вторник, 16. јануари 2018. Вести денес: 91
home Колумни

ДА БИДЕМЕ ЕДНО И ЗАЕДНО, ДА БИДЕМЕ СИТЕ МАКЕДОНИЈА!

ДА БИДЕМЕ ЕДНО И ЗАЕДНО, ДА БИДЕМЕ СИТЕ МАКЕДОНИЈА!

Секогаш сакам да ви упатам позитивна мисла и порака, како ваш искрен и верен пријател со единствана цел, а таа е како да сме едно ни заедно.

Сетиот апостол Петар рекол: “Принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта разум, кон разумот воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпеливоста побожност, кон побожноста братољубие, кон братољубието љубов“ (2 Птр. 1,5-7).

Во Химната за љубовта, пак, Светиот апостол Павле порачал: “Љубовта е долготрпелива, полна со добрина. Љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, неправи што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистината се радува, се` извинува, во се` верува, на се` се радува, се` претрпува.”

Измина една тешка и несреќна година за Репубилка Македонија.

Новата година е добро време да се подзамислиме над основните принципи за  начинот на живеење, замислувајќи се над својот живот, и потребните промени што треба да ги направиме.

Успорување и уредување на животот: Треба да имаме јасни приоритети и да го намалиме стресот од забрзаното живеење.

Бдеење врз себеси: Треба постојано да сме свесни што и зошто правиме во определен момент.

Да ги ставиме ближните на прво место: Да се ослободиме од себичноста и радосно да им служиме на другите.

Ова се едни од основните совети или “резолуции“ кои треба самите да си ги поставиме секогаш пред нас, а и во нас, со почетокот на новата година која претстои да ја зачекориме на поинаков начин и режим на живеење. Едноставно, затоа што не работиме на тоа од нашите цели да создадеме навики, да ги вметнеме во рутината на нашето секојдневие. Толку многу сме секуларизирани, под влијанието на светската култура, што очекуваме инстант-резултати. Нестрпливи сме, сакаме да уживаме, и затоа ни пречат нештата што од нас барат дисциплина и напорна работа.

Минатата година ќе ја паметиме како година на присила, и нервози секако, зачинета со омраза, и осветољубие.

Немаме потреба од сето тоа, бидејќи немаме што да делиме кога се’ ни е заедничко.

Немаме потреба од омраза, кога знаеме како да се сакаме и почитуваме, но дефинитивно катастрофално е ослабнат “имунитетот” на македонизмот.

Македонизмот е крвотокот на секој од нас, а тоа е простувањето и почитувањето, секако поткрепено со помагањето.

Македонецот е единствен како народ, како човечки род, кој не знае да мрази и да враќа со одмазда.

Има такви, како и секаде на светот; кои знаат да “скршнат“, да не речам, “забегаат“ и да загинат од “семејството” но, доколку се чувствуваат за вистински Македонци, сигурен сум дека ќе го најдат “семејството”, секогаш кога тоа ќе го побараат.

Затоа, пред да стане доцна, пружете си рака на поддршка, разбирање и простување.

Не правете некому нешто, што не сакате вам да ви го сторат, тоа е самоуништувањето. Од тоа враќање никогаш нема.

Тој што ќе се обиде да се самоуништи, тој самиот си ја пресудил и упропастил иднината, и конечно: Не уништувајте ја иднината на семејството и нашиот заеднички дом Македонија!

ДА БИДЕМЕ ЕДНО И ЗАЕДНО, ДА БИДЕМЕ СИТЕ МАКЕДОНИЈА!

Со сите разлики меѓу нас Македонците, по потекло и државјанство, само Македонија е нашиот заеднички именител, само Македонија е нашиот заеднички содржател!