Kиднапирана држава од велепредавници и соросоиди

Со една теза на соросоидите, која ја слушаме повеќе од две години, целосно се согласувам. Тие велат, Република Македонија е заробена држава. Велат, РМ е заробена држава од криминални политичари, кои ја користат политичката моќ за богатење на грбот на македонските граѓани. И да, целосно се согласувам со соросоидите, но одам чекор натаму во надградување на тезава и додавам дека РМ е киднапирана држава од велепредавнички криминалци кои живеат на копче, дебело платени соросоидни инсталации кои децениски гувеат во македонските државни органи, институции, установи, како и во граѓанскиот сектор, и од трчи-лажи политичари од најмизерен вид, кои облечени во костуми и вратоврски, или здолништа со ролки глуматаат некакви загрижени политичари за иднината на државата. Глуматаат, или поточно речено глумат лудило на загриженост затоа што знаат дека само глумата им е спасот од KПД „Идризово“. Нам многу добро ни се познати сите нивни криминални досиеја и криминални активности. И на овие криминални и лажливи политичари им е совршено јасно дека ако еден ден ги соблечат скапите одела и вратоврски, и ако се тргнат од жешката линија со амбасадорите и европските бирократи како нивни старатели или ако на момент излезат од шемата на странскиот сценарист, правдата ќе ги стигне истиот момент. Токму затоа тие и натаму послушно ќе си климаат со главите и ќе си играат по нотите на нивниот газда. За нив државата е инструмент за остварување лични материјални и кариеристички користи, и ништо повеќе од тоа.

РМ е киднапирана и од луѓе кои со децении се индоктринирани и вгнездувани како соросоидни инсталации во земјата. Овие луѓе-инсталации немаат друг избор освен да продолжат да работат според странските упатства и инструкции бидејќи само тоа знаат да го прават. Kога пред повеќе од една деценија се согласиле интегритетот и мозокот да го дадат под кирија, да земаат огромни суми пари за млатење празна слама знаеле точно во што влегуваат. Впрочем, на многумина од нас ни беше нудена истата шема, ама тоа е, кој за што си учел. Никој не ги тепал по табани да се лакомат за пари, а сега да ни глумат некакви жртви на „режимот“. Требало да знаат дека големите пари не им се дадени затоа што се многу умни или многу убави, туку затоа што некој проценил дека може да послужат како корисни лејки подготвени да дотрчаат во секој момент по наредба и да направат с` што сценаристот ќе посака од нив.

Тоа што овие лејки самите се нарекуваат независни активисти, земјан(к)и, борци за права и правда не може да ги амнестира од сторените злодела кон државата и кон сопствениот народ. Овие луѓе со чипирани мозоци се навикнати да дејствуваат под странска команда. Тоа ги пали, тоа ги дразни. Интересот на државата за нив е непознат поим, поим што не постои во нивната ментална матрица. Тие се согласиле да соработуваат со странски центри на моќ, да ја кодошат државата и за тоа да добиваат пари што просечен Македонец не може ниту да ги сонува. Овие луѓе си го дале интегритетот и достоинството под кирија, што значи дека не можеме да се надеваме на нивно враќање назад, да работат за интересите на државата. Па тие не се ни срамат да кажат дека немаат своја држава, за нив РМ е „оваа земја“. Ви звучи познато кованицава нели. Истата кованица што ја користат нивните шефови однадвор за кои Македонија е „оваа земја“, а Македонците „граѓани на оваа земја“. Тоа се истите луѓе што продаваат демократија и демократски вредности и принципи на граѓаните во оваа земја.

