И „ДВОРСКИ ШУТОВИ“ ПРАВАТ БЕЉА

Во 25 години плурализам низ парламентот поминале секакви претставници на народот, од најумни до оние што природата не ги надарила со многу интелект, а секогаш најмногу внимание привлекувале „дворските шутови“ кои засмејуваат. Еден од тие што важеле за забава на пошироката јавност беше и пратеникот и актуелен градоначалник на Струга, Зијадин Села. Изгради мислење за себе дека не е човек што некој треба сериозно да го сфати. На говорница знаеше да изгледа дека во секој момент ќе го удри првиот што ќе му падне в око, за после неколку секунди да почне да се смее. Расположението постојано му осцилира од лутина до смеа. Намуртен лик, кој веднаш потоа се засмејува. Ќе остане запаметен по својата закана дека ќе го запали Собранието. Откако го кажа тоа, се изнасмеа. И оди сфати го сериозно?!

Шок беше што граѓаните на Струга се одлучија овој „забавувач“ да им биде татко на градот. Дали Албанците немаат поквалитетен кадар од него, па што мораа еден таков да изберат за градоначалник?

Ова не е само мое мислење за него, туку на повеќето. Обично од култура не се кажува што се мисли за некој. Но, по онаа негова, благо кажано, навреда дека Македонците не постоеле пред 100 години, Села заслужи колективна тужба за навреда, а не да помине само со нечие мислење за него.

Што е проблемот во она што го кажа Села?

Проблем е ако тоа го мислат и повеќето Албанци, а не го кажуваат. Проблем е ако Албанците од мали учат дека Македонци немало пред еден век. Проблем е што таквото мислење на најголемото малцинство во државата може да им послужи како дополнителен аргумент во негаторскиот однос кон Македонците. Проблем е што оние што не сакаат Македонија и Македонците да постојат. Непријателите на Македонија во самата држава да најдат сојузник за полесно да ја обезличат, да ја преименуваат и да ги укинат Македонците. Проблем е што таквите изјави на албанските политичари може да ги разнишаат кревките меѓуетнички односи, па да ни се случи нова војна како во 2001 година.

А доволно беше искуството од 2001 година за секој да размисли дали сака таа да се повтори, дали сака дестабилизација, да влегува во нечии сценарија што не само што ништо добро нема да ~ донесат на државата, туку може да го доведат во прашање нејзиното опстанување.

Или можеби тоа е задачата што треба да се одработи по нарачка на „повисоките од надвор“. Да се дестабилизира државата за „креаторите“ полесно да си владеат на ова парче земја.

Ако се земе предвид дека платформата беше креирана во Тирана од соросоидот Еди Рама, ако се види дека овде таа е поддржана исто така од лица директно или индиректно поврзани со унгарскиот милијардер, може да се заклучи кој тоа ги поттикнува меѓуетничките односи и кој е тој што сака конфликт во Македонија.

Ако во минатото Албанците имаа голема поддршка од САД, не е јасно каква позиција ќе има Трамп, кој не е љубител на муслиманите. Дали тој ќе ја продолжи политиката на неговите претходници или ќе ја смени.

Нема сомнеж дека во Македонија има лица што повеќе од две години работат на дестабилизација на државата. Но, ние имаме искуство од 2001 година и засега се внимава да се дојде до конфликт меѓу спротивставените страни. А досега имаше и доволно „револуции“ во светот за да ја научиме тактиката што ја применуваат ако сакаат да дестабилизираат некоја држава со цел симнување од власт на „диктаторот“, односно на лицето што не сака да биде нивна марионета.

Има и креирање ситуација како предупредување на некоја власт да не скршне од патот што ~ е зацртан.

И сето тоа е видено. И токму поради тоа постојат сомневања дека можеби сето ова што ни се случува е добро испланирана во канцеларијата на „креаторите на светот“. Kонфликтот Исток и Запад можеби некој го планирал во запаливиот Балкан. Дали Трамп ќе донесе нова политика на САД и затоплување на односите со Русија останува да се види.

Дали е ова тест? Дека некој сака да исценира украинско сценарио овде, ни беше јасно на многумина уште кога почна Заев да ги пушта нелегално снимените разговори. Постојано се предупредуваше и укажуваше на тоа дека СДСМ бара или да е на власт или во спротивно ќе има војна. А за вжештените глави кои, освен портали финансирани од Сорос, друго ништо не читаат, еве уште еднаш. По избивањето на немирите во Украина, државата беше разрушена, на работ на банкрот, со над 10.000 жртви. Тоа ли е тоа што некој ~ го посакува на Македонија?

Патем, с` почна кога Путин спомна дека „Турскиот тек“ ќе минува и низ Македонија. Изградбата на гасоводот ќе значеше и зајакнување на руското влијание во регионот, а тоа, секако, Западот немаше намера да го гледа од страна, туку стори с` да ја попречи реализацијата на овој проект. Ова колку за потсетување како почнаа да дуваат страшни ветриштата во Македонија која се најде на линијата на огнот.

Овој пат треба да сме помудри и да не дозволиме да н` втурнат во војна во која нема да има ниту победници ниту поразени, туку сите може да бидеме губитници.

Ирена Радовановиќ за Дневник