Македонија е фениксот, Македонците се пирејот, биле, постојат и ќе опстанат!

Почитувани бараќа и сестри Македонци и Македонки, единствени сме, кога сме сите заедно збрани и позитивни еден кон друг, без лицемерие и омаловажување…

Македонија е се’ што имаме!

Со сите разлики меѓу нас Македонците, Македонија е нашиот единствен заеднички именител, Македонија е нашиот единствен заеднички содржател!

Ајде сите заедно, со сите разлики меѓусебе, во татковината и во светот, да испратиме силна порака дека нашата држава се вика Македонија, нашиот јазик е Македонскиот, ние сме Македонци!

Ајде сите заедно, со сите разлики меѓусебе, да му покажеме на светот дека нашата Македонија е унитарна држава и заедничка за сите кои во неа живеат, без предрасуди, омраза и порив за одмазда, дека на целата територија и во нејзините меѓународни односи еден и единствен службен јазик е Македонскиот, за полесно да се разбираме!

Да му покажеме на светот, дека сите во Македонија по државјанство, независно од нивното етничко потекло, се Македонци, бидејќи името на нашата држава се вика Македонија!

Почитувани бараќа и сестри Македонци и Македонки, да се биде Македонец не значи само право и привилегија туку и одговорност и обврска! Да се биде Македонец значи да сакаш, а да не тепаш, да почитуваш а да не навредуваш, да градиш, а да не рушиш, да простуваш ,а да не мразиш, да прифатиш милион соседи, да ги нагостиш со сол и леб за добредојде, а не по нив да фрлаш со клетви и со камења.

Жалосно е, и после 100 години од Балканските војни 1912-1913 година, исти да им се апетитите: Повторно да ја нема и Македонија и Македонците! Зарем ќе се среќни ако не нема, да не постоиме, од нас да останат само гробовите? Да не поделат и повторно да зацари јаремот на ропството, зулумите и страдањата?

А, големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности. Основни вредности на Македонската цивилизација на која ние Македонците припаѓаме се мирот и љубовта наспроти војната и омразата, толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, културниот глобализам наспроти корпоративниот глобализам.

И не случајно Гоцевата мисла “светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, не само како негова лична импресија, туку како експресија на генетскиот код на една цела цивилизација – на Македонската! Затоа сме горди и достојни на нашето наследство и корени!

Ни го сменија името… акронимот наместо два месеци го носиме дваесет и пет години… ни го сменија знамето… ни го сменија Уставот… мирот и спокојот ни ги заменија со немир и војна… ја променија територијалната организација на локалната самоуоправа и што ли уште не… Можеби можат се’, само едно не’! Не можат да ни ја земат душата, не можат да ја ископачат љубовта за Македонија, кон се што е Македонско!

Сме имале предавници и душмани и пак ќе ги имаме… Правеле за нас тајни планови, пишувале платформи за да исчезнеме, но сите тие завршиле во депонијата на историјата …

Затоа, драги Македонци, во еден глас да упатиме најсилен крик до светот и до правдољубивите: Македонија е фениксот, Македонците се пирејот, биле, постојат и ќе опстанат! Затоа што Македонија е папокот на светот, во Македонија Бог ќе ја победи Сатаната!

И не случајно во Светото Писмо триесет и три пати Македонија е спомната, преведена на сто триесет и пет јазици во светот!

Да живее Македонија! Да живее Македонскиот народ! Нека Господ Бог ја благослови Македонија! Нека Господ Бог ги благослови Македонците, каде и да се во светот!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин! Амин! Амин!

Со Вас секогаш и насекаде: Гласот на народот!