Токму затоа не очекувајте и немојте да се надевате дека во нив ќе проработи честа и совеста и дека тие наеднаш ќе станат емпатични кон државата. Ниту во нив има емпатија ниту им е гајле за нас. Филозофијата во која тие се одгледани е, всушност, систем на „затворено општество“, во кое место има само за нивните животи. Место во кое само тие треба да мислат и да зборуваат, а сите други да слушаат и да црнчат за нивните потреби. Тоа се луѓе манипулатори, луѓе што ниту имаат капацитет ниту знаат нешто конкретно да сработат. Нивното работно мото е „демонстрирај“, „револуционализирај“, „префрлај од шупливо во празно“, живеј од ден за ден и вози се на мантрата на милијардерот, додворувај им се на поголемите и политички моќните и вози се во нивниот воз. Тие ниту знаат, ниту умеат да создаваат добра за други луѓе. За нив важни други луѓе не сме ние, туку нивните работодавци-странци. Доволно е само да фрлите поглед на менталниот профил на оние што свесно, со умисла се навлечени на мантрата „отворено општество“ и с` ќе ви биде јасно. Измиени мозоци кои одамна немаат корисна функција во системот и во државата.

Роботизирани мозоци кои се активираат тогаш кога нивниот господар ќе им даде наредба. Без наредба тие се обични хибернирани растенија. И за каква демократија можат овие вегетирачки суштества да зборуваат, проценете сами. За овие луѓе вистинска демократија и слобода е кога нема демократија и слобода. Длабоко во себе тие ја презираат, тие ги мразат демократијата и слободата. За нив демократија не е волјата на народот. За нив демократија е волјата на соросоидите и нивните газди. Овие луѓе отворено ја мразат различната мисла и слободниот ум, ги презираат вистинските човекови вредности затоа што се свесни дека во овие вредности не се пронаоѓаат, стануваат свесни дека се изгубени души, дека се зомби креатури без елементарен мисловен капацитет. За нив секој што мисли со своја глава треба да биде ставен во гасна комора.

РМ е навистина заробена држава од криминални политичари на кои полесно им е да станат велепредавници, отколку да напишат економска програма за развој на државата, за унапредување на економијата, за привлекување нови инвестиции и иновации, за капитал ставен во функција на земјата. Kриминални политичари кои целиот свој живот го поминале како крлежи во кожата на народот, како пијавици под ноктите на граѓаните што работат и што сонуваат за подобро утре. Тие пронашле вистинска формула како на најлесен начин да дојдат до убав живот. Вгнездени во пазувите на сопствениот народ, преку изборни измами, преку нечесни дилови, преку расипнички планови, велепредавнички и шпионски сценарија глумат големина во политиката. А всушност се луѓе обични мивки.

Е, токму овие политичари, докажани во криминалното дејствување мора најитно што може да бидат тргнати од политичката сцена. Не тие да ја водат државата, туку државата да ги гони нив. Зависно од тоа колку ќе успееме во гонењето на овие велекриминалци, и колку ќе успееме соодветно да ги казниме, толку ќе можеме да се надеваме дека имаме спас како нација. Недозволиво е аболиран криминалец да биде на чело на државата. Недозволиво е оној што насилно влегол во твојот дом, што со провалување успеал да се насели во домот како натрапник, тој истиот да те брка од домот. Недозволиво е вистинскиот сопственик на куќата да биде избркан на улица од разбојникот и никој да не одговара за тоа.

РМ е киднапирана држава од неколку малоумни новинарски и квазиекспертски пера, чија главна задача не е, ниту некогаш била да се следат националните интереси на РМ, туку нивната мисија е да го величаат мастер-планот на Сорос и неговата квинслиншка војска составена од разно-разни амбасадорчиња, разно-разни надриписарчиња, некакви експертски претставници за кои никој во нивните држави нема чуено ама затоа во Македонија се прогласуваат за „народни херои“. РМ е киднапирана држава во која киднаперите презеле обврска нашата држава да ја снема од географската и од политичката карта на Европа. Со нејзиното снемување од картата ќе се офајдат сите соседи. Целта на големиот план на киднаперите е Македонците доброволно да се самоубијат на начин кој како што ќе си одбере, кој како ќе си одлучи, македонските природни богатства да бидат целосно преземени од планерите на велепредавничкиот план, кој треба да биде заокружен со поставувањето на велепредавникот Заев и неговите шпиони на чело на државата.

Сите елементи на велепредавничкиот и киднаперски план се познати и до коска соголени. Суштината на планот, исто така. Kрајната цел на тој мастер план е РМ заедно со Македонците да ги снема. Да исчезнат, да заминат во историјата. Македонците да бидат поттиснати од графата постојни, автохтони и самоопределени народи во Европа, и да се најдат во графата „други“. А „другите“ никогаш немале право на сопствена национална држава. Под „друго“ влегува с` што не може да оформи своја држава, се што е малцинство без капацитет за своја држава. Така, кругот на Македонците и нивната држава ќе се затвори, ќе се запечати засекогаш. Се затвораат клучните елементи, конституенти на државноста. Се киднапираат и живи се закопуваат постојните состојки што н` прават легитимна и легална држава. Без Македонците нема Македонија. Територијата, градовите, селата и натаму ќе постојат, но нема да бидат македонски. Ќе добијат нова политичка одредница која ќе одговара на интересите на Господарот, носителот и реализаторот на мастер планот за растурање на државата. А оние, велепредавниците од СДСМ, што сега им се нудат на сите албански партии како лесни девојки пред МРТ, кои никогаш и немале патриотски чувства кон државата, е тие влезени во филмот дека ќе бидат власт, дека ќе бидат премиер, министри и други големи и важни фотелјаши, всушност, се предмет на исмевање и зафрканција на Господарот што ги најмил.

Тие биле и ќе останат една голема нула во очите на креаторот и реализаторот на планот за рушење на македонската држава. Kога ќе заврши оваа последна епизода од игранката наречена „Смрт за Република Македонија во неколку продолженија“, кога планерот ќе свирне со свирчето крај, сите тие умислени министри, самобендисани и црпнати премиери, заменици на премиерот, и што ли уште не, ќе заминат со свирежот.

Можеме ли да му се спротивставиме на овој киднаперски план? Можеме ли да го тргнеме Дамокловиот меч кој ни виси над главата? Можеме, се разбира. Планот за одбрана на државата има неколку фази. Првата фаза е, по која било цена, да не се дозволи формирање влада која ќе ги прифати, или која ќе биде заснована на барањата содржани во противуставната албанска платформа. Албанската платформа е спротивна на Уставот на Република Македонија. Тоа треба да е доволен и легитимен факт да биде тргната од преговарачката маса. Според начинот како е подготвена, со директно мешање на странски политичари, таа е спротивна и на принципите на меѓународното право што е дополнителна причина платформата да ја отфрлиме како спротивна на темелните вредности на уставниот поредок на РМ, спротивна на почитувањето на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, спротивна на принципот на владеењето на правото, и спротивна на општо прифатените норми на меѓународното право.

Втората фаза е најбрзо што може да одиме на нови парламентарни избори во кои место не смее да има за ниту една изборна измама, поткуп и уцена со која на директен начин ќе се влијае врз слободата на определувањето на гласачите. Новите избори ќе треба да донесат македонска Влада и институции во системот кои ќе одговараат на потребите на македонските граѓани, а не на странците. Трета фаза е затворање на сите невладини организации кои работат спротивно на Уставот и на Законот за здруженијата на граѓани и фондации. Граѓанските организации не смеат политички да дејствуваат, ниту да бидат ставени во функција на постигнување политички цели и интереси. Сите оние затскриени граѓански активисти што сакаат политички да дејствуваат нека повелат да основаат партии или нека се приклучат кон СДСМ. Четвртата фаза мора да биде целосно почитување на Уставот и на законите во земјата, почитување на фактот дека никој не е над Уставот и над законите и дека секој мора да биде одговорен за своите постапки и делување. Петтата и последна фаза е да отвориме итна постапка за промена на Уставот со цел заштита на Македонците. Да се внесат по итна постапка два уставни амандмана со кои трајно ќе се забрани промена на уставното име и на унитарниот карактер на државата. Оваа забрана ќе значи трајно зачувување на нашиот идентитет и нашето право да бидеме Македонци!