Беззаконици

Се започна со противзаконитите снимки на Заев ѓон Црпко Муртински, неговите уцени врз највисоките државни функционери, објавување на монтирани, снимани и незаконски стекнати материјали во „бомбите“ на ѓон Црпко, обидот за ескалирање во насилство на етнополитичкиот конфликтен процес помеѓу Македонците и Албанците преку настаните во Куманово во 2015 година, Пржино 1, противуставното инсталирање на СЈО и Катето, па продолжи со сакам-несакам избори, па со Пржино 2 и амалгам Влада за спроведување на избори за пратеници, потоа следуваа противуставните и противзаконити ветувања на ѓон Црпко Муртински во предизборието, потоа следуваше изборниот и постизборниот инжинеринг, Тиранската платформа и нејзиното прифаќање од ѓон Црпко па насилното и узурпаторско поставување на ѓон Талат за псевдо претседател на Собранието, изборот на ѓон Црпко од истото тоа Собрание за противзаконит Премиер и еве во континуитет продолжува со противзаконитото разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, и не само него туку и стотина раководители на државни или јавни претпријатија или вршители на функции, а сето тоа со здушна странска помош или гласно амбасадорско молчење за противзаконитите смени.

Сето ова во изминативе три години ни го приреди бандата од ѓон СДС. Нели, тој ѓон Црпко беше за спроведување на закон и владеење на правото, нели законот да важи за сите подеднакво. Кога одеднаш ѓон Црпко со другарчето му ѓон Талат Узурпаторски први не го почитуваат уставот и ги кршат законите.

Народе мој Македонски, најпрво, еве ја правдата на СДС-то и нивната почит кон државата и кон сопствениот народ – граѓаните. Знам дека ова го гледате, но и дека сеуште не ви е јасно што се случува, пред се затоа што сеуште не сте ја почувствувале „правдата“ ѓон СДС на своја кожа. Второ, сеуште нема изразени реперкусии по економијата на државата и се самозалажуваме дека барем ќе има 500 евра најмала плата во Македонија, но според неделата и задолжувањата од ѓон СДС, тешко тоа дека ќе го видиме со оваа влада на ѓон Црпко. Впрочем, сеуште се движиме по инерција на економското забрзување од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, така што економските последици ќе почнеме да ги чувствуваме во Окгомври и Ноември, а први ќе ги почувствуваат пензионерите, дотогаш Тевдо по инструкциите на ѓон Црпко ќе продолжи да не задолжува за да не им падне „рејтингот“ на ѓон СДС на -20%, па покрај политичко-националното предавство на Македонија да се соголат и со економската неспособност токму пред локалните избори.

Во овој период, на ѓон Црпко и бандата од ѓон СДС им се брза да испорачаат се она што им ветиле на нивните странски ментори, а тоа според нивниот пеколен план 3-6-9 на прво место се: договорот со Бугарија како најлесен залак кој треба да го голтнеме, Тиранската платформа за почеток преку двојазичноста која се надеваат дека во име на „сожителството“ ќе треба да ја голтнеме и договорената промена на името на државата, која ќе мора да ја одработат до крај и да не замајат за да не однародат. Зошто инаку на крајот на Август во Македонија ќе се појави така набрзина Коѕијас, доколку нема чист терен за дејствување. Отиде Димитров кај него на поклонение во Јуни и доби лекција, потоа дојде Нимиц и направи „успешна“ турнеја во Атина и Скопје и сега како резултат на овие јавни и повеќа тајни и затскриени дипломатски активности доаѓа Коѕијас да на чист терен одигра победа во гости. Само како напомена, секој од овие три клучни чекори во пеколниот план на ѓон СДС се противзаконити и противуставни, но тоа за беззакониците од узурпаторската власт нема никакво значение, сметката мора да се плати. За жал оваа сметка ја плаќаме сите ние и тоа историски долгорочно со огромни и несогледиви последици по Македонскиот идентитет и државност, нема да ја плати сега ѓон Црпко, тој допрва ќе треба да плати пред народот и тоа скапо да плати и пред оваа и пред идните генерации.

Интересен е обидот на беззакониците да ја дефокусираат јавноста од клучните национални и економски интереси на Македонија. Повторно тоа го прават со стариот играч, Катето и СЈО и пак со кршење на законот. Од кога тоа нелегално стекнати, снимени, монтирани или незнам какви аудио и видео материјали станаа доказ во судска постапка? Како тоа прибрани видео и аудио материјали преку посебни истражни мерки одобрени од јавен обвинител како составен дел од истрага за сторен криминал станаа анти доказ во судска постапка? Да се потсетиме и во иднина постојано ќе ве потсетувам драги мои сограѓани кој прв почна и кој ја воведе Македонија во криза со единствена цел – да се добере до власт по пат на беззаконие. Тоа е ѓон Црпко Муртински (кој се претставува како Зоран Заев Премиер на Република Македонија) по природа беззаконик и докажан аболициран криминалец.

