АМНЕСТИЈА ЗА ПОГРЕБ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА

Со оваа „реформска Влада“ и со овој црпнат премиер, Македонија дефинитивно го погреба владеењето на правото, го допре дното на неправната држава.Црпко и неговите криминални шибицари станаа најголем срам за правната држава и за владеење на правото во земјата. Македонија тоне во неправо, неправди, политички самоволија, хаос!

 

На целата оваа правна раздрданост на системот капак вчера стави токму Црпко со најавата дека многу скоро (читај: непосредно пред локалните избори) ќе направел уште една амнестија на поголем број криминалци и бандити кои во моментов се наоѓаат на издржување затворски казни поради тоа што, како што рече, се „срамел што е премиер на земја каде затворите се надвор од сите стандарди на хуманизмот и социјалниот живот на лицата кои издржуваат казна“.

Кој политички спинер, кој политички блефер и правен циркузант е човеков!

Какво салто мортале прави Црпко на јавна сцена без тронка срам. Па ако веќе одамна сме констатирале дека не ферма држава, Устав, закони, македонски граѓани,барем да покажеше елементарна почит кон својот коалиционен партнер во Владата, ДУИ од кого му зависи парламентарното мнозинство и опстанокот на Владата, а тоа значи и политичкиот мед.Или можеби Црпко не е ни свесен дека со вчерашната изјава, всушност, сите отровни стрели ги истури токму кон ДУИ. Ако се знае дека ДУИ веќе седма година го води Министерството за правда кое, меѓудругото, ги управува и раководи казнено-поправните установи во земјата, тогаш срамот што Црпковчера јавно го обзнани како премиер го адресираше директно до Али Ахмети и неговите досегашни, но и сегашен министер за правда!Министер за правда во неговата влада! Политичка иронија до степен на трагипародија!

Црпко е подготвен, поради бесата што ја има дадено пред збирштината одкриминални пајташи подземјаши, да плука еве видовме и кон Ахмети,и против сите досегашни министри за правда од редот на ДУИ само и само да си ги оствари своите бескрупулозни цели.Црпко е подготвен да се прави и слеп при очи ако треба, и да го игнорира фактот дека нова зграда на КПД „Идризово“ е веќе изградена и дека проблемот за кој говореше вчера може многу комотно да се надмине без никаква амнестија, туку со добрастратегија (ако воопшто има кој да му ја подготви во тимот!), реорганизација, план, и со малку труд, работа и одговорност. Елементи што се туѓи за работењето на Црпко!

На Црпко не му се важни ниту условите за живот на затворениците, ниту новиот изграден објект на КПД „Идризово“ кој не го пушта во употреба само затоа што е изграден во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е уште еден негов обичен блеф и спин на кој треба да се возат македонските граѓани! Амнестијата на криминалците во овој момент не му требазатоа што навистина многу ги жали затворениците, туку затоа што нему му се потребни како леб во овој предизборен период. И не само сега. Сите амнестирани што сега ќе ги ослободи ќе му бидат ставени на список како должници за сите наредни изборни циклуси. Тоа што ние, обичните граѓани ќе бидеме постојано на штрек кој сė се шета слободен по улици, и дали ние и нашите деца сме безбедни и сигурни по улиците, во локалите, во парковите, тоа Црпко не го интересира. Него го интересираат само моќта и благодетите од голата власт! Како да остане во медот на власта подолго време. Како да може да ги злоупотребува државните ресурси за свои лични потреби што е можно подолго време. Како да може уште повеќе да се богати и да го товари своето клановско магаре.

Овој ноторен факт имаше прилика да го побие вчера ако само малку се завртеше полево од местото на изјаватакаде ќе ја видеше и фотографираше новата зграда на КПД „Идризово“која не ја отвора од политички каприц, затоа што е направена во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.Ако Заев навистина толку се секира за хуманите услови за престој на осудениците во КПД „Идризово“ наместо да предлага амнестија на 1/3 од затворениците треба да предложи пуштање на новата зграда во оптек, и реорганизација во сместувањето на осудениците по затворите во Скопје, но и во другите градови во државата.

Амнестијата е опасна играчка со која Заев си игра како мало дете. Амнестијата не е замислена да функционира како механизам за газење по достоинството на судовите и по правото иправдата изречена од страна на судиите,ниту е замислена да го погазува владеењето на правото. Амнестијата треба да функционира како правен институт со кој ќе може да им се помогне на примерните осуденици во насока на кратење на досудената казна поради добро однесување и поведение, да им се замени изречената казна со поблага, да им се определи бришење на осудата или правната последица од осудата врз основа на одредени факти и сознанија извлечени од доброто однесување на осудениците. Политичката амнестија што беше изнудена во 2001 година, а законски заокружена во 2002 година, не смее да биде репер или пример за сите наредни амнестии во Република Македонија. И тогаш реков, и сега повторувам, амнестијата не смее да биде замена за правото и правдата!

Амнестијата кога е дадена спротивно на точно и прецизно утврдените стандарди и околности, е неправда што сериозно го ништи владеењето на правото!