Лицемерието на ЕУ за промената на името Република Македонија

Средството (‘’играчката’’) со кое големите сили си играат мајтап со Република Македонија volenti non fit iniuria – на оној кој се согласува да му се нанесе неправда не му се нанесува неправд – е безобзирен и срамен трик на големите сили(САД и ЕУ) со кои потчинуваат или уништуват мали држави како Македонија. Ефикасна борба против загрозувањето на човековото право на самоопределување, кое е норма  ius cogensе цврстата и непроменлива позиција на непроменливост на името Република Македонија

 

Во фељтонот(‘’Правото на самоопределување како меѓународен политички постулат’’, автор Д-р Марјан Попески) што го објави “Нова Македонија” минатиот месец уништена(израз на Аристотерл, кога сака да покаже како правните факти и аргументи се единствено моќни сретства во правото) е Времената согласност како ништовна со полисилогизам. Понудено е ново правно средство врз основа на член 66, точка а од Виенската конвенција за договорно право, во врска со член 53 од Конвенцијата. Пресудата на Меѓународниот суд на правдата по повод ова правно средство има дејство erga omnes. Тоа значи дека Македонија си го зачувува своето име Република Македонија.

Во фељтонот беше уништена големата премиса на д-р Дескоски, а со тоа побиен ставот на претходната влада, како и на сегашнава, која го презеде ставот на претходната влада. Големата премиса на д-р Дескоски беше уништена со доказ (контрасилогизам), кој докажува дека pacta sunt servanda има партикуларна важност, а не универзална важност, како што тврди д-р Дескоски.

Во фељтонот беше уништен и прецеденсот на д-р Јанев од 1948 година, со понов прецеденс од 1950 година. Ставот на д-р Јанев беше побиен и со правен силогизам (доказ), чија што голема премиса беше член 12 од Повелбата на ОН, како и ставот на Моргентау.

Во фељтонот е уништен и грчкиот правен силогизам за mala fides, кој што е ефикасен против правниот силогизам на д-р Дескоски.

Денес, сето тоа ќе ви го објаснам преку  уништување на правниот силогизам на ЕУ, чија голема премиса е volenti non fit iniuria. ЕУ постојано ни вели дека, на тој што сака, не му се прави неправда. Веднаш се повикува на Времената согласност, каде што Македонија запишала дека сака да преговара за името и се обврзала дека за тоа ќе се договори со Грција.

ЕУ за овој долгогодишен меѓународен проблем вели дека тоа не е правично, но Македонија сама ја прифатила неправдата, кога ја склучила Времената согласност.

Доказот (силогизмот) на ЕУ изгледа вака: ГОЛЕМА ПРЕМИСА: Volenti non fit iniuria (На тој што сака не му се прави неправда); МАЛА ПРЕМИСА: Македонија сакаше неправда (Ја потпиша и ратификува Времената согласност, во која презеде обврска да преговара, со намера да го промени името); КОНКЛУЗИЈА: На Македонија не и се прави неправда.

Силогизмот на изглед е совршен, бидејќи има три термини: 1. Volenti (да се сака); 2. Non fit iniuria (не му се прави неправда); 3. Македонија

Доколку го испуштиме терминот кој се појавува во двете премиси, а тоа е volenti (да се сака), преостанатите два термини се: Македонија и non fit iniuria (не му се прави неправда), што значи дека доказот (силогизмот) на ЕУ е совршен.

Доказот на ЕУ ќе го побијам, така што ќе му ја уништам големата премиса volenti non fit iniuria. Според Аристотел, големата премиса е поважна. За големата премиса е потребен интелект, а за малата премиса се доволни сетила.

ЕУ на големата премиса volenti non fit iniuria и припишува универзална важност, меѓутоа таа има партикуларна важност. На пример, доколку еден склучи договор дека се согласува да биде роб, volenti non fit iniuria не важи, бидејќи забраната на ропство  е ius cogens, односно volenti non fit iniuria се судри со член 53 од Виенската конвенција за договорно право.

Бидејќи докажав, дека премисата volenti non fit iniuria има партикуларна, а не универзална важност, ја уништив големата премиса на ЕУ. Уште појасно ќе стане доколку наведам пример за универзална важност на премиса. Таква е премисата: сите луѓе се смртни.

 

На сите што го прочитале фељтонот во “Нова Македонија”, веднаш ќе им стане јасно дека мојот контрасилогизам што е наведен таму, го побива силогизмот на ЕУ.

И најголемиот ум, Аристотел, тврди дека не може со сакање да се трпи неправда (“Никомахова етика”). Никој не сака нешто за што не е убеден дека е добро. Таквиот греши во тоа што не го прави тоа што по негово убедување би морал да го прави. Во конкретниов случај –  Македонија да не го менува името.

Аристотел дава и пример, кога нема неправда, со помош на Хомер.

Глауко му дал на Диомед злато за бронза, вредност на сто јунци за вредност од девет јунци и на Глауко не му се прави неправда, бидејќи од него зависи дали ќе даде злато за бронза. Од ова аргументација, Аристотел заклучува дека – да се трпи неправда, не може да биде нешто што се сака. За да има неправда, мора да има уште и некој друг, кој неправдата ја предизвикува. Во конкретниов случај, тој некој друг е Грција, која Македонија ја присилува да го смени името. Тоа значи дека во случајот на Македонија, големата премиса на ЕУ е неетична, а правото е само делче од етиката (Шопенхауер). Така, Времената согласност, која што го негира правото на самоопределување, правото на избор на име е дел од правото на самоопределување, не може да биде меѓународно право.

И денешната струка му се противи на volenti non fit iniuria и смета дека правото на самоопределување е лек против volenti non fit inuria.

Касезе, еден од големите меѓународни правници, смета дека многу противправни акти  од билатерален карактер поминале токму поради примената на volenti non fit iniuria. Според Касезе, Западот го користи volenti non fit iniuria, за да ја анулира “злобната природа” на дејствијата на меѓународните престапници. Касезе тврди дека volenti non fit iniuria е играчка во рацете на големите сили, кои што имаат, како моќ, така и волја за да изнудат согласност од слабите држави.

Еден од врвовите на светот во меѓународното право, проф. д-р Ернест Петрич, тврди дека за малите држави, каква што е Македонија, најдобро е да се држат само до меѓународното право. Само така ќе бидат кредибилни. Неговата Словенија тоа и го докажа. Кога Хрватска и предложи да одат на било кој суд, Словенија престана да инсистира на преговори, не ја блокираше Хрватска на патот до ЕУ и НАТО и се договорија за арбитражен суд. Затоа е Словенија кредибилна држава.

 

Д-р Марјан Попески