Ете така, намерно „професионалците“ од ѓон СДС кога нема да им успеат овие беззакони дејанија ќе започнат со потпикување во свеста на граѓаните на нивната „философската“ мисла: „сите се исти, сите крадат, та едните та другите“. И така на најбезобразен начин се обидуваат да стават знак на равенство помеѓу Груевски и ѓон Црпко (а нема споредба, бидејќи Груевски беше и остана патриот и Премиер легално избран во неколку изборни циклуси, човек кој се бореше и се избори за економски напредок и национално достоинство на Македонија и тоа го прави и денес не виткајќи ја кичмата,  и ѓон Црпко опишан во самото име, аболициран криминалец, уценувач, предавник, митаџија и беззаконик), тука нема простор ниту за обид за споредба, а не пак за еднаквост помеѓу личноста Груевски и измамникот ѓон Црпко со маска на некакво НН лице. Се обидуваат да постават знак на еднаквост помешу ВМРО-ДПМНЕ и ѓон СДС (а може ли да се изедначи посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон татковината и работата во институциите на државата на сите нивоа и полтронството, предавството, незаинтересираноста, неинвентивноста и неработењето на функционерите на ѓон СДС во нивната беззакона влада, видливо во само неполни три месеци откако узурпаторски ја грабнаа власта во Македонија). Токму овие обиди како и противзаконитото делување треба потполно да го разорат патриотскиот дух на Македонецот (тука мислам на сите граѓани на Македонија кои си ја сакаат татковината). Така разрушувајќи ја вербата во државата, ѓон СДС ќе може полесно да си ги протне работите кои ги има ветено на странскиот ментор, а за тоа да нема реакција во јавноста, односно да ги голтнеме сите горчливи залаци кои со пеколниот план 3-6-9 ѓон Црпко и бандата од ѓон СДС ни ги наменија.

Впрочем, на беззакониците тоа и најповеќе им одговара. Да се направи народот апатичен кон сопствената држава и да не ја брани од беззакониците, а тие да си тераат беззаконо како што си наумиле.

Дури тогаш, во така создадената атмосфера на апатичност и помирување и рамнодушност, односно пацифицираност на нацијата и „дисциплинирање на непослушните или непацифизираните“, беззакониците од ѓон СДС со сите анти Македонски сили потполно до беспознание ќе ја деструираат Македонија. Дури тогаш ќе видиме тотално непочитување на личните права и слободи. Дури тогаш ќе видиме одземање на личен имот (конфискација по теркот на ѓон Црпко и бандата на ѓон СДС) и економска беда. И ќе се жалиме и тужиме по судовите, но ќе ја видиме во пракса политичката философија на Фрчко: „се тоа да се разреши, да се урне, ние да тераме, а тие нека се жалат по судови“, која философија здушно ја воведува ѓон СДС. Уште згора на тоа кога „реформите“ во судството ќе ги спроведе тепачиштето Фрчко, ќе видиме како било во „пусто Турско“ кога Кадија те тужи – Кадија те суди. Дури тогаш ќе треба да се бара тешко чаре како државата да си ја вратиме во нормала како демократска Република Македонија со владеење на правото, правдата и законитоста.

