ДРЖАВНИЦИ, НАПРЕД! ЛАЖГОВЦИ – СТОП!

Kаква е оваа ситуација? Ова веќе не го бидува. Нешто мораме да менуваме. За државник кој најдоследно го спроведува(не го толкува) Уставот на Република Македонија, и ја спасува државата од разни домашни прекројувачи на територии, преуредувачи на уставниот систем, од луѓе кои по секоја цена сакаат да ја приграбат власта, а не го добиле мнозинството од граѓаните – значи за Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија, да напишеш „…Претседателски пуч… Уставниот суд да процени дали Иванов е трајно или привремено спречен да ја врши функцијата… Иванов полудел… Таа марионета треба да биде исфрлена од својата глувчешка дупка… Kретен президент да речеме…Ништожен феномен во полугасна поднадуена прдежно-пуфкаста форма… ТИ мора да си откачен, одлепен, и блажено откажан од елементарна себеконтрола. Исто така, за лидер на партија кој одби по секоја цена (многу голема – прескапа за Македонија) да состави влада, лидер кој не дозволи да биде уценуван, и лидер кој покажа дека е државник – Никола Груевски, и лидер кој доби најголем легитимитет од избирачкото тело, да кажуваш и пишуваш дека е фашист и диктатор, а партијата ВМРО-ДПМНЕ е македонска лигава варијанта на фашизмот… дека таа партија е злото… дека треба да се уништи (идејно, политички и физички)… дека омразата е погонско гориво на ВМРО-ДПМНЕ… дека Македонија е клозет…“ и уште многу други бљувотини, и морбидности, ТИ мора да поседуваш многу голема омраза во себе и да се раководиш од уште повеќе поголема злоба. Исто така, мора истовремено да уживаш и да се давиш во сопствената логореја, и да си светски дрскосерец број 1(еден) од Македонија. Наш (ууу, се гадам, бљак, мачнина ми е), а светски (еве ви го земете си го нека ве задоволува). Па, луѓе бре, имајте исав. Не гледате ли дека сте шашардисани од туѓи платформи – грди и бурбатни ќитапи. Слепи ли сте, при очи, дека хорски пеете, диригирани од разноразни странски дошлаци, натрапници и неграмотници, против македонската историја и стварност-патетично и мелодрамски, барате алиби, со и во правото, со и во законот, со и во Уставот. Kако бре кутренковци ни едни, не можете да ја видете качачката заседа (од Kосово и Албанија) против с` и сешто, дури и против гласовите на избирачите (461.000 со дијаспората)? Зошто дозволувате со нив заедно да ја воспевате, псалмовно и ектениски, како историска победа (заседата), тоа нагрдување на Уставот на Република Македонија. Доста со конструкции и монтировки против Македонија! Не дозволувајте да ве направат карикатурални рожби, кои ќе бидат испратени во нужникот на историјата. Не давајте и на зломислата да земе замав. Не гледате ли дека македонскиот пејзаж грдее и реи од вашите мисловни ешефоди.

Токму поради се напред наведено, морам да истакнам дека основната смисла на постоењето на човекот е воспоставување на комуникации и односи со останатите живи суштества во неговата поблиска и поширока околина. Притоа, кога се работи за нашата држава – Република Македонија, и за нас – граѓаните нејзини, како свесни и совесни луѓе, кога имаме работа со најразлични луѓе, мора да внимаваме, да отвораме четири очи. Само така ќе покажеме и докажеме дека сме лојални државјани на Македонија, и одговорни кон нејзиниот опстој. Треба да сме свесни дека чесноста, искреноста и добронамерноста, го чинат вистинскиот темел на секој взаемен однос помеѓу луѓето, без разлика дали е приватен, јавен, деловен или политички(официјален, работен, службен, протоколарен, формален). Способноста навремено да се препознаваат, сознаваат и дефинираат вистинските намери на луѓето со кои комуницираме несомнено е од голема важност. Секој од нас поседува внатрешна способност за откривање на искрените и добронамерни желби, за препознавање на лицемерството, нечесноста, злонамерата, за насетување на манипулациите, лагите и мамењето, секако и за откривање на вистината кај другите луѓе. Секојдневно ги проучуваме луѓето без да сме свесни за тоа. Свесно или несвесно правиме проценка дали некој е добар или лош, способен или неспособен, чесен или нечесен, ја зборува вистината или мами и слично.

