Фрчковски насилник

Едноставно и народски кажано, Фрчковски е едно обично тепачиште, насилник, силеџија, поган човек кој е силен над деца и жени. Лик кој е далеку од личност и кој покажува дека нема никаков демократски капацитет, па ниту човечка димензија на однесување. Ете овој лик е универзитетски професор кој образува нови генерации и тоа генерации кои треба да го градат правото во Македонија. Овој лик почитувани граѓани беше министер за внатрешни работи, овој лик го направи фаличен првиот Устав на Република Македонија во 1991 година и овој лик беше дел од создавањето на рамковниот договор од Охрид.

Но, не е во прашање Фрчковски како лице, во прашање е тоа што тој е експонент на една политичка идеологија на СДСМ која на секој чекор го покажува своето грдо лице и фашизоидност, нетрпеливост кон секого кој не ги прифаќа нивните платформи.

Фрчковски како професор на Правниот Факултет во Скопје направи неколку кривични дела. Тој изврши физички напад врз лице, само поради поставено прашање или изразено мислење јавно кажано, потоа упати пцости врз неколку стотици илјади Македонски граѓани кои се дел од ВМРО-ДПМНЕ (членови на оваа политичка партија или поддржувачи). Само по овие два основи Фрчковски треба да одговара пред судовите во Република Македонија. Најпрво му советувам на младото момче кое беше физички нападнато од Фрчковски да му поднесе тужба и случајот официјално го пријава во МВР, а потоа барам ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да поднесе пријава против Фрчковски за јавно изречени навреди и пцости врз членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. Така ќе имаме правна држава на дело и ќе покажеме дека тепачиштата со идеолошки фашизоиден предзнак и нетрпеливост, како и со сомнителен професорски капацитет ќе бидат осудени и потоа маргинализирани во општеството.

Јавно го повикувам Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, почитуваниот професор д-р Јанкуловски да свика седница на Сенат на која официјално ќе се осуди насилничкото и непрофесорско однесување на Фрчковски. Во исто време го повикувам Деканот на Правниот факултет, „Јустинијан први“, да свика наставно-научен совет и да преземе дисциплински мерки за неетичкото и насилно однесување на Фрчковски. Доколку академската заедница ова го премолчи, тогаш тоа ќе значи дека колегите од Правниот факултет се солидарни со тепачиштето и дека го поддржуваат насилството.

Да разјасниме дека Фрчковски не беше физички нападнат, туку само му беше поставено прашање „дали не се срами од предавството врз сопствената татковина“. Очигледно е дека ниту Фрчковски, ниту оној аболицираниот криминалец и лажго без срам и перде не се срамат од своите постапки. Тогаш е разбирливо зошто никако да добиеме одговор на конкретните прашања кои граѓаните им ги поставуваат, а се од животно значение за нашата татковина. Очигледно е дека нивниот одоговор е лаги, манипулации и насилство.

И еве да ја погледнеме вистината со компарации. Кога на колешката Каракамишева инструирана група студенти и шарени револуционери и влегоа во кабинет и ја провоцираа, колешката само им кажа „браво“ и никого не нападна, а „храбрите“ шаренковци избегаа од кабинетот.

Кога оној обратниот Луми со група шаренковци во градскиот парк го навредуваа Груевски во присуство на неговото семејство, тој беше достоинствен и не им одговори ниту со збор ниту со гест, туку само се насмеа, а дури ниту обезбедувањето не реагираше иако можеше тоа да го стори со полно право.

На ова да го додадеме и однесувањето на оној несреќникот Бабамовски (самопрогласен професор по незнам што), кој беше насилен кон полицијата за време на шарените протести пред владата и кој упадна во просториите на Република за да се заканува.

Посоти ли еден пример на насилно однесување на оние кои протестираа со ГДОМ и оние кои протестираат изминативе денови против предавството на Црпко и СДС-то?