За жал во сето ова уривање на државата и пасивизација на граѓаните интензивно учествуваа и во иднина ќе учествуваат странски служби и нивни претставници во Македонија, но ќе спроведуваат пред се  нашите колаборационисти или квислинзи од ѓон СДС. Затоа да гледаме добро и да расудуваме со чист ум, да не подлегнуваме на празни зборови на ѓон СДС со политички флоксули дека „сите се исти“ за да ве натераат да ги оправдате. Не се сите исти и тоа го покажуваат делата на ВМРО-ДПМНЕ на Груевски и неделата на ѓон СДС и ѓон Црпко. Немафлоскули кои може да ја оправдаат нивната омраза кон се што е Македонско кон сопствениот народ и сопствените граѓани и држава, нема прошка за предавниците и оние кои не ја сакаат сопствената татковина. Да се запрашаме, каде тоа сме Македонци ако не во Македонија? Дали можеби летово кога одевте или одите сеуште во Грција на одмор ве дочекаа со раширени раце или се однесуваа кон вас како кон луѓе од пониска класа на кои треба само да им се земат парите? Дали ја видовте надменоста од веќе започнатото остварување на Тиранската платформа кај гастербајтерите кои доаѓаа летово во Македонија да направат некоја свадба и да многу повеќе пукаат бидејќи со ѓон СДС нема закон па може да се пука со огнено оружје до бесвест? Дали и понатаму ќе се залажуваме со договорот со Бугарија дека е добрососедски и дека нема замки кои скапо ќе ги платиме како нација пред се и тоа во културолошки и образовен аспект? Дали мислите (особено Македонците и сите граѓани на Македонија од Источниот дел) дека двојазичноста нема да ве допре? Само за појаснување, според Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, Полицијата ја извршува својата работа на целата територија на Република Македонија, така што полицаец од Тетово ги применува истите овластувања и во Крива Паланка и во Берово без разлика какви ознаки има на униформата, а централните полициски служби се на државно ниво без разлика каде се наоѓаат во која и да е надворешна канцеларија за криминалистички работи или Сектор за внатрешни работи ќе мора да се применува двојазичноста. Така, кога во Кратово, Пробиштип, Штип, Кочани, Делчево, Берово, Виница, Радовиш, Струмица, Крива Паланка, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Битола, Дојран и на други места каде што нема Албанци ќе добиете документ од Полицијата на Македонски и Албански да не се чудите. Тоа ни го овозможи ѓон Црпко, а ни го даде нашата неборба за Македонија и подлегнувањето на пропагандата и спиновите на ѓоа космополитите, шарените, ЛГБТ, независните медиуми и најповеќе на работата на бандата на ѓон СДС против сопствениот народ и држава.

Затоа кога ќе треба на 15ти Октомври да заокружите за градоначалник и членови на совети во локалната самоуправа, не само што ќе треба да направите компарација за тоа кој што конкретно направил со факти и видливо за вашата општина, туку пред самите себеси запрашајте се „на која тоа политика и давам доверба“? Дали и давам доверба на Македонската политика за опстанок на Македонската национална држава или и давам доверба на беззаконата политика за растурање на татковината“? Дали ќе дадам доверба за спроведување на Стратегија за бегалци која е демографска, економска, безбедносна и културолошка бомба во креација на беззакониците од ѓон СДС и нивните ментори?

Кога сме кај фактите и конкретните дела, мора да ве потсетам дека според она што можеме да го видиме од „работењето“ на СДС Владата, може слободно да заклучиме дека овие беззаконици и узурпатори се застанати во времето од пред 10 години. Нема никаков развој на нивната политичка мисла и потполна безидејност за напредок на државата. Дојдовме до таму што дури и електронските здравствени картички ги укинуваат и ги враќаат сините картончиња и притоа нивните медиуми тоа го прогласуваат како врвен успех (да незнае човек дал да плаче или да се смее). Наместо да го усовршуваат здравствениот систем и да го модернизираат тие го уриваат и она што е достигнато од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а на директорски позиции во здравството поставуваат докажани и правосилно осудени митаџии, впрочем криминалец на криминалец се потпира (погледнете кој е премиер во владата на ѓон СДС и друштвото узурпатори и се ќе ви биде јасно во однос на моралните принципи и криминалот на дело).

Згора на се, убедени се дека нема да одговараат за своето криминално владеење, беззаконие и уривање на Македонската држава. Тоа убедување го темелат на сигурноста дека оние кои ги донесоа да бидат марионетска власт и ќе ги заштитат. Која ли заблуда на беззакониците, зарем мислат дека откако ќе испорачаат тоа што ветиле на нивните газди и газдите им ќе си ги остварат своите интереси ќе бидат заинтересирани за збирштина беззакони и неморални продадени души. Секако дека нивните времени газди се свесни дека овие предавници на сопствениот народ ќе ги предадат и нив доколку имаат „подобра“ понуда за задоволување на личните болни амбиции. Што и друго да се очекува од апатрити и непатриоти кои се срамат од сопствената држава и истата таа држава и својот народ ги перципираат како средство за лично богатење. Токму затоа по завршувањето на испораките ѓон Црпко заедно со ѓон СДС и узурпаторската дружина ќе бидат оставени да се снаоѓаат самите. Затоа тие толку грчевито се обидуваат да го деструираат ВМРО-ДПМНЕ за да се заштитат себеси и да нема организирана политичка сила која е про Македонска и на која граѓаните ќе можат да се потпрат во обновата на Македонската држава. Но, да не се убедени дека нема да одговараат за беззаконието што во сите облици и на сите нивоа го прават, или да мислат дека некој од нивните пратеници, советници, градоначалници или партиски функционери ќе биде амнестиран од одговорност. Македонија и нејзиниот народ , Македонскиот народ ќе опстојат и ќе воспостават правен поредок и правна држава, а во владеењето на правото секој ќе треба да одговара за сторените беззаконија и злоупотреби. Ова не се празни зборови, бидејќи не се зборовите на ѓон Црпко Муртински со неговите шарени пајташи, зборови полни со лага и лицемерие на ѓон СДС, туку зборови од универзитетски професор кој својата кариера не ја изградил врз беззаконие, лаги и плагиати, туку со труд и посветеност во образованието и професионалната кариера цели 28 години наназад. Со оглед на тоа, без разлика на околностите, при доаѓањето на следната нормална, патриотска, законита, чесна и работлива влада, ќе инсистирам на правда и праведност кон сите беззаконици и оние поттикнувачите од профилот на Фрчко и оние спроведувачите во дело од типот на ѓон Талат и многу други на сите нивоа и во сите области, па се до оние буцкачите и бесчесниците кои се обидуваат да го деморализираат и зашеметат Македонскиот народ и сите граѓани со цел да им ја одземат татковината Македонија.

