ЈОХАНЕС ХАН И МАКЕДОНИЈА, ВО КОЈА СЕ Е МОЖНО

Јоханес Хан за едно е во право дека во оваа држава с` е можно. И гледаме како е можно да се суди за шамари што никогаш не се случиле, а државниот удар, на кој бевме сите сведоци, да помине „незабележан“ од надлежните институции. ОЈО требаше досега да го има подготвено обвинителниот акт.

Не треба да човек да е многу стручен за види дека Талат Џафери беше избран со кршење на Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието. Неговото признавање од заменикот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, сосе Џес Бејли, и претставниците на ЕУ само уште еднаш покажа дека државниот удар беше изведен по план на западните („дип стејт“), а изведен од нивните овдешни играчки.

За разлика од Македонија, во која ЕУ и САД го осудија насилството на протестантите и го поддржаа нелегитимниот избор на Талат, во Украина се случи обратна ситуација. Таму, откако ги нахранија демонстрантите со сендвичи, ги поддржаа домашните „револуционери“ во симнување на „украинскиот диктатор“. Не еднаш сме ги виделе војните аршини на Западот. Најважно е кого тие поддржуваат и така гледаат на работите.

Секоја чест на сценаристите што го испланираа државниот удар кога пред Собранието има стотици илјади граѓани и успеаја одработувачите на докрајчување на Македонија во очите на светот да ги прикажат како жртви, а патриотите како насилници.

Околу десет од протестантите се веќе во притвор. Изведувачите на државниот удар на чекор до формирање влада.

Заев во интервјуто за српски „Kурир“ рече дека прв приоритет му е создавање правна држава. Замислете човекот што нелегално избра претседател на Собрание и кој ако не добие мандат од шефот на државата Иванов, планира да формира противуставна влада, говори за правна држава.

Неговиот избраник Џафери уште првиот ден си го накити кабинетот со албанско знаме. Не треба да се потенцира дека тоа е флагрантно кршење на Уставот и законите и Деловникот за работа на Собранието. Или, како што пластично објасни професорката Ванковска, пораката на Талат со знамињата е како да испеал химна на Албанија среде домот на македонските граѓани од кои извира власта.

Не е за изненадување шокираноста на „примабелерината“ Земјанка и на Kаролина Ристова Астеруд, оти тие и досега за многу работи што се случуваа во државата беа слепи. Сега го искараа Талат зошто ставил албанско знаме. А што ~ текна на Земјанката да се занимава со македонски работи, со какви што се занимаваат простите, глупите, небањатите, гадинките што излегуваат од канализација и кои треба да се уништат? Заборавив, правото е тоа што ја интересира, секако, во зависност за кого се работи и на која нога е станата.

Но, и најпроникливите не можеа да предвидат дека Зоран Заев, со сиот памет на Бугарите ќе им рече дека се ист народ со Македонците. Бугарите едвај чекаат да го чујат тоа. Тој и за српски „Kурир“ истото го кажа и за Србите. За разлика од Србија, во која малку се тие што сметаат дека Србите и Македонците се ист народ, во Бугарија ретко кој ќе ви каже дека бугарскиот и македонскиот народ се два различни народа.

Чудно како Заев по секој немил настан во Македонија има потреба да дава интервјуа за странски медиуми. По кумановските настани за косовска телевизија ја промовира двојазичноста и кажа дека името на државата треба да ја отсликува мултикултурата. Сега по настаните во парламентот, преку српски „Kурир“ му порача на Александар Вучиќ да не биде националист. Најверојатно сакаше да му каже дека го чека судбината на Груевски, која му ја скроија странците. Со изјавата за бугарскиот медиум дека Македонците и Бугарите се ист народ само ги подгреа сомнежите дека во некоја блиска иднина можно е Македонија да биде поделена меѓу Албанија и Бугарија. Или пак, планот за овде е да се создаде Швајцарија на Балканот, се разбира, со ново име, без Македонци во неа, а тие Македонци може да станат Бугари.

Нема сомнеж веќе дека големите стратези со поддршката за СДСМ и алабанските партии, преку реализација на тиранската платформа, решиле еднаш засекогаш да го затворат македонското прашање.