Сега можеме да направиме споредба и да видиме кој тоа негува демократски капацитет и толеранција кон сите граѓани на Република Македонија и кон секое различно мислење, а кој тоа е исклучив и полн со омраза кон се што не е во согласност со неговите идеолошки определби.

Очигледно е дека во Македонија имаме судир на две тотално спротивставени идеологии. Едната национално цврсто определена, унитаристичка и демократска со полна љубов кон татковината Реублика Македонија и другата предавничка, фашизоидна, тоталитаристичка и насилна. Навистина се прашувам: „Дали Македонските граѓани се подготвени да се соочат со СДС и нивната тоталитаристичка идеологија“?

Ова претставува и јавен повик кој го упатувам до сите Македонски граѓани за одбрана на слободата на мислење и изразување и спротивставување на тоталитаризмот кој СДС-то преку Фрчковски, Тричковски, Геровски и сите нив ни го презентираат како модел преку кој сакаат да владеат во Македонија.

Од сега па понатаму за мене лично Фрчковски не е повеќе универзитетски професор, тој е само едно обично улично тепачиште и насилник. Навистина незнам како некои медиуми во иднина би си дозволиле од него да побараат мислење и демократски политички став за било кое прашање од општествениот живот во Македонија.

Јавно го повлекувам мојот повик до овој насилен лик за јавна дебата, бидејќи со насилници и идеолошки затруени фашисти несакам воопшто да разговарам.Да не бидам погрешно разбран во овој контекст, ќе појасна дека не се плашам од насилници, туку сметам дека не заслужуваат со нив да се разговара, едноставно на вакви лица местото им е зад решетки, во затвор или во лудница, во зависност од тоа како ќе процени судот и стручните лица која е причината за нивното насилничко однесување. И само уште нешто да напоменам повторно во овој контекст, а тоа е дека не се плашам од упатените фацијални и преку говор на телото закани од членови на смемејство на надобудни „министри“ на СДС-то, подготвен сум да се соочам и справам со секој нивен насилен акт и соодветно да одоговрам демократски секако.

Сега го повикувам јавно да се извини на целата Македонска јавност за тоа што го стори, за онаа што во минатото го стори преку својата нестручност и лошо министерување и да им се извини на нашите сограѓани Албанци за тоа што ги малтретираше и беше насилен кон нив додека беше министер за внатрешни работи. Граѓаните на Македонија можеа да видат кој треба да упати извинувањеза закочување на демократските процеси и зачувување на човековите права на сите наши граѓани. Ете каков лик ја креирал државната политика на Република Макеоднија и сеуште овој исти лик е советник на аболицираниот Заев. Сега слободно може да констатираме зошто Црпко спроведува предавничка агенда и кој се е во таа булумента предавници и човекомрсци.

Поголем доказ за тоа што не чека како граѓани, како Македонски народ и како држава од оваа однесување на тепачиштето и велепредавникот од оваа екалтантно насилно и нетолерантно однесување исполнето со омраза и црнила нема.

Доколку и ова не не освестува и не ни претставува доказ за тоа како СДС би владееле и која идеологија во пракса би ја спроведувале тогаш навистина незнам што ќе не освести. Веројатно секој од нас ќе треба да се соочи со тепачиштата на СДС-то и тоа во ликот н нивните врховни идеолози, притоа покажувајќи ни како тие ја разбираат демократијата.

Да направиме споредба за тоа како се однесуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неговото обезбедување, а како се однесуваше обезбедувањето на Заев, како се однесуваше колешката Каракамишева и како се однесува Фрчковски. Правејќи ја споредбата ќе направиме и разлика за тоа кој сака да биде режим во Македонија.

Се извинувам на Македонските граѓани што му дадов толку простор на еден насилник и тепачиште, но очигледно дека е повеќе од неопходно да се согледаат работите од вистинскиот агол, бидејќи очигледно е дека Господ ги реди за да може да ги видиме за да подоцна неможе да кажеме дека не сме знаеле кога ни беа и ни се пред очи предавствата, насилствата и фашизоидната идеологија на СДС-то.

Доцент д-р Оливер Андонов