Да се вратам на почетокот од колумната. Не е проблем некого да разрешат од функција, тоа е нормален след на работите, никој не е вечен на функција и нормално е да има смени. Но, тие смени мора да бидат законски, во рамки на утврдени процедури не навредувајќи го личното и професионално достоинство на луѓето кои се тргаат од функција, а тоа се нарекува владеење на правото и законитоста во државата што всушност дава сила на институциите и верба на граѓаните во државата.

И сосема за крај, дали некој слушна збор од амбасадорите во врска со противзаконитото делување на беззакониците и смената на Зврлевски? Сигурно не. Доволно уште еднаш да ни стане јасно под чии диктат и со чија согласност се спроведува беззаконието во Македонија, а во име на демократијата и евро-атлантските перспективи на државата.

Народе Македонски, дали сакаме ваква беззакона држава водена од беззаконици од маштабот на ѓон Црпко Муртински судски докажан криминалец и предавник и узурпаторот ѓон Талат? Верувам во мудроста на граѓаните на Македонија и нивниот избор да живеат во правна држава. Затоа и очекувам да на 15-ти Октомври масовно да излезат на локалните избори и да дадат поддршка на кандидатите за градоначалници и совети од редовите на коалицијата „За Македонија заедно“.

Можеби некој ќе коментира дека во оваа моја колумна сум политички некоректен кон ѓон СДС и другарите им узурпатори. Јас не сум должен да покажувам политичка коректност, особено кон узурпаторите, беззакониците и уривачите на мојата и вашата или поточно нашата заедничка татковина Македонија. Како универзитетски професор имам неприкосновено право на слобода на политичката и научната мисла во јавното искажување и во мојата наставно-научна дејност, а што во иднина и со научни факти преку истражувања и компаративни анализи ќе го докажам во однос на беззаконието на узурпаторската власт на ѓон СДС, колку тоа ним да не им се допаѓа и колку и да се обидуваат да ме „дисциплинираат“.

Од овие причини се извинувам доколку некој од читателите смета дека сум некоректен политички и воедно давам одговор на евентуалните вакви забелешки. За мене политичката коректност заврши во моментот кога беззакониците ја узурпираа власта. Во продолжение ќе може на дело да видиме како узурпаторите беззаконо владеат со Македонија и да носиме лични судови за нивните недела. Врз основ на тие недела и нашите  лични судови ќе треба во иднина и да изградиме личен став и однос кон узурпаторската власт, но и одговорност за нашите постапки во рамките на демократските институции или избори како наша лична одговорност пред идните генерации, а тој став ќе можеме да го искажеме веќе на изборите на 15-ти Октомври 2017 година со што ќе им испратиме силна порака на ѓон Црпко и бандата од ѓон СДС заедно со другарчињата им узурпатори.

Да не се срамиме од самите себе пред судот на идните генерации и да не велиме дека „не знаевме“, дека „не ни беше јасно“, дека „не измамија“. Како луѓе сме словесни битиа и Господ не надарил со разум за размислување, очи и уши за гледање и слушање и со расудување. Ние во Македонија сме во 90% грамотни луѓе со најмалку завршено основно образование, а тоа ни овозможува предуслови да читаме, следиме информации, случувања, дела и недела, да правиме споредби и да расудуваме, а што ни е оставено на нашата совест.

Во предвечерието на Преображение Господово

Господ да ни е напомош и да ни даде чист разум и широко отворени очи и уши

за да ја познаеме вистината за татковината Македонија и да ни даде преобразено

и храбро срце и смирена душа да се избориме противбеззакониците

 

Доцент д-р Оливер Андонов