„Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца“

Поминаа три месеци од инсталирањето на марионетската влада на Заев, Ахмети и Села. Секако од ветувањата на СДС за подобар живот нема ништо. Државата се презадолжува, субвенциите не се зголемија, откупот на земјоделските производи беше катастрофален, мерките кои ги донесе владата не беа во склад со состојбите на теренот и со барањата на земјоделците и не дадоа ефект. Ова беше сезона на игнорирање на земјоделците од страна на власта.

Многумина ќе речат: Ако, нека им е, сами си се виновни. Кој ги тераше да гласаат за СДС?! Но, ако анализираме подробно ќе видиме дека не е баш така. Во руралните средини ВМРО-ДПМНЕ осови голем број на гласови и речиси секаде извојува победа и овие гласови значително придонесоа за победата на национално ниво. Точно е дека некои заборавија како беше во времето на СДС и се подлажаа. Заборавија дека за четири години СДС исплати само пет милиони евра субвенции за земјоделците, наспроти оние над една милијарда и сто милиони од владата на ВМРО. Многумина гласаа за пари, или за некои банални ветувања, а некои секако сакаа да не казнат за некои наши грешки.

Но сепак најголем дел од земјодеците ја поддржаа ВМРО-ДПМНЕ како партија која во изминативе години покажа најголемо разбирање за животот во руралните средини. Покрај субвенциите владата предводена од Никола Груевски финансираше изградба на водоводи, канализации, локални и регионални патишта, спортски терени и сали и огромен број на проекти со кои се подобри квалитетот на животот во селата. Затоа за руралните средини не може да се каже ,,ако, нека им е”. Дури може да се каже дека земјоделците беа првите жртви на новата, со сила инсталирана власт. Но, она што е чудно е дека сеуште власта се однесува како опозиција и наместо да се обиде да ги решава проблемите која сама ги создаде, таа ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за истите. Некој ќе рече: Не е чудно, туку типично. И веројатно е во право.

Сега не сакам да ги редам состојбите со праските, бостанот, пченицата и другите култури и да ги апострофирам промашените политики на владата во земјоделството. Сакам само да предочам за што не е инсталирана оваа влада. Секако не е инсталирана да ги решава проблемите на граѓаните. Она за што е инсталирана е да го смени името на државата и да го редефинира македонскиот идентитет. Се разбира следниот чекор се локалните избори. Некој ќе каже што имаат врска локалните проблеми со земјоделието, со името и со другите политики на владата? Но, ако погледнеме по широко ќе видиме дека владата превзеде голем број на активности за стратегијата за населување на мигранти.

Меѓу другото бараше и мислење од општините за можните капацитети за нивно трајно сместување. Се разбира општините предводени од градоначалници од редовите на ВМРО дадоа негативни мислења по оваа прашање, пред сè водени од мислењето на граѓаните за оваа проблематика. Замислите што ќе се случува доколку градоначалниците бидат од редовите на СДС? Какви ќе бидат тогаш официјалните мислења од општините?

Мое лично мислење е дека покрај во Скопје, СДС ќе биде силно концентрирана на општините долж границата со Грција и на општините кои граничат со таквите општини. Во изминатите три месеци активистите на СДС беа доста залетани во нивното однесување во овој дел од државата (нели сега власта е во нивни раце па ќе прават што им текне), иако по објавувањето на кандидатот за градоначалник на Струмица малку подзакочија, свесни дека овој пат купувањето гласови особено во ,,маалата” нема да биде доволно за да се победи кандидат како Марјан Бајрактаров туку ќе мора да превземат и други незаконски активности, ни’ дава за право да констатираме дека баш овој дел од државата ќе биде просторот за населување на мигранти.

Бројката што се споменува е навистина алармантна. Демографската структура на населението трајно ќе се измени, а во Македонија ќе живеат помалку од 50% Македонци. Државата не ќе може да се справи со вакавата состојба, ниту економски, ниту политички. Името ќе биде само ,,лесна реализација”.

На крајот некој ќе праша. Каква врска има насловот со сите овие работи?

Е па народе мој кога Пилат ги изми рацете од гревот за животот на Праведникот, народот извикуваше: ,,Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца”. Со тоа практично народот бараше гревот за распнувањето на Господ Исус Христос да биде на нив и нивните поколенија. На овие зборови од книгата на мудроста некој може да им даде филозофски карактер, некој може да ги исмејува и омаловажува, во зависност од неговата идеолошка, а кај нас и се почесто сексуална ориентација. Но, ако сакате ќе поедноставам во целост.

Доколку дозволиме да ни се случат овие работи нашите поколенија ќе живеат во страв и несигурност, ќе бидат целосно обезличени и само ќе се сеќаваат дека  некогаш биле свои на своето. Сега ако ја направиме грешката, таа наша грешка ќе ја плаќаат нашите поколенија. Или баш ако сакате: Луѓе ќе ни’ страдат децата и внуците.

Затоа без разлика дали грешката ќе ја направиме заради некој личен интерес или за пари кои по два дена ќе ги немаме, или можеби не сме задоволни од некои политики на ВМРО-ДПМНЕ, или пак, нè нервира оној Самсоненко, таа грешка ќе биде стратешка и повеќе ќе нема враќање.

Сето ова што сега се случува во нашата земја може само Вие, граѓаните на Република Македонија  да го спречите. Вие и никој друг освен Вие.