама) и сега, повеќе од кога и да е, потребно е да продолжиме да ја раскажуваме приказната за нашите семејни спомени и за нашите национални спомени – а ова е од суштинска важност – зашто сеќавањето е клуч за благодарноста и обновената доверба.

Но, на Ван Хауте не му е доволно да го остави на тоа својот напад врз идентитетот на Македонија. Тој продолжува да го нуди својот предлог за создавање национален идентитет пишувајќи: „Сепак, клучното прашање за сите заедници е: како да создадеме вистински национален идентитет? Не со постојано гледање наназад, туку со гледање напред кон иднината и кон тоа како граѓаните заедно можат да ги подобрат животните услови во земјата. Да заклучиме: националниот идентитет се сведува на тоа како соработувате и како живеете едни со други како граѓани, во границите на истата држава. На заедничко градење на вашата иднина во интерес на сите граѓани, со посветување особено внимание на сите што не се дел од мнозинството. Тоа е суштината на демократијата“. Е сега, јас не сум психолог или психијатар, ама едно можам да ви кажам: овој човек или е клинички луд или е расипан изопаченик. Или и двете.

Рускиот дисидент Александар Солженицин своевремено напиша: „За да уништиш еден народ, прво мора да му ги исечеш корените“. И Милан Kундера во својот роман „Kнига за смеата и за заборавањето“ пишува: „Првиот чекор во уништувањето на еден народ е да се избрише неговото памтење. Уништете ги неговите книги, неговата култура, неговата историја… Набрзо нацијата ќе почне да заборава што е и што била“. Минатото е од клучна важност. Сеќавањето на минатото, славењето на минатото (преку градби и книги, на пример) е од клучна важност. Но светските елити – малите човечиња како Ван Хауте – би сакале да си го заборавите минатото и веќе да не се сеќавате кои сте. Запамтете ги овие работи. И раскажете им ги на своите деца и внуци.

Џејсон МИКО

АВТОРОТ Е МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ОД АРИЗОНА (САД), И ДОЛГОГОДИШЕН НАБЉУДУВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА