Каде се границите?

Кога добро ќе го разгледаме бројот на луѓе кои што последниве години движат од нивната родна земја во други земји, членки на ЕУ, само по себе доаѓа прашањето каде се границите?

Во Сирија пред Март 2011 година живееја 24 милиони луѓе и за само неколоку години се трајно иселени неколку милиони , за денес во оваа држава да живеат 17 милиони. Сирија, која на почетокот на овој век беше политички и економски стабилна, каде природниот прираст на населението изнесува 30 одсто, во годините што доаѓаат огромни се можностите населението да мигрира од економски причини. Прогонетите сиријци најмногу ги има во соседните земји, како Турција и тоа повеќе од два милиони и во Јордан и Либан заедно 3 милиони сиријци. Но, само 5 проценти од нив тргнале кон земјите на Европската Унија.

Според проценките и на Афричкиот континент, населението во следниве години ќе станува помногубројно од сегашните 1,2 милијарди жители.

Ако го земеме фактот дека војните најчесто се причина за мигрирање на луѓето, последниве 4 години, првпат по Втората светска војна бројот на лицата кои се иселиле е поголем од 50 милиони луѓе. Но кај сите овие лица причината за миграција не е војна, поради тоа што доаѓаат од земји кои не се зафатени од воените жаришта.

Подобриот живот во економски стабилни општества на европскиот континент е причина за мигрирање на 70 проценти, според Обединетите нации, кое што вклучува се повеќе луѓе од афричкиот континет и од Блискиот Исток да се иселуваат, а притоа не се принудени да ја напуштат својата држава.

Во таква сериозна ситуација на миграција, европските земји се најдоа неспремни во 2015, а денес сеуште недостасува единствена политика која што ќе биде поддржана од сите земји кои што се посакувана крајна дестинација на мигрантите и бегалците,без разлика дали се членки на ЕУ и се дел од Шенген системот.

Сведоци сме дека секоја држава се заштитуваше со повторно воведување на граничните контроли ,но и жестоко обвинување од земјите кои тоа не го прават,но истите границите се обидуваа да ги вратат со воведување лимити за влез во нивните земји.

Целот систем кој што го градеше Европската Унија и Шенген системот станаа нефункционални само за неколку месеци, па Македонија со поддршка од дел од државите го спаси европскиот континент од нерегулирано движење кое со себе носи опасност од тероризам,трговија со луѓе и криумчарење

Секое обвинување на  послабата и помала карика на рутата, личеше на старата „слушај ме што зборувам, не ме гледај што правам“.

Кога илјадници лица доаѓаат од земја која што е членка на ЕУ и е дел од Шенген системот се прашувам : Каде се границите?

Перцепцијата после сите немили настани во Франција,Италија и Германија е сменета.На последниот состанок на европските лидери и лидерите на дел од африканските земји недвосмислено одлучија дека дупките мора да се затворат ,притоа транспарентно порачувајќи им на Агенцијатана ОН забегалци УНХЦР и невладинитеорганизациидека можатдапротестираатколкуштосакаат.

Италија не сака да прима уште повеќе луѓе, кои потоа не се распределуваат по квоти во останатите земји членки на ЕУ, Шпанија внимава да не стане актуелна рута за мигрантите, Германија сака да ги спречи брановите бегалци кои доаѓаат од Италија преку Алпите.

Со формирањето на хот спотовите за проверка на барањата за азил во Либија,Нигер и Чад на афричкиот континент,европските границите се поместени кон Африка.

Изминатиов месец преку Средоземнотоморе, дојдоа далеку помалку мигранти отколку во претходните месеци. Заплашувањето на сиромашните афрички земји функционира и  овој рецепт покажува резултати во овој момент.

Европските лидери доколку ова функционира на долг рок ќе го слават како победа.

Грција воздивна од илјадниците кои секојдневно стигнуваа на нејзините брегови,но бројот на пристигнати мигранти  во последниов месец повторно се зголемува.

Не смее да се игнорира фактот дека договорот ЕУ-Турција во ниту еден момент  сериозно не се реализира.

Каде се границите на припадност во една ваква ситуација?

Во 2013 ретко кој можеше да го предвиди тоа што почна да се случува во 2014,се претвори во мигрантска и бегалска криза во 2015 и половината на 2016,затишје во 2017.

Сите анализи и факти укажуваат дека не е ништо така наивно како што изгледа.

Во една таква ситуација секоја една постапка,секој еден лист хартија,секоја една одлука потребно е да предвидеме како ќе делува ако повторно се најдеме во ситуација како онаа од  2015 .Минатото треба да ни биде водилка во стратешките документи кои се носат,незаборавајќи два клучни моменти:

-дека сме алка која што ја сметаат за слаба и сиромашна и во секој момент секој помоќен се обидува да ја обвини за нејзините постапки

-дека земјите кои што се крајна дестинација го ограничија бројот на прием на лица кои ги исполнуваат условите за азил

Македонија е земја на европскиот континент каде се вкрстуваат многу патишта и со таква местоположба многу е важно  каде ќе ги поставиме “границите“.

Само во последниот период ЕУ на Бугарија и врати 600 лица, зашто соседот наш бил прва точка на влез во ЕУ за тие лица.

Кога морските надворешни граници на земјите од Европската Унија ќе бидатзатворени, само во такви услови ќе може да се размислува повторно да се укинат внатрешните граничните контроли и да функционира Шенген системот.