Денес, најпрвин, ќе ве потсетам на изреката на Роналд Реган, дека политиката е вториот најстар занает на светот, и дека многу го потсетува на првиот – проституцијата. Ве потсетувам на оваа мисла, бидејќи многу често сме сведоци на неприродниот брак помеѓу политиката и проституцијата. Kога ќе се случи таа симбиоза ја добиваме политичката проституција. За жал, сега и тука, нам во Република Македонија ни се случува најперверзна политичка проституција. Веднаш потоа следува предупредувањето дека сега, кога се прават обиди да се состави влада и тука, во нашата држава – Република Македонија, најразлични белосветски Минхаузени, политички Донжуани и воени авантуристи, се обидуваат државата да ни ја редефинираат, суредуваат и крчмат. Ги има многу, па така ќе ги спомнам само најзабеганите: бугарските попови – антимакедонисти, од типот на експретседателот на Бугарија Росен Плевнелиев; српските учители, самопрогласени будали, а ла Ивица Дачиќ; грчките трговци, неизлечиво зависни од шовинизам и иредентизам, како финансиски и морално банкротираниот Алексис Ципрас; интелектуалните дервиши, западнати во експанзионистички транс во кој пишуваат антимакедонски платформи, сурати како Еди Рама и Хашим Тачи; и тетовирани души на македонската демократија, катадневно тетовирани од странските центри на моќ, како Тирана, Приштина, Софија, Атина, Белград, Брисел и Вашингтон, чии најистакнати егземплари се Зоран Заев, Владо Милчин, Бранко Тричковски, Петар Гошев, Ѓорги Спасов, Стојан Андов, Бранко Героски, Радмила Шекеринска, Светомир Шкариќ, Мирослав Грчев, Петар Шилегов, Никола Гелевски, Сашо Орданоски. Kога размислувам и се думам за сите овие сурати, фаци и ликови, доаѓам до констатацијата дека во историјата на славата и срамот, секогаш најистакнати места имаат моралните дивови (тука можам да ги сместам Ѓорге Иванов и Никола Груевски) и квазиетичките арлекини, кловнови, палјачовци и шутови (употребувани од светските бели дворови) и кукли на грдиот гранд гињол театар, како бугарски попови, српски учители, грчки трговци, интелектуални дервиши во експанзионистички занес и домашни тетовирани души на некои политичари, некои колумнисти, некои аналитичари, ајде да не бидам лицемерен – сите напред наведени. Сите нив можам да ги категоризирам во три вида на лажговци, манипулатори и измамници.

Првите се прагматични политички лажговци. Ги има насекаде. Во политиката, новинарството, колумнистите, аналитичарите. Секогаш, ама буквално секогаш се водат од лични интереси. Разбира се, општиот интерес го занемаруваат и ставаат по страна. Тие, се толку прагматични во остварувањето на својата лична цел, не бираат средства и како по правило ја користат макијавелистичката девиза дека целта ги оправдува средствата. Kога ќе ги нападнеш дека не се залагаат за остварување на јавниот општ интерес, употребуваат море од еуфемизми за да „објаснат“ зошто тоа е многу тешко, па дури и неостварливо. Вторите се романтични политички лажговци. Овие се еден посебен вид на лажговци. Без разлика дали се новопечени политичари, или пак „докажани“ аналитичари, тие заведуваат, ставаат во заблуда и по дифолт мамат со цел да ги искористат соработниците, сопартијците, тие што им се наклонети, а богами и пошироката јавност. Нивните романтичарски идеали се дел од најсуровиот политички маркетинг, употребен во борбата за освојување на власта. Но, откако нивните следбеници ќе се освестат, ќе се разбудат од романтичарскиот сон, и ќе се најдат среде суровата реалност, ваквите лажговци и измамници по брза постапка се трансформираат и на најбезобразен начин негираат се што претходно рекле, а излагале. Ама и во тоа „порекнување“ тие се вистински уметници, па така повеќе од јасно е дека повторно „сеат нова магла“. Притоа се трудат да изгледаат невини како света Дева Марија, а во суштина се порочни и блудни како секси дама од тротоарите со црвени фенери. Третите се патолошки политички лажговци. Тие се аморални политичари, аналитичари, колумнисти par excellence. За сите нив поконкретно во наредните колумни.

Сотир КОСТОВ за Дневник